Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

идризово

sdfghjkjgrfd

(Видео) Сите 17 полицајци од „Идризово“ добија мерки: шест што чувале празен кревет одат во притвор, 11 добија забрани

Шест полицајци од затворот „Идризово“ добија притвори, а 11 други нивни колеги добија мерки на претпазливост, откако обвинителката Ивана Трајчева покрена предистрагата и истрага затоа што пуштиле затвореник да избега, дознава „Скопје1“. Судија на претходна постапка смета дека се оправдани сомневањата дека шестте полицајци можат да избегаат се оправдани, а другите 11 не смеат да го извршуваат истото работно место за да не го повторат делото или да влијаат врз доказната постапка. Шефицата на полициското одделение при Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ивана Трајчева, посочува дека има цврсти докази против полицајците од „Идризово“ кои дозволиле осуден за убиство да избега од болницата во која се лекувал. Таа посочува дека снимките од видео надзорот кажуваат сѐ и покажуваат како се одвивало бегството. Посочува дека очекува мерките на претпазливост да и бидат уважени. Осуденото лице е најдено. „Би ја почекала официјално одлуката, но со оглед на тоа што беше презентирано како докази и кажано пред судот, очекувам во целост да ни бидат уважени предлозите односно шест предлози за притвор и 11 предлози за определување на мерки на претпазливост“, рече обвинителката Трајчева.Истражната постапка почнува од денеска.„За лицата за кои се побарани определување на мерки на претпазливост (лица кои го пуштале да излегува и да се враќа во болница) предметот е во фаза на предистрага. Не би сакала да навлегувам во деталите на доказите, со цел да не ја осуетам истрагата и предистрагата, но да кажам дека во овој поглед сме сигурни дека имаме доволно докази за постоење на основано сомневање за делата за кои им ги ставаме на товар. Воедно, обезбедени се и снимки од болницата каде престојувало осуденото лице“, додаде Трајчева.Пет полицајци помогнати од колега овозможиле бегство на лице кое е осудено за убиство. Ова го покажала истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Осудениот бил на лекување во приватна болница, па од болничката соба отишол во пушална. Полицајците заминале од просторијата, а осуденикот со автомобил избегал. За шест полицајци се бара притвор оти можат да избегаат, да кријат траги или влијаат врз сведоци.„Според дејствијата опишани во диспозитивот на Наредбата за спроведување на истражна постапка, на 26.10.2023 година во приватна здравствена установа во Скопје, петмината осомничени – затворски полицајци при КПУ – КПД Идризово Скопје, како група, со умисла помогнати од шестиот осомничен затворски полицаец – приправник, овозможиле бегство на лице осудено за кривично дело „Убиство“ по чл.123 ст.1 од КЗ. Додека осуденото лице било на медицински третман, согласно прописите било обезбедувано од затворската полиција на КПУ-КПД Идризово. Критичниот ден со придружба на двајца осомничени затворски полицајци, лицето се упатило во просторијата за пушење во непосредна близина на болницата. Таму, заедно со придружбата поминало околу половина час, по што осомничените затворски службеници заминале, овозможувајќи му на осуденикот да излезе од просторијата и со ПМВ да се даде во бегство. Осомничените не го пријавиле бегството кај непосредните старешини во КПУ- КПД Идризово, ниту тоа го сториле осомничените од втората смена, туку седеле без осуденото лице во празниот апартман во болницата каде биле затекнати од полициски службеници од ЕИП при МВР-СВР Скопје.“, стои во соопштението на ОЈО-ГОКК.Предистрагата се води за други 11 лица, дека го ослободувале осуденикот од болницата, а тој шетал и се враќал.„Воедно, јавниот обвинител против 11 лица води предистражна постапка заради постоење на основи на сомнение дека, во временскиот период од 19 – 26.10.2023 година, сториле продолжено кривично дело Противзаконито ослободување на лице лишено од слобода по чл.373 в.в. со чл.22 од КЗ. Осомничените во текот на престојот на осуденикот како соизвршители, додека биле на смена, го ослободувале осуденото лице кое им било доверено на чување, кое непречено без придружба ја напуштало здравствената установа и по повеќечасовно отсуство се враќало назад.“, се додава во соопштението.За овие 11 лица, се бара забрана за напуштање на живеалиште, привремено јавување на суд и одземање на патна исправа.

Македонија | пред 1 година

ivana-trajceva

(Видео) Снимки од болницата од каде бил пуштен осудениот за убиство, покажуваат која улога ја имале полицајците

Шефицата на полициското одделение при Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ивана Трајчева, посочува дека има цврсти докази против полицајците од „Идризово“ кои дозволиле осуден за убиство да избега од болницата во која се лекувал. Таа посочува дека снимките од видео надзорот кажуваат сѐ и покажуваат како се одвивало бегството. Посочува дека очекува мерките на претпазливост да и бидат уважени. Осуденото лице е најдено. „Би ја почекала официјално одлуката, но со оглед на тоа што беше презентирано како докази и кажано пред судот, очекувам во целост да ни бидат уважени предлозите односно шест предлози за притвор и 11 предлози за определување на мерки на претпазливост“, рече обвинителката Трајчева.Истражната постапка почнува од денеска.„За лицата за кои се побарани определување на мерки на претпазливост (лица кои го пуштале да излегува и да се враќа во болница) предметот е во фаза на предистрага. Не би сакала да навлегувам во деталите на доказите, со цел да не ја осуетам истрагата и предистрагата, но да кажам дека во овој поглед сме сигурни дека имаме доволно докази за постоење на основано сомневање за делата за кои им ги ставаме на товар. Воедно, обезбедени се и снимки од болницата каде престојувало осуденото лице“, додаде Трајчева.Обвинителката кажа дека осуденикот е најден и однесен на издржување на затворската казна во еден од затворите во Македонија.

Македонија | пред 1 година

12345678

Детали: Полицајци од „Идризово“ ослободиле осуден за убиство - наместо во болница, тој се шетал низ Скопје

Пет полицајци помогнати од колега овозможиле бегство на лице кое е осудено за убиство. Ова го покажала истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Осудениот бил на лекување во приватна болница, па од болничката соба отишол во пушална. Полицајците заминале од просторијата, а осуденикот со автомобил избегал. За шест полицајци се бара притвор оти можат да избегаат, да кријат траги или влијаат врз сведоци.„Според дејствијата опишани во диспозитивот на Наредбата за спроведување на истражна постапка, на 26.10.2023 година во приватна здравствена установа во Скопје, петмината осомничени – затворски полицајци при КПУ – КПД Идризово Скопје, како група, со умисла помогнати од шестиот осомничен затворски полицаец – приправник, овозможиле бегство на лице осудено за кривично дело „Убиство“ по чл.123 ст.1 од КЗ. Додека осуденото лице било на медицински третман, согласно прописите било обезбедувано од затворската полиција на КПУ-КПД Идризово. Критичниот ден со придружба на двајца осомничени затворски полицајци, лицето се упатило во просторијата за пушење во непосредна близина на болницата. Таму, заедно со придружбата поминало околу половина час, по што осомничените затворски службеници заминале, овозможувајќи му на осуденикот да излезе од просторијата и со ПМВ да се даде во бегство. Осомничените не го пријавиле бегството кај непосредните старешини во КПУ- КПД Идризово, ниту тоа го сториле осомничените од втората смена, туку седеле без осуденото лице во празниот апартман во болницата каде биле затекнати од полициски службеници од ЕИП при МВР-СВР Скопје.“, стои во соопштението на ОЈО-ГОКК.Предистрагата се води за други 11 лица, дека го ослободувале осуденикот од болницата, а тој шетал и се враќал.„Воедно, јавниот обвинител против 11 лица води предистражна постапка заради постоење на основи на сомнение дека, во временскиот период од 19 – 26.10.2023 година, сториле продолжено кривично дело Противзаконито ослободување на лице лишено од слобода по чл.373 в.в. со чл.22 од КЗ. Осомничените во текот на престојот на осуденикот како соизвршители, додека биле на смена, го ослободувале осуденото лице кое им било доверено на чување, кое непречено без придружба ја напуштало здравствената установа и по повеќечасовно отсуство се враќало назад.“, се додава во соопштението.За овие 11 лица, се бара забрана за напуштање на живеалиште, привремено јавување на суд и одземање на патна исправа.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-09-14-at-20.56.54

Голема акција во „Идризиво“: Паднаа 17 полицајци, имале шема, овозможиле и бегство на затвореник

Голема акција со уапсени над 15 лица утрово имало во затворот „Идризово“, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, најголемиот дел се сомничат дека реализирале испланирано бегство на затвореник.Акцијата ја води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција односно специјализираното одделение за гонење на лица со полициски овластувања и затворска полиција.Полицајците имале организирана шема за лицето кое сега е во бегство. Дел од полицајците се уапсени и донесени во суд.Детали не се откриваат, од ОЈО-ГОКК најавуваат повеќе информации во соопштение кое ќе го објавеле за кратко време.

Македонија | пред 1 година

zfgnhsrht

„Скопје1“ дознава: Два тунели откриени во Идризово, машина за бетонирање влезе во затворот

Машина за бетонирање е влезена попладнево во затворот „Идризово“, по претресите кои ги извршија специјалците, дознава „Скопје1“. Според наши извори од затворот, ќе се затвораат два стари канализациски тунели, кои не се користат, а за кои постоеле информации дека постои можност да бидат користени за бегства.„Скопје1“ дознава дека групата која ги знаела тунелите кроела план за да ги искористи. Но, затворската управа, во координација со МВР, ги претркала во планот. Веќе попладнево, тие ќе бидат целосно затворени.Утрово, како што објавивме, биле претресувани само одредени делови од затворот, односно долните катови – како што се, затворениот и хашкиот дел. Веќе излегоа информации дека се пронајдени куп недозволени предмети кои биле внесувани.Тунелите во Идризово не се новина. Во март минатата година беше откриена ископана дупка, а во неа имаше и светло, а се укажувало да подготовка за бегство. Од неа беше извадена земја која во нормални услови би се транспортирала со над десет трактори. Неофицијално, го копале лица осудени за тешки дела и високи затворски казни. Одговорност – ни до овој момент немаше.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-09-14-at-20.53.32

Претресите во Идризово поминале без никакви проблеми, тврди МВР

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (11.04.2024) под координација на ОЈО Скопје и по барање на КПУ Идризово, даде асистенција на затворот во вршење на претреси на повеќе простории со цел обезбедување доказен материјал поради сомневања за кривично правни дејствија. Претресите се завршени и сите активности поминаа без никакви проблеми.

Македонија | пред 1 година

2

Откако МВР го чува влезот на затворот „Идризово“, драстично се намалени разбојништвата и бегствата, вели Спасовски

Полицијата останува да помага во затворот Идризово кој се уште е во кризна состојба по неколкуте скандали и бунтови на затворениците. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање денес по посетата на полицискиот центар за обука во близина на затворот, се пофали дека откако полицијата ги чува влезовите, намален е бројот на разбојништва и на бегства од затворот.„Таму работиме заедно според оперативен план направен со службата на ‘Идризово’ и со Армијата во делот на обезбедувањето заради состојбата со намалување на кадарот на полициските службеници во затворот што влијае на оваа ситуација. Целосно под контрола е се она што е под контрола на МВР, односно влезовите, се што влегува е контролирано на високо ниво. Од моментот на кризната состојба, откако постапуваме во ‘Идризово’ драстично се намали бројот на извршување на разбојништва и на кражби и на територијата и на општина Гази Баба, но и на територијата на градот Скопје што укажува на аномалиите кои ние претходно ги утврдувавме, со нелегално излегување на лица од затворот“, рече министерот Спасовски.

Македонија | пред 2 години

343517891_194510556757217_9222383397313158309_n

Жестоко интервју на новиот директор на затворот Идризово: Осуденици спијат во ходници, многу мал број се ресоцијализираат

Затворот „Идризово“ наместо да е место за ресоцијализација, сега е извор на корупција. Што се крие зад железните порти од казнено-поправната установа, со што се соочуваат затворениците, кои им ги пали автомобилите на вработените, зошто се сее страв – во интервју за „Макфакс“ одговора директорот Зоран Јовановски кој е генерал мајор.„Јас не сум задоволен со условите во затворот, а не затворениците“, посочува тој.Тој ја коментира тезата дека затворот е огледало на државата, па оттука, прашањето и каква ни е државата.„За жал во многу мал број од затворениците се ресоцијализираат“, посочува директорот во интервјуто за „Макфакс“.Го отворивме и прашањето какви закани испраќаат затворениците од „Идризово“, што се случувало при претресите, кои сее страв.„Исказите на вработените кај мене што им се запалени возилата, го потврдуваат тоа, дека им се заканувале и дека резултатот од закани е палењето на возилата“, додава тој.Вработените се жалат дека повеќе од деценија немаат ниту униформи.„Жално е, јас тоа го кажувам“, одговори Јовановски запрашан дали е срамота да има ваков проблем во 2023 година.Во затворот „Идризово“ кој е пренатрупан, се спие и по ходници.„Јас кога дојдов имаме голем број на осудени лица кои спијат во ходници“, посочува тој во интервјуто за „Макфакс“.Зошто системот го кочи затворот „Идризово“ да профункционира како казнено-поправна установа – Јовановски одговара во интервјуто кое во целост ќе се емитува утре во 18 часот на „Макфакс“.

Македонија | пред 2 години

tunel-idrizovo-3-e1679428711548-696x464-1

Осум осудени лица осомничени дека учествувале во копањето на тунелот во Идризово, истрагата ќе покаже дали вработени се инволвирани, вели Стојановиќ

В.Д. директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ вели дека во затворот Идризово има дел каде затворениците слободно шетаат и дека таму лесно можеле да ја исфрлат земјата од тунелот што го копале.– Во затворот Идризово има дел каде затворениците се пуштени слободно да шетаат, тоа е на крајот од затворскиот простор каде нема караула на која треба да стои затворски стражар, изјави Стојановиќ за емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.Тој реон, вели Стојановиќ, никој не го надгледува и затворениците лесно можеле да исфрлат 30 кубици земја во ќеси за отпад, која ја копале од тунелот долг 41 метар.Според Стојановиќ, 12 трактори би биле потребни за да се изнесе земјата што е ископана од тунелот.– Минимум 12 трактори би биле потребни. Претпоставувам дека не е направено за еден месец, туку процесот траел подолг период. Таму нема покриеност на затворската полиција, нема затворски полицаец да ги надгледува осудениците. Факт е дека затворот има слаба екипираност, вели Стојановиќ.Очекува дека истрагата ќе даде подетални изгледи за тоа кој бил можел тоа да го прави и дали има инволвираност на вработени од затворот.– До конечно излегување на слобода на тие што го планирале тоа останале уште 32 метри што значи дека не излегле надвор од периметарот на ѕидот. Спрема поставеноста и структурата на тоа што видено на терен евидентно е дека тоа е работено подолго време. МВР излезе со бројка од осум осудени лица што се сомневаат дека учествувале во таа работа. Ние се уште немаме сознанија кој бил дел од тоа и претпоставувам дека ќе имаме тесна координација и со Обвинителството и со органите на прогонот за да најдеме кој и како тоа го има направено, вели Стојановиќ.Додава дека за да се влезе во таков тунел треба време повеќе од два часа, што создава сомнеж дека одредени осудени лица биле подолго време надвор од зградата отколку што им е дозволено со закон.

Македонија | пред 2 години

Screenshot_22-3

(ВИДЕО) Графички приказ на ископаниот тунел во Идризово – еве каде требало да излезат бегалците

Дваесет дена го надгледувале тунелот, но никој од затворениците не дошол да продолжи да копа. Доскорешниот директор на затворот Идризово Шпенд Тахири за Телма вели дека наместо пофалба за поткритието добил политички отказ. Но затоа Тахири не може да потврди дали некој од вработените затворски службеници им помагал на осумтемината затвореници во филмскиот план за бегство.„Дознавме на 15ти февруари дека е ископан тунел. Поставивме контрола и заедно со управата за извршување на санкции приметивме една локација со тазе бетон. Тунелот бил во една просторија каде осудените лица ја користеле за шетање. Постапката е од 01.03 до 17.03, а реализацијата беше на 21.03. Секој ден очекував да ме разрешат, но сепак си продолжував со работа. Тунелот е успех, а разрешувањето е политички реваншизам“, вели Шпенд Тахири поранешен диркетор на КПД „Идризово“Но затоа познавачите со обвинување кон Тахири. Корупцијата цвета, а затворениците ги користат слабостите на системот, тврди поранешниот директор на управата за извршување на санкции.„Се повеќе ќе излегуваат состојбите од контрола затоа што и зголемениот број на осудени лица и се помалку професионален кадар кој си ја знае и чесно си ја работи работата. Од друга страна раководниот кадар е се повеќе политизиран“, вели Виктор Цветковски поранешен директор на Управата за извршување на санкции

Македонија | пред 2 години

idrizovo-begstvo-2-585x439-1

(ФОТО) Ова се просториите каде осудениците во Идризово го копале подземниот тунел

Ова се просториите каде осудениците во Идризово ја спроведувале нивната операција за бегство преку подземен тунел. Бетонот на подот е од неодамна поставен, најверојатно откако осудениците дознале дека се под сомнеж.Поради бетонот затворската управа се посомневала дека таму има нешто.Во овие простории затворениците доаѓале кога биле пуштани на шетање да си ги протегнат нозете. Затворската полиција ретко, или никогаш, не влегувала во овие објекти.Од фотографиите, кои ги објави Алсат ТВ, може да се види и кофата со која била извлекувана земјата, како и кабелот кој им служел да си го осветлат патот под земја. Земјата најверојатно завршувала во контејнетите кои се наоѓале во близина на овој објект, кој порано служел како работилница и како остава за јаглен.

Македонија | пред 2 години

zatvor

По бегството на Мемети, суспендирани уште тројца вработени во КПУ „Идризово“

Директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ информираше дека уште тројца вработени во КПУ „Идризово“ се суспендирани после бегството на затвореникот Беким Мемети.Два ипол часа се проверувал видео надзорот во „Идризово“, вели, Стојановиќ и додава дека новите тројца суспендирани не се одговорни само за бегството, туку и за функционирањето на целата зграда.-Што точно се случило, не би знаел да кажам, но затворот е добро обезбеден со камери, ѕидови, жици и единствен начин да се излезе е со медицинска помош или со поддршка на дел од вработени, изјави Стојановиќ во емисијата „Топ тема“.

Македонија | пред 2 години

324509637_662427272341728_3080096499244927061_n

Како избегал и кој го пуштил затвореникот од Идризово: Познати сите детали

Надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Министерството за внатрешни работи, презеде истражни дејствија против четворица припадници на затворската полиција. Постои основано сомнение дека осомничените - командир на надворешно обезбедување и тројца затворски полицајци вработени во КПУ Затвор „Идризово“ сториле кривично дело „Противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“ од чл. 373 в.в чл. 22 од Кривичниот законик.Осомничените, по претходни насоки на првоосомничениот- командир, како службени лица, со умисла, преземајќи и непреземајќи дејствијата што биле должни да ги преземат му помогнале и му овозможиле на осуденикот Беким Мемети да избега. Притоа ги повредиле сите процедури за спровод на осуденик кој издржува затворска казна за потешко кривично дело до здравствена установа. Па така, откако осуденикот се самоповредил расекувајќи ја левата дланка и бил преврзан во домската амбуланта, не побарале лекарска интервенција од брзата помош, за да се утврди дали повредите може да се санираат на лице место, туку по препорака на осудено лице, работно ангажирано во амбулантата, пристапиле кон дејствија самоиницијативно да го однесат повредениот во Ургентен центар. Иако процедурите налагаат доколку осуденикот треба да се третира во здравствена установа, затворската служба да побара асистенција од Министерството за внатрешни работи и возилото за спровод на осуденикот да биде придружувано од полициска патрола, тие не го сториле тоа што претходно било случај кога истото осудено лице било спроведувано до одредена здравствена установа.Како што е веќе познато, осудениот Беким Мемети откако на ден 12.01.2023 година во ноќните часови се самоповредил, првоосомничениот - дежурен командир наредил кои затворски полицајци треба да го спроведат осуденикот во здравствена установа и кој каде да седи при спроводот. Па така, надвор од правилата, осуденикот бил сместен во средишниот дел на возилото. Второосомничениот дал насока за рутата и возилото се упатило кон Скопје преку автопатот од Петровец кон Скопје. Кога се приближиле до бензинска пумпа на Лукоил, второосомничениот кој седел помеѓу осуденикот и третоосомничениот, започнал да се преместува и свесно му овозможил на осуденикот да го искористи моментот и со лисици на рацете да успее да му го земе службениот пиштол од закопчаната футрола. Третоосомничениот, кој патем бил без оружје, иако сето тоа го следел не презел никакво дејствие за да го спречи осуденикот да го репетира пиштолот и да започне да пука низ возилото барајќи да го сопрат возилото, при што го повредил возачот и возилото застанало, а осуденикот ја отворил вратата, излегол од комбето и се качил во сиво Ауди кое во меѓувреме застанало пред затворското комбе.Предметниот обвинител заради непречено водење на кривичната постапка, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи на тројца осомничени да им биде определена мерка притвор, додека на четвртоосомничениот да му бидат изречени мерки за обезбедување. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените со решение им определи мерка притвор во траење од 8 дена, а на четвртоосомничениот му изрече мерки на претпазливост забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница.Обвинителството продолжува да ги истражува причините и мотивите кои доведоа до овој кривично правен настан.

Македонија | пред 2 години

2

Второ колење во затворот “Идризово” во исти месец, директорот уште директорува

Вчера во затворот Идризово се случил инцидет во кој затвореник е прободен со остар предмет од друг затвореник.Како што соопшти МВР, вчера во 18:00 часот во СВР Скопје од КПУ Идризово било пријавено дека околу 17:45 часот 35-годишен затвореник е прободен со остар предмет од друг затвореник. Повредениот бил пренесен во амбулантата при КПУ Идризово за укажување на лекарска помош, по што е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Од МВР посочуваат дека се работи на расчистување на случајот.И ова не е првпат.И по овие настани, директорот Шпенд Таири остана на функцијата. Овие настани покажаа дека во установата се уште има недозволени предмети меѓу затворениците.

Македонија | пред 3 години

2

Хорор во затворот „Идризово“: Заклан американски државанин

Американски државјанин со потекло од Струга бил заклан во затворот „Идризово“ во Скопје, дознава „Скопје1.мк“. Станува збор за 36-годишно лице кое издржувало казна поради пресуда за недозволена трговија со дрога. Тој, бил прободен од друг затворени, а во болница завршил со две рани. За случајот потврда има и од МВР, каде е пријавен случајот. Затвореникот се бори за живот во комплексот клиники во Скопје.Прободениот затвореник имал нарушени односи со друг затвореник. Сместен е во старата зграда на затворот. Во неколку наврати упатувал барања кон директорот Шпенд Таири за преместување во други простории, но неговите барања биле игнорирани. Прободениот алармирал дека ако не биде префрлен во друго одделение може да дојде до ваква ситуација, како и дека животот му е згрозен. Директорот Таири, исто така не реагирал.Овој грозоморен чин доаѓа откако во затворот „Идризово“ беше направен претрес и беа одземени ножеви и други недозволени предмети. Поради ваква причина беше разрешен и директорот Реџеп Реџепи. Ако се следи тој пример, а откако може да се утврди дека во затворот повторно има недозволени предмети но и прободен затвореник, може да се очекува и барање за разрешување и на новиот директор Шпенд Таири.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања