ИЛОН МАСК

ram1tftsefii75w5ehek

Илон Маск ги потврди гласините, Твитер ќе наплаќа

Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, ги потврди веќе актуелните гласини во вторникот, објавувајќи дека од проверените сметки ќе се наплаќаат по 8 долари месечно за да се задржат сините ознаки за верификација кои ја покажуваат нивната автентичност.„Сегашниот систем на господари и селани на Твитер за тоа кој има или нема сина ознака е срање.“, напиша Маск на Твитер.https://twitter.com/elonmusk/status/1587498907336118274?s=20&t=AQ8RnIq37WzlC1lyoxbALg„Моќ за луѓето! Синo за 8 долари месечно“, додавајќи дека цената ќе се приспособи по земја, според куповната моќ.Маск наведе и неколку други карактеристики што ќе ги добијат претплатниците на услугата Blue, вклучително и „приоритет во одговорите, спомнувањата и пребарувањата“, што според него е „суштинско за да се победи спам/измама“.Претплатниците, исто така, ќе добијат можност да прикачуваат „видео и аудио клипови со долги форми“, да гледаат само половина повеќе реклами од претходно и да добијат можност да ги заобиколат ѕидовите за плаќање со „издавачите кои се подготвени да работат со нас“.Тој додаде дека ова „ќе му даде на Twitter прилив на приходи за да ги награди креаторите на содржина“, пренесува Sputnik.

Магазин | пред 3 години

ilon-mask

Маск стана сопственик на Твитер, па направи „чистка“

Американскиот милијардер Илон Маск и официјално стана сопственик на социјалната мрежа Твитер, по неколкумесечни преговори со акционерите.Откако ја презеде компанијата, Маск отпушти неколку менаџери во компанијата и најави дополнителни отпуштања, пренесува Ројтерс.Меѓу отпуштените се извршниот директор на Твитер Параг Агравал, финансискиот директор Нед Сегал и шефот за правни прашања и политика Виџај Гаде.Маск претходно го обвини претходното раководство дека ги довело во заблуда него и инвеститорите за бројот на лажни сметки на платформата.Откако го презеде Твитер, Маск објави дека сака да ги „победи“ спам-ботовите и јавно да ги стави на располагање алгоритмите кои одредуваат како содржината им се презентира на корисниците и спречуваат платформата да стане место на омраза и поделби.Маск се уште нема дадено детали како ќе го постигне сето ова и кој ќе ја води компанијата.Twitter ја прифати понудата на Маск од 44 милијарди долари во април, но во меѓувреме имаше несогласувања и меѓусебни обвинувања меѓу компанијата и Маск.

Магазин | пред 3 години

Mask1

Маск негира дека разговарал со Путин

Американскиот милијардер Илон Маск ги негираше тврдењата на основачот на Групацијата Евроазија, Иан Бремер, дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин.Во објава на Твитер, Маск напиша дека со Путин разговарал само еднаш, пред околу 18 месеци.„Темата беше вселената“, напиша Маск.Бремер тврди дека Маск му кажал дека разговарал со Путин пред две недели, според копија од мејлот до кој имал пристап Форбс. „Путин му кажа на Маск дека Украина мора да прифати неколку услови, вклучително и признавање на Крим и сепаратистичките Народни републики Доњецк и Луганск“, рече Бремер.Тие услови се сосема слични на она што Маск го предложи во објава на Твитер минатата недела, пишува Форбс.Во соопштението минатата недела, Маск ја повика Украина да остане неутрална и формално да и го отстапи Крим на Русија и предложи одржување референдум под надзор на Обединетите нации за тоа дали окупираните украински територии треба да се приклучат на Русија.https://twitter.com/ianbremmer/status/1579941475613229056?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1579941475613229056%7Ctwgr%5E384c932636c611fe26abaa01c0dea7c7f4737507%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Finfo%2Fvesti%2Findex.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D10dd%3D12nav_category%3D78nav_id%3D2226569

Магазин | пред 3 години

Elon-Musk-loses-worlds-second-richest-ranking

Илон Маск го пронајде виновникот што неговата ќерка се откажа од него: „Целосен комунизам“

Илон Маск за својот отуѓен однос со ќерката го обвини „целосниот комунизам“ во училиштата и колеџите.Говорејќи за Financial Times како дел од серијалот Lunch with the FT, извршниот директор на Tesla и Space X разговараше за политиката и ги опиша неговите политички ставови како умерени, а потоа рече дека ги обвинува левичарските елитни училишта и универзитетите во Америка за својот затегнат однос со неговата ќерка.„Тоа е вистински комунизам...и општото чувство е дека ако си богат, тогаш си злобен. Врската може да се промени, но јас имам многу добар однос со сите мои други деца“, рече Маск и заклучи дека „ тој не може да ги победи сите“.Во април, 18-годишната ќерка на Маск, Вивијан, поднесе барање за промена на името во Лос Анџелес, а исто така побара промена на полот во изводот на родените. Причината поради која неговата ќерка побарала промена на името е тоа што не сакала „на било кој начин, во каква било форма да биде поврзана со биолошкиот татко“.

Магазин | пред 3 години

elon-mask

Твитер се подготвува да го повика Илон Маск да сведочи за договорот за преземање на компанијата

Твитер се подготвува да го повика Илон Маск да сведочи на 26 и 27 септември за договорот за преземање на компанијата вреден 44 милијарди долари, се вели во судската пријава за случајот.Веста за изјавата на Маск доаѓа откако ко-основачот на Твитер и поранешен извршен директор Џек Дорси одговараше на прашањата на адвокатите на компанијата и правниот тим на Маск во вторникот, пишува CNN.Претходно овој месец, судијата пресуди дека милијардерот може да ги надополни тврдењата на случајот врз основа на откритијата на Затков, поранешен шеф на безбедноста на Твитер, кој ја обвинува компанијата за сериозни безбедносни пропусти што ги ставаат во опасност нејзините клиенти.Твитер соопшти дека тврдењата на Маск се „фактички неточни, законски недоволни и комерцијално ирелевантни“.Судијата го одби барањето на Илон Маск да се одложи судењето против Твитер по откривањето на свиркачите, а адвокатите на Маск го прошируваат случајот против Твитер.За потсетување, Маск се обиде да го раскине купопродажниот договор, тврдејќи дека Твитер го довел во заблуда за големината на корисничката база, како и за бројот на ботови и спам сметки.Твитер ги отфрли ваквите обвинувања на Маск и го тужеше пред судот во Делавер.Маск потоа поднесе контра тужба.Двете страни ќе започнат петдневно судење на 17 октомври, а потоа судијата ќе одлучи дали Маск мора или не да ја купи компанијата.

Магазин | пред 3 години

elon-mask

Акционерите го одобрија Маск да го купи Твитер за 44 милијарди долари

Акционерите на Твитер одобрија договор за продажба на компанијата на бизнисменот Илон Маск, вреден 44 милијарди долари.Како што пренесува Би-Би-Си, одлуката е донесена за време на кратка видео конференција со инвеститорите во седиштето на компанијата во Сан Франциско.Овој потег значи дека Твитер сега ќе се обиде да го принуди Маск да ја купи компанијата преку суд.Имено, Маск се обидел да го раскине купопродажниот договор, наведувајќи дека Twitter го довел во заблуда за големината на корисничката база, како и за бројот на ботови и спам сметки.Твитер ги отфрли ваквите обвинувања на Маск и го тужеше пред судот во Делавер. Маск потоа поднесе контра тужба.Компанијата тврди дека Маск нема право да го раскине договорот.Двете страни треба да се сретнат на суд во Делавер во октомври, а потоа судијата ќе одлучи дали Маск мора да ја купи компанијата или не, додава британскиот јавен сервис.

Магазин | пред 3 години

ilon-mask

(ФОТО) Илон Маск со четворицата синови го посети папата - Ватикан без коментар

Милијардерот Илон Маск, косопственик на американскиот производител на електрични автомобили Тесла, објави фотографија со папата Франциско, на која се и неговите четири сина. Маск напиша дека му е чест што се сретнал со папата.Ватикан не го објави настанот.Извршниот директор на Tesla и SpaceX не бил на официјалната листа на посетители, па можеби се сретнал со поглаварот на Католичката црква во „поприватен“ аранжман. Според италијанските медиуми, тие разговарале за технологијата и како таа би можела да им помогне на луѓето во иднина.Средбата се одржа во домот на св. Марте каде живее папата.https://twitter.com/elonmusk/status/1543050489050402816?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1543050489050402816%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fzivot%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D07dd%3D03nav_id%3D2179712

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања