Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

На 24 август започнува судењето за Груби и уште седум лица за случајот „Лотарија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
artan-grubi

Откако од Обвинителството информираа дека е поднесено обвинение за случајот „Лотарија“, во кој меѓу обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби, од Кривичниот суд соопштија дека судењето ќе започне на 24 август во 10 часот.

Основното јавно обвинителство Скопје поднело обвинение против Груби и други лица, на кои им се става на товар кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик.

— реклама —

Предметот преку автоматска распределба е доделен на судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски, а првото рочиште е закажано за 24 август.

— реклама —

Груби веќе шести месец се наоѓа во куќен притвор, а од Кривичниот суд појаснуваат дека мерката, согласно член 470 став 4 од Законот за кривичната постапка, може да трае најмногу 60 дена од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог до завршувањето на главната расправа.

— реклама —

Тоа значи дека притворот може да продолжи најмногу уште 60 дена од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

Ахмети до Груби: Ако си ја злоупотребил мојата доверба, одговарај за тоа

Македонија | пред 2 дена

51527416724_29ef17fba6_c

Груби за пола месец може да излезе од куќен притвор, а обвинителот молчи зошто истрагата не е завршена иако тврдеа дека имаат докази

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryrs75ttki7uc4fTvtE2b

Груби останува во куќен притвор под надзор, продолжена истата мерка по барање на обвинител

Македонија | пред 3 месеци

media-library9vi7qjbeeom64QzkYwP

Петрушевски: СДС беше сојузник на криминалот на Груби, затоа денеска толку силно го бранат

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања