Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

јоци

gashi-gasi-mickoski

Јоци:Аздисот и ку.чот на Гаши и Меџити ќе го стопат рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ како сладолед

Политичката анлитичарка и поранешна новинарка, Јорданка Ивановска-Јоци на социјната мрежа „Фејсбук“ ги коментира односите во владината коалиција:„СДСМ не мора ништо да прават, аздисот и курчот на Африм Гаши и Изет Меџити ќе го стопат рејтингот на ВМРО како сладолед. За 2 месеца Влада, цело време тема е едно те исто - гласачите се сведоци на национал-шовинизмот на партнерот ВРЕДИ.Ако ВМРО не се освести и не ги пофати конците, ќе биде идентично како што ДУИ им го раскринка рејтингот на СДСМ, кои потонаа начисто на политичката сцена ради криминалот и аздисот на Ахмети и Груби.Народот не гласаше за идентични глупости и сега многу побрзо ќе ги казнува македонските партии“.

Коментари | пред 1 година

gruevski-jankuloska-610x400

Кукавицата Груевски кој од вторник ќе е излитен мантил реши да се пресмета со Јанкулоска без опипливи докази, со удбашки муабети“, пишува Јоци

Политичката анлитичарка и поранешна новинарка, Јорданка Ивановска-Јоци, го прогласи експремиерот и бегалец Никола Груевски за излитен мантил по поткастот „Претрес со Ландов“ каде гостуваше ексминистерката за внатрешни работи, Горгана Јанкулоска.„Кукавицата, кој од вторник ќе биде само излитен мантил, нали #Никола #Груевски, во налет на бес реши по неколку години да се пресмета со #Гордана #Јанкуловска, хаха. И секако без никакви опипливи докази, само со глупи удбашки муабети како стринка, нешто од типот - ,,јас на сите кои беа под прогон им кажав да бегаат со мене, да земат фамилии, дури и на неа, она прифати, па после се премисли. И имаше два сведока на тие средби".Нешто како и он што си ја зема фамилијата таму и сега сите среќно си живеат, нали? А, бе, патетична смејурија е човеков. Сите на кои им кажал да бегаат, се премислиле, само он не 😂 И сите биле кодоши, хаха. Туку, Јанкулоска, иако со години го кажува истото за него, тој дури сега реши да фрла камења по неа, откако ВМРО победи и ќе прави влада. Хах. Има еден предобар коментар кај него на профил, еден лик му пишал како оставањето пријатели на цедило остава последици по психата“, напиша Јоци.Таа додава: „Едноставно, патологијата на Груевски е таква - не знае како да живее без моќта во минатото и одушевувањето, фасцинацијата што ја добиваше од толпата, аплаузите, лајковите..“.

Коментари | пред 1 година

danela.arsovska-1200x1200

Јоци за Арсовска: Она има рејтинг - растурен компир, со сила и градат некој карикатурален имиџ на ,,Лара Крофт против мафијата"

Деновиве во медиумите беше објавена ифнормација дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска можно е да формира своја политичка партија.Наводно,идејата постои извесно време, а се заснова врз проценката на нејзините советници дека таа уживала голема поддршка кај граѓаните, односно интелектуалците, граѓанскиот сектор, дел од неопределените гласачи.Јоци вели дека оваа информација била објавена уште лани од нејзина страна, но и дека Арсовска нема поим од избори.„Ова вчерашно инфо за формирање партија јас го објавив уште лани, а таа одговори на тв дека - сé е во игра.ℹ️ Она нема поим од избори, подем на партии, кампањи, рејтинзи, психологија на маса и мисли дека ќе одземе вмровски гласови и ќе направи штета на опозицијата и на Мицкоски, кој и` е ноќна мора и фиксација.Секако, тоа нема врска со реалноста, бидејќи она има рејтинг - растурен компир.Башка никој не и` објаснил што значи Донтонов модел и како се делат пратенички места.Опкружена е со луѓе кои си викаат меѓу себе ,,ој војводо, ој сердаре" и така некако се во филм дека се прејаки и дека ќе рушат ,,систем со дигалка". (цитат: Тетовирање)Таргет на таа мала групичка се Ѓорче и Карпош, тамошните гласови и гласачко тело.Но, парламентарни избори се пекол во споредба со локални. И веќе се знае победникот.Гласачите, особено на десницата не се премислуваат толку лесно, не се ,,рашетуваат" по помали партии и крваво се тепаат за своите.И она најинтересното, на уста се многу јаки и на оговарање док партијата им е во опозиција, па дрндаат како ,,нивните" за ништо не ги бива, но на крај пак гласаат за своите. Затоа и имено рејтингот на ВМРО е 20 отсто, за половина повеќе од СДСМ, а јас сметам дека е уште помал на Бихаќка од нотираниот.Ај, ќе научи женичкава.Навивам да формира партија и сама да си се качи и да се шета на криво магаре.П.С: Иначе пресмешно е како со сила и` градат некој карикатурален имиџ на ,,Лара Крофт против мафијата", али ај за тоа другпат“, вели Јоци

Коментари | пред 2 години

kosana-mazneva

Лани Косана избрка 110 лица оти не оделе на работа, ова е втор ,,бран", не ви е чудно што лани не ги виделе, прашува Јоци

Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи се огласи во врска со избрканиот синдикалец од „Комунална хигиена“, Дели Дардишта, кои ги потврдува тврдењата на градоначалничката Данела Арсовска дека дел од неговата фамилија е вработена во претпријатието. За него, ова не е спорно, посочувајќи дека се е законски.Вчера, градоначалничката Арсовска покажа список со вработени лица од иста фамилија, а на кој стоеше презимето Дардишта.„Дардишта од фамилијата вработена во „Комунална хигиена“: Ние сме со генерации тука, камо да се вработевме на друго место, а не во ѓубреСé што кажува човеков, кој е прв синдикалец, а е избркан незаконски, е вистина - дека фамилијата Дардишта со генерации се во „Комунална".Проблемот е друг. Данела и Косана играат со „огнените" од ДУИ, впрочем им даде Арсовска двајца директори, па оттаму и новите листи за бркање на луѓе блиски до минатите директори од време коцево и шилегово.Патем, за оние што не се сеќаваат, лани Косана веќе избрка 110 лица, со објаснување - не оделе на работа.Ова е втор ,,бран" од стотина лица.Не ви е чудно што лани не ги виделе?Ќе ви стане јасно, кај и да е што прават двеве. Џабе ќе објаснуваме сега.Данела и Косана се сé, само не она за што се претставуваат“, вели Јоци.

Коментари | пред 2 години

thumbnail_23052022_Kovacevski_izjava_Vatikan_1

Со СДСМ/ДУИ на власт станавме „трети свет“, вратени сме еден век назад, вели Јоци

Јорданка Ивановска Јоци вели дека со СДСМ и ДУИ на власт, вратени сме еден век наназад.„Ако може утре Таче и жена му, онаа со бизнисот со 70 ден.државно земјиште и фотоволтаици, да отидат во Веро и да ги прашаат зошто нема грав две недели.И на Онкологија нека отидат, да прашаат зошто има недостаток од лекови, па ТВ24 мора да снима пациенти кои колнат и плачат.Ејјј…грав не се наоѓа во 2023, во земја позната векови наназад по ,,грав секој петок”, они дрдорат за успешни економии и за европски унии.Ние тука ,,трети свет” станавме со СДСМ/ДУИ на власт. Вратени сме еден век назад“, вели Јоци.

Коментари | пред 2 години

52282577586_dc95f2599f_k

Ковачевски расипнички троши 245 евра дневно за да им „продава“ на граѓаните пропаганда за „уставни измени“, вели Јоци

Јорданка Ивановска Јоци во војата нова објава на социјалните мрежи вели дека премиерот Димитар Ковачевски троши по 245 евра дневно за да им продава пропаганда на граѓаните за уставни измени.„За три месеци, од јануари до април, Димитар Ковачевски за Фејсбук #реклами и самопромоција потрошил 22.100 евра. ДНЕВНО расипнички троши во просек 245 евра или 15.000 денари, две третини од една просечна месечна плата во Македонија.Иронично, во рекламите кои чинат 245 евра дневно, на граѓаните им ,,продава” намалување на макарони од 2 денари и 1 денар намалени јајца. И секако – скапо платена пропаганда за ,,уставни измени”.Неговите колеги во регионот со кои често сака да се слика, #Александар #Вучиќ и #Еди #Рама за истиот период, за рекламирање на ФБ, потрошиле НУЛА ЕВРА!Секој сам нека пресмета колку цело СДСМ троши безобзирно како да ќе нема утре за нив, а притоа цела партија се скроз исклучени и не слушаат што им порачува народот уште од сега за избори“, се вели во објавата.

Коментари | пред 2 години

joci-oliver-696x392-1

Спасовски сакал да биде претседател на држава и цела машинерија е ангажирана за тоа уште од сега, вклучително одметнати од ВМРО, вели Јоци

Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски сака да стане претседател на државата.„Ама Вилма немој така….па Оливер Спасовски сакал да биде претседател на држава и цела зарибана машинерија е ангажирана за тоа уште од сега, вклучително одметнати од ВМРО. Окапуваат по ручкови со месеци.Пресмешно е да се читаат насловите кај таквите од типот – ,,министерот Спасовски во борба со мафијата”.Оливер нема абер од реалноста и затоа и не знае дека ќе изгуби во прв круг, ако случајно му текне да се кандидира“, вели Јоци.

Коментари | пред 2 години

kovacevski-market

Таче пак ќе пазарувал во маркети, пред да се слика како тинејџер нека намине во Битола на протестот за Јана, вели Јоци

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, денес ќе го посети маркетот „Кит-Го“ во Тафталиџе.Јорданка Ивановска Јоци преку социјалните мрежи му порача наместо да шета по маркети, да отиде на плоштадот во Битола каде ќе се одржи протест за правда за починатата Јана.„Премиерот викан Таче утре пак ќе пазарувал во маркети Или се слика со Агелер или м’кне кеси со леб и млеко, како да се сите малоумни во земјава.Пред да се слика како тинејџер со главата во облаци и цела земја да му се смее на инфантилноста, нека намине на плоштадот Магнолија во Битола на протест за правда за прерано починатата, 6-годишна Јана.Нека се качи и во бус со камери да ги праша истоштените, изморени и разочарани 300.000 пензионери, како плаќаат сметки, што јадат и колку луѓе по дома издржуваат.Нека ги праша дали и кој ќе гласа утре за СДСМ, ако претходно не му се плукнат на партијата која измами 400.000 луѓе кои веруваа дека ќе донесат подобар живот, а не дека ќе ја парталосат цела Македонија.Нека помине и кај луѓето кои уште чекаат лек Трикафта, во Детска клиника, на Онкологија, да види колку е животот минлив и можеби ќе сфати колку е небитен и мал под македонсково небо со милион проблеми, просто како маково зрнце.И конечно може да се прости уште утре од функцијата, затоа што толку е безличен и неупотреблив, да само и` го губи времето на Македонија и на сите нас.Ниту нешто направи за земјава, ниту некој ќе го памети дека постоел.Ако уште е лидер на СДСМ следната изборна година, веројатно ќе го паметат сите како ,,оној Таче кој го погреба СДСМ”“, вели Јоци.

Коментари | пред 2 години

joci-ageler-696x392-1

На кого више му е гајле за ,,црни листи” на америте, прашање на време е кога по улициве ќе почнат да се веат руски знамиња, вели Јоци

Постојат повеќе листи согласно кои различни лица можеби се истражуваат во различни контексти во однос на корупцијата и сите тие лица се истражуваат за да може да се донесат соодветни санкции. Сепак информациите треба да дојдат од Вашингтон, изјави амбасадорката на САД, Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои имиња ќе се најдат на „црната листа“.Јорданка Ивановска Јоци преку социјалните мрежи порача дека веќе на никого не му е грижа дали ќе се најде на оваа црна листа.„На кого више му е гајле за ,,црни листи” на америте.Оваа вест во 2023 му доаѓа ко виц!Ја исцицаа крвта на Македонија оние со кои америве се сликаат 20 години и ги оставаат да докрадат, но три дена лиферуваат соопштенија за некакви ,,листи”. Па досега десет листи направија и никому ништо.Нека се почуди Агелер уште малку зошто Путин и Русија за македонскиов народ за пет години пораснаа во величенствена фигура и земја.Можеби, затоа што ни САД веќе не е тоа што беше. Прашање на време е кога по улициве ќе почнат да се веат руски знамиња“, вели Јоци.

Коментари | пред 2 години

333045085_679440567314923_374954405566750512_n

Јоци за канцеларијата на Груби со „мали голчиња“: Уште колку ќе постои ваква Македонија? Ставете и уште утре катанец и кажете им на децата да се иселат

Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи објави статус во врска со фотографијата објавена од страна на Артан Груби на која тој заедно со актуелните министри Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Јетон Шаќири, како и нивниот доскорешен колега Насер Нуредини игра фудбал во канцеларија.„Во канцеларијата на Артан, со државава „мали голчиња” си играат и странски амбасадори.На пример, пред некој ден и словачкиот.Ама сé додека македонскиот народ молчи под јорган, лока лоши ракии и по кафани урла ,,Никогаш Северна” и ,,Доле Влада”, избројани се деновите на убавата Македонија, убава само во нашите соништа.Никој очигледно не мисли каква Македонија ќе остави на сопствените деца и дали ќе ги боли до коска ако утре нема да имаат татковина да продолжат онаму каде нивните претци застанале.Уште колку ќе постои ваква Македонија? Ќе издржи?Ставете и` уште утре катанец на државава и кажете им на децата да се иселат на 12 години. Не ја бива вака“, вели Јоци.

Коментари | пред 2 години

spasovski

На Спасовски му се смее цел народ за изјавата дека зад нападите со бомби стојат адреси од Русија и Иран, вели Јоци

На Оливер Спасовски му се смее цел народ во контактни емисии околу изјавата негова дека зад заканите со бомби стојат ип адреси од Русија и Иран, вели Јорданка Ивановска Јоци„Нема друга работа, со нас Русија ќе се бави со нас. Се што не чини, Русија е крива, смешки”, генерално велат граѓаните.До толку Спасовски е поиман сериозно во народни очи.Туку, народот, колку и власта да го смета за глупав, е екстремно интелигентен. Ниедна скапа и ултра глупа пропаганда не поминува кај напатениов народ.Само послушајте го понекогаш во контактни емисии, воодушевувачки и кристално јасно всушност разбира кретенска политика на било која тема која разни властодршци, под превез на агитација и пропаганда, мислат дека може да му ја шиткаат со шибицарски финти“, додава Јоци.

Коментари | пред 2 години

Andzela-Prajs-Ageler-Anjela-Prajs-Arjela

Откако дојде Агелер имаме во низа околу 20 корупциски афери и никому не му фали влакно, а таа се слика со пастрмајлии и баклави, вели Јоци

Новата американска амбасадорка, Агелер, само што пристигна, најави отсечна борба со тешка корупција, а откако е дојдена имаме во низа околу 20 корупциски афери и никому не му фали влакно од глава. А, за тоа време таа се слика по кафеани со пастрмајлии и баклави, вели Јорданка Ивановска Јоци во својата објава на социјалните мрежи.„И потоа се чуди зошто популацијата е сé повеќе проруски настроена и не сака ,,Бугари во Устав”, особено не ЕУ.Ова се жените од Кавадарци, сите во зрели години, кои треба да платат 20.000 евра судски трошоци затоа што се дрзнале да тужат за три неисплатени плати. И изгубиле на суд.Овие напатени жени и сличните на нив, обесправени, толчени и од ден на ден сé посиромашни, ќе ги симнат од власт сите свињи кои мислат дека Македонија им е дадена од дедо им да ја искрадат ,,до балчак” и да ја остават пустејлија како Мариово“, се вели во објавата.

Коментари | пред 2 години

pavle-trajanov-web

Јоци: Павле како искусен џандар со добри информации, има развиен инстинкт да бега на време од бродот кој тоне

Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кажа дека нема да ја поддржат реконструкцијата на Владата и нема да биде дел од парламентарното мнозинство. Трајанов посочи дека ќе ги поддржуваат само проектите за имплементација на европските стандарди, а со цел влез на Македонија во ЕУ.Во врска со ова на социјалните мрежи се огласи Јорданка Ивановска Јоци која вели дека Трајанов има развиен инстинкт да бега на време од бродот кој тоне.„Павле како искусен џандар со добри информации, веќе 20 години има развиен инстинкт, кој не го лаже, да бега на време од бродот кој тоне.Башка, лут е што му го зема Данела ,,Градски паркинг”. Истата Данела на која власта и` дава ветер во едра, а на која тој откажа љубов“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

protest-cistichna-fibroza5-364831

Јоци: Не излегува никој на протести за изгубениот живот на Благојче, затоа што секој има барем по еден во администрација по дома

Не излегува никој од народот на протести за изгубениот живот на Благојче, затоа што секој еден во земјава има барем по еден во администрација по дома, вели новинарката Јорданка Ивановска Јоци„Старите се болни и акаат по амбуланти, лути се, но синот или ќерката партиски бирократи им велат – ,,немој да си се јавувал на тв да дрндаш, ќе ми направиш проблем”. И овие молчат. И така некако придонесуваат системот да се распаѓа и утре да е нефункционален и за нив. Болничките ходници се преплавени од разни умрени од грешки и бирократии, онакви кои немале број од министри во мобилниот за да прерипаат преку ред.А, и да имале – џабе.Тоа ви е нешто како последица од земјотрес, доволно е една цигла да нема во зградата.Тоа се карики кои постојано се откачуваат на сечија штета и потоа нема ланец на одговорност.Истиве овие синови и ќерки, утре, кога ќе се разболат, ќе нема народ и за нив по улици. И самите ќе ѕвонат очајно по контактни емисии, но тоа ќе биде само празен глас во етерот. Ќе нема кој да ги слушне.Претплатникот не е достапен“, вели Јоци.

Коментари | пред 2 години

873x400-1-16

Јоци: Оваа катастрофална власт ги заострува односите со Русија! На крај ќе ни воведат санкции, па ќе јадеме корења буквално

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи го искоментира планот на владата да забрани увоз на руска нафта во Македонија.„Оваа катастрофална власт на стаклени нозе продолжува да ги заострува односите со Русија. Ние тука маково зрнце ќе кажуваме чија нафта ни чини, затоа што ја слушаме Европа заради која тонеме во спорот со Бугарија.На крај Русија ќе ни воведе санкции за извоз на сé, па и за испорака на гас е извесно, па ќе јадеме корења во буквална смисла. А, можеби и така треба, кога не знаеме што е држава.Балканот е можеби политички зависен од САД, но економски не би рекла“, вели Јоци.

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања