ИЗБРИ25

media-libraryimsorg661hgi4c9Pwof

Андоновски во Претрес: Во Куманово води Максим Димитриевски, во Кочани е тешка состојбата

Стефан Андоновски во вечерашнава емисија „Претрес“ соопшти дека кандидатот за градоначалник на ЗНАМ, во Куманово, Максим Димитриевски, води пред неговиот противкандидат.Во однос на Кочани изјави дека ситуацијата е многу тешка, се уште ништо не се знае, пред се заради големата трагедија која се случи во „Пулс“.-Имав чувство дека таму нема атмосфера за избори, но ете во Кочани има дури пет кандидати. Тоа е општина на која и треба развој, сакаат оптината да почне да се движи во една позитивна насока. Му треба напредок на овој град, единствен начин на кој може да им се оддаде почит на младите луѓе кои загинаа во големата трагедија е да се вложува максимално во равој на општината, рече Андоновски.Сепак, како што рече, независниот кандидат во Кочани, д-р. Владко Грозданов, кој е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, според последните информации од петокот, е убеден дека тој ќе извојува победа уште во првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања