ИНДИЈА

873x400-1-16

Индиски рафинерии го избегнуваат увозот на руска нафта

Индиските рафинерии избегнуваат купување руска нафта за месец април, а се очекува дека ќе го прекинат увозот на руска нафта и на подолг рок.Неименувани извори од индиските рафинерии изјавиле дека ова би можело да ѝ помогне на Индија да заклучи трговски договор со Вашингтон.САД и Индија во петокот се приближија кон постигнување трговски договор кој би можел да биде потпишан до март, со цел да се намалат американските царини и да се продлабочи економската соработка.„Компаниите Indian Oil, Bharat Petroleum и Reliance Industries не прифаќаат понуди од трговци за товарење руска нафта во март и април“, изјавил неименуван трговец со нафта кој контактирал со рафинериите.

Свет | пред 4 дена

media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

САД и Индија постигнаа договор: Што му вети Моди на Трамп

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска соопшти дека разговарал со индискиот премиер Нарендра Моди, наведувајќи дека е постигнат трговски договор меѓу двете земји.Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, исто така соопшти дека Индија се согласила да престане со купување руска нафта.„Од пријателство и почит кон премиерот Моди и, по негово барање, со моментално дејство, се договоривме за трговски договор меѓу Соединетите Американски Држави и Индија, со кој САД ќе наплатуваат намалена реципрочна царина, намалувајќи ја од 25 на 18 отсто“, наведе Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.Американскиот претседател напиша и дека една од темите на разговорот била војната во Украина и дека, во тој контекст, Моди се согласил Индија да престане со купување руска нафта и да го зголеми увозот на енергенси од Соединетите Американски Држави, а потенцијално и од Венецуела, што, според неговите зборови, би можело да придонесе за завршување на војната во Украина.Според наводите на Трамп, Индија се обврзала да ги намали своите царини и нецарински бариери кон американските производи на нула, како и значително да го зголеми купувањето на американска стока во рамки на политиката „Купувај американско“.Трамп додаде дека станува збор за купување американски енергетски, технолошки, земјоделски и други производи во вредност поголема од 500 милијарди долари.Тој оцени дека односите меѓу САД и Индија во наредниот период дополнително ќе бидат зајакнати, истакнувајќи дека тој и премиерот Моди „постигнуваат резултати“.

Свет | пред 1 седмица

nafta

Индија ќе купува нафта од Венецуела, Трамп вели: Договорот е веќе постигнат

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Индија ќе купува нафта од Венецуела наместо од Иран, наведувајќи дека веќе е постигнат „концепт на договор“.Ројтерс претходно објави дека САД соопштиле дека Индија наскоро би можела да продолжи со купување венецуеланска нафта за да се намали зависноста од руската нафта, повикувајќи се на извори запознаени со прашањето.Индија порано беше главен купувач на руска нафта по воведувањето на западните санкции по руската инвазија на Украина во 2022 година, додека увозот на иранска нафта беше ограничен поради американските санкции.Трамп во август минатата година ја удвои царината за индискиот увоз на 50 отсто за да го притисне Њу Делхи да престане со купување руска нафта.Порано овој месец предупреди дека царината повторно би можела да се зголеми доколку Индија не ги ограничи своите купувања.Меѓутоа, министерот за финансии на САД, Скот Бесент, во јануари сигнализираше дека дополнителната царина од 25 отсто би можела да се укине поради намалувањето на индискиот увоз на руска нафта.Американската администрација во март 2025 година воведе царина од 25 отсто за земјите кои купуваат венецуелска нафта, а минатата година се Трамп закани дека истата мерка ќе ја воведе и за Индија.Меѓутоа, САД оваа недела ги ублажија некои санкции за венецуелската нафтена индустрија за да им олеснат на американските компании продажба на сурова нафта.Трамп исто така изјави дека Кина би можела да постигне договор со САД за купување венецуелска нафта, нагласувајќи дека таков договор би бил „голем“, но не даде детали.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryacthjulptk889aks5eo

Индија и ЕУ постигнаа историски трговски договор

Индија и Европската унија ја завршија долгоочекуваната трговска согласност која ќе биде официјално објавена утре, изјави индискиот министер за трговија Рајеш Агравал. Договорот е оценет како историски, додека двете страни се соочуваат со влошени односи со Соединетите Американски Држави.Согласието отвора пат за слободна размена на стоки помеѓу блокот од 27 европски земји и Индија, кои заедно сочинуваат четвртина од светскиот БДП и пазар со два милијарди потрошувачи. „Станува збор за урамнотежен, иднина ориентиран договор за подобра економска интеграција со ЕУ. Овој договор ќе ја забрза трговијата и инвестициите помеѓу двете страни“, истакна Агравал.Вкупната трговија меѓу Индија и ЕУ во фискалната година заклучена во март 2025 година изнесувала 136,5 милијарди американски долари.Договорот ќе биде официјално потпишан по правна проверка која се очекува да трае меѓу пет и шест месеци, додаде индиски официјален претставник, кој најави дека се очекува имплементацијата да се реализира во рок од една година.Овој договор следи по низа други трговски спогодби на ЕУ, меѓу кои клучниот пакт со јужноамериканскиот блок МеркоСур и договорите со Индонезија, Мексико и Швајцарија од минатата година. Во исто време, Индија финализираше спогодби со Велика Британија, Нов Зеланд и Оман.По речиси две децении преговори со повеќекратни прекини, Индја со овој договор го отвора своето огромно, третото по големина светско пазарно место за слободна трговија со ЕУ, нејзиниот најголем трговски партнер.Преговорите беа забрзани минатата година по согласност на индискиот премиер Нарендра Моди и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, а нивниот темпо се засили по воведувањето на американски тарифи против некои трговски партнери, вклучувајќи и 50-процентни тарифи за увоз од Индија.Клучни точки во преговорите беа автомобилите и челикот, при што ЕУ бараше значително намалување на царините за увоз на автомобили од Индија, додека Индија, голем производител на челик, побара олеснување на ограничувањата за извозот на челик кон ЕУ. Според последните извештаи, Индија ќе ги намали царините за увоз на европски автомобили на 40 проценти, додека дел од земјоделските производи остануваат исклучени за да се заштитат милиони локални земјоделци.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryr6vr41ntaeb22LJlcwK

Индија турка нова идеја во БРИКС – заедничка дигитална валута

Централната банка на Индија (RBI) предложи земјите-членки на БРИКС да ги поврзат своите дигитални валути со цел да се олеснат прекуграничната трговија и плаќањата во туризмот, што би можело да доведе до намалување на зависноста од американскиот долар.Според информации од два извори запознаени со процесот, RBI ѝ препорачала на индиската влада оваа иницијатива да биде вклучена на дневниот ред на самитот на БРИКС во 2026 година, чиј домаќин ќе биде Индија. Доколку предлогот биде прифатен, тоа би претставувало прва формална иницијатива за меѓусебно поврзување на дигиталните валути на земјите од овој блок.Идејата се надоврзува на декларацијата усвоена на самитот на БРИКС во Рио де Жанеиро во 2025 година, во која беше нагласена потребата платните системи на земјите-членки да се поврзат за да се направат прекуграничните плаќања побрзи и поефикасни.Централната банка на Индија и претходно покажуваше интерес за поврзување на индиската дигитална рупија со дигиталните валути на други држави, но постојано истакнуваше дека тие напори не се насочени кон дедоларизација. Сепак, новиот предлог отвора можност за поширока соработка во рамки на БРИКС.Дигиталната рупија, која беше воведена во декември 2022 година, досега има околу седум милиони корисници, додека Кина паралелно работи на проширување на меѓународната употреба на дигиталниот јуан. Изворите наведуваат дека за успехот на иницијативата ќе бидат клучни заеднички технолошки стандарди, јасни правила за управување и механизми за решавање на трговските нерамнотежи, вклучително и можноста за користење билатерални девизни своп-договори меѓу централните банки.Групата БРИКС ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, а во поново време ѝ се приклучија и Обединетите Арапски Емирати, Иран и Индонезија. Иницијативата потенцијално би можела да предизвика незадоволство кај САД, кои и претходно предупредуваа на обидите за заобиколување на доларот. Американскиот претседател Доналд Трамп во минатото го опиша БРИКС како „антиамерикански сојуз“ и се закани со воведување царини за неговите членки.

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања