Антикорупциска на некоја од наредните седници ќе испита дали има судир на интереси кај Томовски
Антикорупциската комисија на некоја од следните седници ќе донесе одлука за евентуален судир на интереси кај директорот на СОЗР – Ивица Томовски. Опозициската СДСМ обвинуваше дека 160 тендери добила фирма блиска на наводно блиско лице на директорот на владината служба, најави претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ.Денеска и од СДСМ реагираа дека како што велат 92 дена откако го иницирале предметот за Томовски но и другите поврзани со различни тендери ДКСК се уште не се изјаснила а велат молчат и другите институции пред кои тие поднеле и доставиле докази за коруптивните скандали и судир на интереси .Предметот кој го отвори антикорупциска по иницијатива на СДСМ а во врска со директорот на СОЗР Ивица Томовски треба да покаже дали имало судир на интереси но и дали има или не поврзаност со компанијата Сити аутсорсинг . Томовски пак уште тогаш најави тужба против СДСМ поради јавно изнесување пред јавноста на неговиот телефонски број од партиската говорница .
Македонија | пред 6 часа