Промени тема
Контакт

Груби останува во куќен притвор под надзор, продолжена истата мерка по барање на обвинител

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryrs75ttki7uc4fTvtE2b

Кривичниот суд донесе одлука за продолжување на мерката куќен притвор за Артан Груби, прифаќајќи го барањето на Обвинителството за негово понатамошно обезбедување.

Од Обвинителството информираат дека побарале продолжување на мерката, која подразбира 24-часовно полициско обезбедување, а судот ја оценил како оправдана.

— реклама —

Груби, кој по повеќе од една година бегство се врати во земјава на 23 февруари, беше приведен на граничниот премин Блаце, по што наместо во истражниот затвор му беше определен куќен притвор поради безбедносни причини.

— реклама —

Тој ја напуштил државата во 2024 година, по што по него била распишана меѓународна потерница, а во меѓувреме бил ставен и на црната листа на Стејт департмент заедно со судијата Енвер Беџети.

— реклама —

Поранешниот вицепремиер се сомничи за кривично дело „проневера во службата“, при што според наводите, заедно со поранешен директор на Државна лотарија, се товарат за злоупотреба на милионски средства поврзани со набавка на ВЛТ апарати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykc78kgk7d2nf7IEzgzw

Адвокатот Пачуку за случајот со Груби: Обвинителството е слабо со докази, тој немал фактичко влијание врз Државна лотарија

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
artan-grubi

На 24 август започнува судењето за Груби и уште седум лица за случајот „Лотарија“

Македонија | пред 1 месец

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

Ахмети до Груби: Ако си ја злоупотребил мојата доверба, одговарај за тоа

Македонија | пред 1 месец

51527416724_29ef17fba6_c

Груби за пола месец може да излезе од куќен притвор, а обвинителот молчи зошто истрагата не е завршена иако тврдеа дека имаат докази

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања