Промени тема
Контакт

Груби им ја одзеде училишната зграда на гимназијалците од македонска настава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
51527416724_29ef17fba6_c

Со одлука донесена на 20 јули оваа година, а потпишана од првиот вицепремиер Артан Груби, се одзема една зграда од тетовската гимназија во која учат учениците од македонска настава и објектот му се доделува на тетовскиот Катастар, објави СДК. Македонските ученици од тетовската гимназија сега учат во два објекти од старото медицинско училиште, па ако се реализира оваа одлука , односно ако им се одземе едната зграда, тогаш околу 80 ученици ќе останат без можност за натамошно школување во гимназијата, бидејќи ќе нема каде да ја следат наставата. На ваквата одлука остро реагира градоначалникот на Тетово Билал Касами кој вели дека ова е само одмазда на ДУИ, но и на СДСМ за претрпениот пораз на последните избори за Совет на општина Тетово.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

„Надвор од секоја здрава логика, СДСМ и ДУИ продолжуваат со реваншизмот кон Тетово и тетовци. На одмазднички начин, Артан Груби потпишал одлука, со која старата зграда на медицинскиот училиштен центар се дава на трајно користење на Катастарот на Тетово. Како што може да се види, со оваа одлука, овој објект без потреба и без никаква претходна консултација, се дава на користење на Катастарот. Оваа одлука ја оценуваме како самоволна и како одмазда со казнување на образованиот процес и учениците од Тетово, знаејќи дека во овој објект се држи настава. Оваа одлука е злонамерна тенденција на Груби да им наштети на тетовските средношколци и да создава непотребни проблеми директно страдаат учениците, оневозможувајќи да имаат основни услови за образување“, изјави градоначалникот Касами на денешната прес-конференција.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykc78kgk7d2nf7IEzgzw

Адвокатот Пачуку за случајот со Груби: Обвинителството е слабо со докази, тој немал фактичко влијание врз Државна лотарија

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
artan-grubi

На 24 август започнува судењето за Груби и уште седум лица за случајот „Лотарија“

Македонија | пред 1 месец

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

Ахмети до Груби: Ако си ја злоупотребил мојата доверба, одговарај за тоа

Македонија | пред 1 месец

51527416724_29ef17fba6_c

Груби за пола месец може да излезе од куќен притвор, а обвинителот молчи зошто истрагата не е завршена иако тврдеа дека имаат докази

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања