Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

јоци

Nikola-Gruevski-so-lav-VMRO

Тоа што народот пак си го бара Груевски назад е безизлезната состојба на хаос и грабеж во која СДСМ 7 години ја турка Македонија, вели Јоци

Тоа што народот пак си го бара Никола Груевски назад, кој веројатно наскоро ќе биде аболиран, е безизлезната и безнадежна состојба на хаос и грабеж, во која СДСМ, 7 години ја турка Македонија, вели во својата објава на Фејсбук Јорданка Ивановска Јоци.„Газење на достоинството и национални трауми од кои никогаш нема да оздрави земјава. Економски и енергетски колапс, корупција и општонароден грабеж, речиси идентични како претходно.Токму затоа го бараат. По теркот на онаа мисла на Љубчо – крадевме, ама имаше за народот“, додава Јоци.

Коментари | пред 2 години

Нема фотографија

„Кога Арсовска ќе сфати дека е листопадна? Не станува збор дали ќе издржи заради инает, туку што ќе направи за Скопје“, вели Јоци

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вели дека нема да се откаже од нејзината функција и дека ќе издржи поради принципите во кои лично верува.На ова реагираше Јорданка Ивановска Јоци.„Не знам Данела Арсовска кога ќе сфати дека е листопадна, како и претходниците пред неа кои сега садат ружи по дома и сфатија дека моќта е лизгава ствар.Не станува збор дали ќе издржи заради нечиј инает, туку што ќе направи за Скопје додека е на чело на метрополата за некој да ја памети.Насловот укажува на его, а не на љубов“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

joci-111

Јоци: Спасовски ќе правел анализи за Џамбаски, подобро би било да си ги пакува куферите

За најавите за забрана за влез во Република Македонија за одредени бугарски граѓани и како државата би се справила со тоа, Спасовски, вели дека опциите зависат од анализите што се прават.„Клучно за нас ќе биде дали имат намера, било какви структури кои сакаат да се организираат, да предизвикуваат проблеми, да изразуваат непочит спрема државата, граѓаните и врз основа на тоа ќе се носат одлуките. Сите опции се отворени, а постојат и законски основи кои укажуваат дека за секој еден кој сака да го наруши достоинството, безбедноста, јавниот ред и мир треба да се преиспита начинот за тоа. Опциите ќе зависат во основа од анализите кои ги правиме во штабот, на основа на собрани податоци и информации и на крајот одлуката треба да биде во функција на мирно, достоинствено чествување со кое ќе покажеме дека знаеме да ја сочуваме стабилноста. Меѓутоа во едно треба да бидат сигурни граѓаните, а тоа е дека никако нема да дозволиме навреди и организација на понижување на македонската држава и народ“, вели Спасовски.Јорданка Ивановска Јоци преку социјалните мрежи му порача на министерот дека подобро е да ги пакува полека куферите и да се симне на земјината топка.„Оливер Спасовски ќе правел АНАЛИЗИ за Ангел Џамбаски Подобро би било да си ги пакува полека куферите и да се симне на земјината топка од Уран каде живееше 6 години. Освен ако не мисли последен да дознае дека прикаската на СДСМ заврши.Прашан можно ли е некому да не му биде дозволено да ја помине македонската границата и конкретно како ќе биде постапено доколку в сабота во земјава пристигне европратеникот Ангел Џамбаски, Спасовски повтори дека секоја одлука ќе биде согласно анализите.– Реков дека анализи ќе се прават и врз основа на тие анализи ќе ги носиме одлуките во секој поглед. Меѓутоа едно треба да бидат сигурни граѓаните дека никако нема да дозволиме навреди и организација на понижување на македонската држава и македонскиот народ, порача Спасовски“, стои во објавата на Јоци.

Коментари | пред 2 години

323942124_543469591063340_3033146965385703760_n

„Арсовска си прави увиди на сите три улици и се слика, а кога и е досадно се кара со цело Скопје“, вели Јоци

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска вчера направи увид во градежните работи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кој е во фаза на целосна реконструкција на надземната и подземната инфраструктура, по што Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи објави статус. Таа вели дека кога на градоначалничката и е досадно се кара со цело Скопје, а кога не знае со кој да пие кафе менува директори.„Данела Арсовска била задоволна од сите три улици кои ги прави веќе 7-8 месеци. И толку. Си прави увиди на три улици и се слика. Кога и` е досадно - се кара со цело Скопје, влада ќе прати инспекции на приватни превозници и она е среќна.Како во 6 одд.Кога не знае со кој да пие кафе, менува директори, досега над 20.Импулсивна и суетна. Немала власт досега, затоа.Нови сали, паркови, зеленило, нови улици, базени, Универзална, игралишта со реквизити, средни школи, мостови, средување на сообраќај и нов план за јавен превоз - њама.Тунелот кај Ј.булевар ќе бил готов, но не може да се отвори додека Данела не ги изгради крстосниците на влез и излез. Пошто нема да ги изгради, тој дел од центарот ќе остане во хаос.За шо праиме муабет не знам...втора година тера, се сликала на втора лента од улица од 500 м.“, стои во обајвата.

Коментари | пред 2 години

275715101_420339626528230_744779867548015241_n

„Идејата за нова влада составена од СДСМ, ВМРО и сите албански партии, без ДУИ, е сосема во ред, оти оваа е неспособна до коска“, вели Јоци

Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека сегашната влада е неспособна до коска, а идејата за нова влада составена од СДСМ, ВМРО и сите албански партии, без ДУИ, е сосема во ред.„Не знам кој ја смислил идејата за нова влада составена од СДСМ, ВМРО и сите албански партии, без ДУИ, но мене ми е сосема во ред.До нови избори кои се насушни.Бидејќи оваа сегашна влада, октроирана, е неспособна до коска. Стоиме во место и од ден на ден е сé полошо. Исток не нé запишува, запад нé отпишува. Секој ден е преполн со бегства, црни хроники, колапси на секој чекор, рекетарски шеми и текстови по медиуми и социјални мрежи...Цути само коцката и брзите кредити.Јас не знам дури ни кои министри вршат функции, денеска за првпат ја видов жената која била министерка за труд и социјала.Катастрофа!Толку е тивко, а толку гласно се слуша падот кој е неминовен“, вели Јоци.

Коментари | пред 2 години

zaev-gruevski

Оваа влада треба да падне и да се почне со нови луѓе кои немаат врски ни со Груевски, ниту со Заев, порача Јоци

„Последен пат кога на некоја влада и` дојдоа странци беше онаа на Груевски, по што имаше техничка влада, СЈО, вмровци паднаа како круши по 11 години и знаеме како требаше да заврши прикаската“, пишува Јорданка Ивановска-Јоци.Таа додава:„Туку, потоа на Оливер му избега истиот Груевски, а сега 8 месеци молчи за пријавата во која е наведена другарка му на Никола викана Данела. Во пријавата е нејзиното име за закани по живот и запалено возило. Но, нема епилог речиси година дена. И оп, од небо падна прашање до Данела во 360 степени. Случајно? Не би рекла. Пресмешно е како истиот Оливер се јави јавно прв кога чу дека дошле Американците - ќе сузбивал човекот корупции заедно со нив. Ахм, да. Важи. Оваа влада треба да падне и да се почне со нови луѓе кои немаат врски ни со Груевски, ниту со Заев“.

Коментари | пред 2 години

danela119iu4

„Чим Арсовска рекла ќе има вода, треба да полниме бурињата“, аларм за Скопје

Јорданка Ивановска Јоци ја искоментира изјавата на Арсовска во која вели дека Скопје нема да остане без вода.„Чим #Арсовска вака рекла - треба да полниме бурињата и да се подготвиме за тешка зима.Сè досега што изјави, излезе обратно. Рече бесплатен превоз и нови бусови- нема ништо од тоа. Тапа џонсон!Вети светло на улиците, црн мрак е паднат.Луна паркови и Универзална закопани се за навек у правливи фиоки, не ги ни споменува.Едноставно, ни се случува елементарна непогода од епски размери.И, не! Не и` текнува да си оди сама!Можеби треба некој да ја потсети колку е часот...Ја ако кажам, ќе ми се лути“, вели Јоци.

Коментари | пред 3 години

ina-mnogufina

(ФОТО) Јоци откри која е Ина Многуфина: Често е гледана во „Мериот", но јавно не се слика со Мијалкови

Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи објави статус во кој тврди дека открива кој се крие зад профилот на Ина Многуфина.„#ИНА #МНОГУ #ФИНА ИЛИ „Аѓентот од Али експрес“ на бате Саше на сите астали во цело Скопје“, се вели во објавата.Нејзината објава во целост на линкот:Дисклејмер: Рубриката „коментари“ е сочинета од ставови, за кои „Скопје1“ не презема никаква одговорност, ниту го одразуваат мислењето на редакцијата.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-08-30-at-21.10.34

Јоци за Данела: Дај, бе, нек се исели на Аљаска женава, дајте и нек си игра во игло - не се трпи више!

Јорданка Ивановска Јоци ја искритикува Данела, вели дека откако се случи катаклизма, таа решила да свика кризен штаб.„Со денови најавуваат дождови.А, елементарнава непогода, ДанИела, дури вечерва свикала Кризен штаб!Откако се случи катаклизма!Дај, бе, нек се исели на Аљаска женава, дајте и нек си игра во игло - не се трпи више“, вели Јоци.

Коментари | пред 3 години

joci-vilma-danela

„Новинарите нека се бават со Данела, а ти да ги спикаше во затвор оние срањца, сега друга песна ќе пеевме“, и порача Јоци на Вилма

Политикологот Јорданка Ивановска-Јоци, која е и поранешен новинар, изјавата на Вилма Русковска ја оцени како глупост. Таа посочи дека новинарите треба да се занимаваат со Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје.Нејзиниот статус во целост:„Вилма рекла новинари да истражувале како дошло до нејзина суспензија⁉️ Не можам више да читам вакви глупости! Еве, ја ќе ти кажам, а она новинарине нек почнат да се бават со Данела и со нејзината екипа (екипа која мисли е безбедна, а имаат луѓе кои одвнатре си ја бушат). Да ги спикаше во затвор на време оние срањца ко што е ред, да скапат у апс место да растураат пари на дестабилизација на земјава, а не да пиете и да праите чамче муабети без да ги искористиш и да си ја завршиш домашната до крај - сега друга песна ќе се пееше.Ја не велам ништо зашто си седела, него не си ги искористила, Вилма, за повисок државен интерес тие средби! Затоа Љиља сега ќе те мења и ќе ,,пое" друга песна. Она со други праела муабет...со правите манги на кои им дојдовте докурца! И више Љиља знае што и` е задача, а и еден друг...“.

Коментари | пред 3 години

stevco-jakimovski

„Мисли на баба му е општинава, сериозно влегол во филм“, Јоци ја искоментира изјавата на Јакимовски

По изјавата на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, во која вели дека нема да ги почитува одлуките на Советот на Карпош, се огласи новинарката Јорданка Ивановска Јоци. Таа вели дека Јакимовски сериозно влегол во филм.„Откако Советот му изгласа „Стоп за 28 катница на Партизанска" и му ги измешаа сметките, Стевчо Јакимовски изјавил нема да почитува одлуки на Советот на Карпош⁉️Изгледа мисли на баба му е општинава.Овој сериозно влегол во филм.Али, тоа е добро, пошто со секој нов ден покажува дека не е лицето кое го мислевме кога го гласавме - си води батево лични војни по телевизии со Мицко и ништо не е пипнато во Карпош, освен што си коси тревичка.Само што легна у фотелја, почна да малтретира со гасење на улично светло, за кое имено му плаќаме, а он со тие пари си покрива буџетски дупки. И продолжува да малтретира!На добар пат е народ да му се собира пред општина“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-08-02-at-10.33.38

Јоци ја „расшљака“ Тамара: Кукличке, да сакаше Тоше да му се пеат песни на партиски собиранки, сам ќе ги пееше

Тамара Тодевска, вчеравечер во Крушево на владината приватна манифестација ја пееше „Тајно моја“ од Тоше Проески. За прославата, Јорданка Ивановска-Јоци во својство на политиколог вели дека е настан каде каде власта се опкружи со многу полиција и партиски бодигарди.За неа, пеењето на „Тајно моја“ од страна на Тамара е најбесрамно.„Кукличке, да сакаше Тоше да му се пеат песни на партиски собиранки, сам ќе ги пееше! Но, тој никогаш не го направи тоа, затоа што сметаше дека ,,тоа се проколнати пари". Да не зборувам како никогаш не би ја поддржал оваа влада која потпиша договор со Бугарија, на наша штета и уште еднаш стрелаше и ги уби нашите претци кои загинаа за слобода.Мршупичкуматер! П.С: И, те молам поштедете ме овојпат од плачки, патетики и јавување на некои твои другарки, да мољакаат за тебе“, вели Јоци.

Коментари | пред 3 години

fasdfasdfasdfasdf

Нова катастрофа, сега на кеј: Нашљакала, невестава, асфалт на травертиинот и гранитните коцки на патеката, поставени пред 60 години, вели Јоц

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го уништува и мајор коритото на Вардар во Влае. Ова е ставот на Јорданка Ивановска-Јоци, која ги анализира состојбите во градот.Јоци посочуа: „Чумата се вратила во градот, може да заклучиме“.Таа во продолжение пишува:Нашљакала, невестава, асфалт на травертинот и гранитните коцки на патеката, поставени пред 60 години. Камењата се носеа од рудник од Матка, а ,,базалтната" коцка исто од рудник од околината.И сега патекава изгледа како да несреќава белосветска пљукнала мастика на кејов и агресивно ја залепила со нога.П.С: Ај, сега Арсовска, оди земи и нарачај нова лага за мене, кај вошкине на Стефчо - нек те бранат од мене.Него, за разлика од тебе, јас го сакам градов. Ти немаш капацитет тоа да го сфатиш.Нема компромис со мене кога некој вака го уништува ко ти. Напишав милион текстови досега за несреќи ко ти, ќе напишам уште десет милиони страници и по тебе. Благодарност до сите кои ми пратија фотографии: Иван Коцев и Наташа Арсовска.И до другарка ми...

Коментари | пред 3 години

fdfgadfgadsga

Јоци добила порака од Маричиќ: Татко му на 'бифтекон' ми пиша дека сум била платена, а дека тој се бањал

Политикологот Јорданка Ивановска-Јоци напиша на социјалните мрежи дека такото на Бојан Маричиќ ѝ пишал во инбокс на „Фејсбук“. Таа обзнани дел од комуникацијата, со образложение дека јавниот интерес е поголем. Го искоментира и тоа што го добила.Ивановска-Јоци додава:„Татко му на ,,бифтекон" Марициќ, извесен Момир Марициќ, ми пиша дека сум ,,платена", а дека тој се бањал⁉️ (веројатно алудираше дека јас сум ,,небањата" (!?), иако по редот на нештата треба да се грижи за син му и неговата јавна естетика и здравје).Се изнервирал веројатно човекот што не сум на страната на мафијашката власт, ја сакам Македонија, а веројатно и што син му, други го пишуваат дека многу јаде и троши народни пари. Ако сака син му да погледне како татко му манијачи во инбокс, ќе му испратам копии. Да беше таткото малку повеќе информиран, ќе знаеше дека не треба ни збор да ми пишува, бидејќи ќе биде објавен, а и дека јас сум одлично ситуирана од дете, веќе 46 години.Во цивилизирани држави, за вакво нешто ќе покренев тужба и ќе добиев јавно извинување. Такво нешто нема логика во земја каде правдата е умрена на рацете, токму на син му! По тој повод, бидејќи јавниот интерес е повисок, воедно таткото врши притисок врз слободната мисла со примитивни навреди, ќе им се обратам и јавно - и нему и на син му.Готово е со власта, привилегиите, проценти, бифтеци, јастози и разни qурвички во чинии со јабука во уста.Лично ќе го испратам цело СДСМ на депонија! Око не ми трепнува! Можете колку сакате да навредувате, но народот е тој кој ја донесе оваа монструозна партија на власт, тој и ќе ја погреба СДСМ без почести! Јас ќе им ги дадам лопатите! А, потоа ќе видиме кој, кого ,,избањал"!

Коментари | пред 3 години

2-1

„Шекеринска купила куќа на Орце Николов, па сега за невестата да има паркинг СДСМ им ја дале цела улица на станарите“, вели Јоци

Прво нивниот Жерновски фактурираше 1,5 милиони евра за камчиња на Боемска 1 и 2, еден куп отворија таму кафичи и кафани, се создаде цела бизнис зона, а сега СДСМ им ја дал цееееела Орце Николов на станарите (која ја обновија лани), онаму каде паркираа муштериите, вели Јорданка Ивановска Јоци.„Зошто? Претпоставувам пошто Радмила Шекеринска купи семејна куќа на Орце Николов, а се зборува и за други недвижнини на улицава, па да има невестата паркинг и да не се ремети женичкава од простото гласачко тело. Кафанџииве сега нек затворат бизнисите слободно! Пошто немаат очито храброст да им се наебат сè на сељачиштава од СДСМ. Без паркинг простор, стварно не знам кој ќе им доаѓа...“, стои во објавата.Инаку, денес јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на општина Центар-Скопје информираше дека е воведено резидентно паркирање на ул. Орце Николов во Дебар Маало за да им овозможи на жителите на оваа улица непречено да ги користат паркиралиштата пред нивните домови.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања