Промени тема
Контакт

КОЧАНИ

IMG_0107

„Не чекајте твоето дете да биде следно” - нов протест на родителите на загинатите од Кочани

Со молк и високо кренати фотографии од своите загинати чеда, мајките од Кочани чии деца настрадаа во ужасниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани побараа правда за трагичниот случај кој ја потресе македонската и светската јавност и во кој загинаа 62 млади лица, а околу 200 беа повредени.„Бараме правда“, „Не чекајте твоето дете да биде следно“, „Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“, „Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има“, „Каде да фатиме врски да ги вратиме другарите“, се порак

Македонија | пред 1 година

semejstva-kocan

Нов марш за загинатите во „Пулс“: Ова е наш начин да ја одбележиме болката

Семејствата на трагично загинатите млади во пожарот што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја одбија поканата од Кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски за средба закажана на 13 мај во Скопје. Во соопштение испратено до медиумите, родителите наведуваат дека причината за одбивањето е доцнењето на поканата и дека уште претходно побарале средбата да се одржи во Кочани.„Сметавме дека предлогот за средба во Кочани е разумен и оправдан, особено затоа што дел од родителите не се во м

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-09-at-13.38.08

(Видео) Човекот што висеше на бандера во Скопје: Толку брзо ли го заборавивте Кочани? Дојдоа деца без прсти, дај да им помогнеме!

Прво висеше на бандера за да го привлече вниманието, за потоа да ги праша „големците“ – „толку ли брзо го заборавивте Кочани?“. Ваква герила акција се случи на плоштадот „Македонија“ од „Support Kocani“, за да повикаат на свесност кај институциите.„Се обраќам до големите луѓе на оваа држава. Уште што треба да ни се случи на нас во Кочани за да се освестат дека тој град постои? Толку ли брзо не заборавија. Пред некој ден си дојдоа деца кои немаат прсти на рацете. Тие деца ќе немаат цел живот раце

Скопје | пред 1 година

lefkov-semejstva

Зошто единствениот пратеник од Кочани, не се појави пред семејствата на загинатите: Внимавам со средби во емоционално набиени моменти за да не се влијае на истрагата

Единствениот пратеник во Собранието кој е од Кочани, Миле Лефков, денеска не се појави пред законодавниот дом, каде беа семејствата на загинатите деца од „Пулс“, а негови сограѓани. Тие упатија остри критики, посочувајќи му нему и останатите негови колеги, да излезат надвор. Го потсетија дека тој е пратеник бидејќи тие го гласале. За време на маршот рекоа дека него го виделе само на „Фејсбук“, каде се пофалил дека се донира возило од приватна фирма за кочанската болница, како и на аукцијата. По

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-29-at-18.19.40

„За три дена не дочека 25-ти роденден, поради корупцијата и парите, нашите деца ги нема“, рече таткото на загинатиот Андреј Стојанов

Таткото на Андреј Стојанов, голем херој кој пред да се случи пожарот тргнал да си оди дома, но кога видел дека гори се вратил да помага и спасува други, пред Собранието не ги криеше емоциите и разочараноста од државата, која ја смета за корумпирана. Андреј бил со неговиот имењак Андреј Лазаров.„Полни со живот. Во името на корупцијата и парата, нашите деца загинаа. Само пари, пари и ништо друго, а сега нашите деца сега ги нема. За три дена не дочека 25 роденден. Нашето е завршено со завршување на

Македонија | пред 1 година

toskovski-51235

(Видео) Имате право да не ми верувате, но и мене душава ми плаче и јас сум гневен и бесен, Тошковски седна со семејствата на загинатите

Семејствата и пријателите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со пашачење од Собранието до МВР, отидоа на средба со министерот Панче Тошковски, на која беше и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Тие побараа тој да излезе надвор, а по кусо време, тој тоа го направи. Потоа ги покани во седиштето на МВР, каде разговараа и им кажа за истрагата, но и дека има разбирање за нивната тага и гнев.„Толку голем пат минавме, од почит кон нас, нека дојде тука. Без душа сме,

Македонија | пред 1 година

puls-roditeli

(Видео) „Кој нѐ чува? Имате ли вие деца бе?“, родителите ги прашаа пратениците, дел од нив се симнаа и меѓу нив

Солзи, тага и пораки до сите политичари. Вака изгледаше денешниот марш на семејствата од Кочани кои ги загубија децата во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Сѐ започна од пред Обвинителството, продолжи пред Собранието, заврши пред МВР. Уште на стартот кажаа дека пробуваат да ги контанимираат протестите. На стартот посочија дека Обвинителството„Државата се луѓето, Обвинителството е партиско дувло. Ова не е државна институција. Преку ботови нѐ убедуваат дека правнот систем е тешко да ја докаже вер

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-29-124533

Започна протестот на родителите на загинатите деца од Кочани

Пет минути по 12 часот, симболично, започна протестот наречен „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Маршот во моментов се одвива пред Oбвинителството во 12, а ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието.Затворени очи, отворени гробови - ова е само една од праките испратена до обвинителите од семејствата на жртвите кои загинаа во дискотеката Пулс.

Македонија | пред 1 година

491466488_18026361107659085_4533786141217273944_n

Обвинителството за средбата со родителите на загинатите во Пулс

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и тимот обвинители кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска се сретнаа со семејствата на жртвите и ги информираа за досегашниот тек на истражната постапка. Одговарајќи на сите поставени прашања и дилеми на блиските на починатите, обвинителите ги уверија дека истрагата е сеопфатна и се земаат предвид сите аспекти на евентуална одговорност за трагичниот настан. На семејствата им беше најавена и динамиката на п

Македонија | пред 1 година

semejstva-kocan

Во 12:05 пред Обвинителство ќе се родителите на загинатите во Кочани, повик до сите граѓани да им дадат поддршка

Во Скопје денеска ќе се одржи „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Организаторите најавуваат дека маршот ќе почне пред Oбвинителството во 12 часот и 5 минути, како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите, ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието.– Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавач

Македонија | пред 1 година

puls-kocevski

Откако им најавија протест, обвинителот Коцевски пројави желба да се сретне со семејствата на жртвите од Кочани

Јавното обвинителство се обрати со соопштение околу протестот на семејствата на жртвите:„Во текот на утрешниот најавен протест на семејствата на жртвите во пожарот во кочанската дискотека "Пулс", Јавното обвинителство поканува на средба со претставници на семејствата кои би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка. Доколку кај блиските на жртвите постои таков интерес, тие можат да определат свои претставници (најмногу по еден член од семејство на секоја од жртвите)

Македонија | пред 1 година

semejstva-kocan

Семејствата на настраданите од Кочани утре ќе маршираат во Скопје

Семејствата на покојните од трагедијата во Кочани ќе организираат ,,Марш за ангелите” за ден 29.04.2025 година (вторник) со почеток во 12 часот и 05 минути како симболика за задоцнета реакција во Скопје. Маршот ќе започне пред обвинителството во Скопје, ќе продолжи на градскиот плоштад во Скопје и ќе се продолжи пред собранието на Македонија.„Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат па пуштаат,

Македонија | пред 1 година

tufegdzik-kocani

Гневот на семејствата од Кочани може да ескалира, а судска постапка со 68 обвинети може да има 68.000 проблеми, алармира Туфегџиќ

Адвокатот и екссудија, Владимир Туфегџиќ, алармира дека очајот и гневот на семејствата на настраданите, лесно може да ескалира и работите да излезат од контрола. Тој посочува дека треба да им се објасни сѐ во однос на постапката, да ја знаат реалноста и да знаат што да очекуваат. Според него, постапката со 68 осомничени е проблематична сама по себе.„Протестите на семејствата на настраданите во Кочани говорат за очајот и гневот на овие луѓе кој може многу лесно да ескалира и работите да излезат о

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2025-04-27-at-11.36.25

(Видео) Мајката на загинатата Ивона Антова во Кочани: Не и бил даден кислород, не е пружена помош

Мајката на Ивона Антова, планинарка која загина во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а која е единствена жена пожарникар во градот, вели дека детето и било оставено без кислород и медицинска грижа.„Да, беше оставена во кецот, полицијата не нѐ пушти да влеземе. После отиде мажот ми и он ја најде, покриена со кебе, легната на перница, свртена на страна. Сакала да слезе од кревет, била со ногата надолу падната. Не и е пружено, не и е дадено кислород. Така ја најдовме“, раскажува мајкатаНа новинарско пр

Македонија | пред 1 година

IMG_4074

(Видео) Собрани се речиси 30.000 евра на аукцијата каде се надаваа претседателката, пратеници, бизнисмени, граѓани за помош на повредените од Кочани

Со продажбата на уметнички дела преку аукција, собрани се околу 1.800.000 денари односно речиси 30.000 евра од вчерашната хуманитарна акција организирана од „SupportKocani“. Парите се наменети за повредените лица, од кои дел се уште се на лекување. На наддавањето беа поканети над 50 политичари, бројни бизнисмени, како и сите граѓани. Автор на најскапото дело кое беше продадено е на Михаил Корубин кое од почетна цена 120.000 денари достигна до 300.000 денари.Во салата се појавија претседателката

Македонија | пред 1 година

att.M4z3QghkUDHG_w_C07-BqNtaugnIdnHTr_Dfl89bHko

(Видео) Филипче од Кочани: Секоја политичка партија има некаква одговорност, веќе нема оправдување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче учествуваше на денешната аукција организирана од SupportKocani. Тој купи неколку уметнички дела, а спомна дека парите ќе бидат донирани за повредените. По аукцијата, рече дека време е да се седне со сите политички чинители за да се зајакне системот.Тој во изјава за „Скопје1“, рече дека со претседателката Сиљановска-Давкова ќe се сретнат по првомајските празници,  а се согласи дека секоја политичка партија од изминатите 30 години има некаква одговорност.„Веќе

Македонија | пред 1 година

att.dGKyxE1NcSK_bmZ0DSgFVQ474TrcLW-rWk3V-d_PqGk

(Видео) Претседателката од Кочани: Се надевам ова ќе нѐ освести, шокирана сум од возниот парк на пожарникарите

Претседатеката Гордана Сиљановска Давкова учествуваше на аукцијата организирана од SupportKocani. Taa купи неколку уметнички дела, а собраните средства ќе бидат донирани за повредените меѓу кои дел сѐ уште се на лекување. По настанот за Скопје1 изјави дека го менувала и летот за да стигне во Кочани.Претседателката рече дека се надева дека трагедијата во дискотеката Пулс ќе не освести, но и дека била шокирана по посетата на противпожарната единица.

Македонија | пред 1 година

semejstva-kocan

(Видео) Семејствата неутешни: Солзи низ кочанските улици, се бара одговорност од сите инволвирани за загинатите деца: Имате ли доблест да признаете вина?

На пороен дожд, семејствата на загинатите и кочанчани излегоа да бараат правда за загинатите. Се обратија до сите институции, бараат само правда. Тие се револтирани, сметаат дека институциите пофрлиле, а Македонија само глуми држава во моменти кога граѓаните не се заштитени.Пред Општина Кочани, тие ги прашаа инспекторите, дали столчето им е толку удобно, па не работат на терен?„Инспектори, дали ви е потребна обука од наша страна за ова што е од ваша надлежност. Или пак ќе излезете со полни торби

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-19-at-12.11.15

Денеска семејствата на загинатите во Пулс излегуваат на улиците во Кочани

В сабота, 26 април со почеток од 12:05 ч. во Кочани ќе се одржи четврти протестен марш „Задоцнета реакција“ на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ каде животот го загубија 62 млади лица и близу 200 повредени.„Собирно место на маршот е Градскиот парк во Кочани истиот ќе продолжи кон Трговскиот центар во Кочани. Толпата од луѓе ќе застане во Трговскиот Центар како знак дека местото на покојните им е во Трговскиот Центар , за да потоа продолжи кон Општина Кочани за

Македонија | пред 1 година

492498158_1112844217554001_4330422571887449820_n

Собранието не ги почитува ни загинатите ни живите во Кочани, реагира в.д. градоначалникот на општината

Скандалозна е изјавата на собранискиот спикер со која се обидува да ја оправда непочитта на настраданите во трагедијата во Кочани и неработата на македонскиот законодавен дом по немилиот настан, смета в.д. градоначалникот на општината, Венко Крстевски.„Наместо да се прекинат лошите практики од минатото, парламентарците во нив наоѓаат изговор за да не организираат комеморација за жртвите на корупцијата. На овој начин се покажува елементарно непочитување и кон загинатите и кон живите луѓе во Кочан

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-07.18.36

Системот што нѐ уби не е само политика, тоа сме ние кога премолчуваме неправда, став на ФБ групата Кочани

ФБ групата Кочани упати апел одново да го изградат Кочани. Одново со почит и љубов кон сите загинати и повредени. Тоа велат, им го должиме.Еве ја објавата:„Децении наназад не учеа да молчиме. Да слушаме. Да веруваме. Не во себе, туку во партиите. Ни зборуваа дека тие знаат што е најдобро за нас. Ни ветија иднина, па ни ја одзедоа сегашноста. И додека тие се менуваа на функциите, ние останувавме исти разделени, апатични, разочарани. А најстрашно од сѐ: почнавме да веруваме дека така треба да биде

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

Крстевски: Хаос во Кочани , школите и претпријатијата тонат во долгови, намалени плати на медицинарите кои кобната ноќ спасуваа животи

В.Д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, кој беше избран по оставката на дотогашниот Папазов кој по трагедијата во дискотеката Пулс даде оставка и е дел од истрагата, на ФБ дава одговор на прашањето кое му го поставувале: Знаеш ли на што си се нафатил?”Еве го неговиот одговор:   „Општина Кочани еден месец БЕЗ Градоначалник и Секретар, општинските инспектори под мерки за претпазливост, финансиските служби под тотално непотребна репресија, лоша клима за работа.КЈП Водовод Кочани две недели

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-19-at-12.11.15

(Видео) Со фотографии од загинатите чеда, родителите и семејствата маршираа и бараа правда за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

„Пулс од 2012 до 2025, истрага од 2025 до 2038, судење од 2038 до ???“, ова беше транспарентот со кој се предводеше протестот на родителите и семејствата чии блиски загинаа во дискотеката на смртта во Кочани. Тие маршираа низ градот, а пораките ги испратија преку транспарентите.„Стоп за селективна правда“, пишуваше на еден од нив, а на друг пак се додава: „Коруптивниот систем ни ги уби децата“.Претходно, вчера:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

Алармантно е по однос на дивоградбите, вели в.д. градоначалникот на Кочани

В.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, рече дека состојбата во општината е хаотична. Според него, оставени се проекти без целосна документација, не знаат дали имаат директор во Комуналното претпријатие или валидна му е оставката, а катастрофална е состојбата и во Противпожарната бригада.„Долгот на Комуналното претпријатие е 3 милиони евра, најмногу за елетрична енергија. Алармантно е по однос на дивоградбите, со тоа е нарушена и безбедноста во градот. Најавувам сериозна борба со дивогр

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-15-at-19.02.27

(Видео) Пратениците се состанаа за надзорна расправа за Кочани, па двајца се испокараа

Не успеа обидот на ДУИ да се изгласа организирање на надзорна расправа за трагедијата во Кочани, бидејќи влајачкото мнозинство смета дека е рано за тоа. На говорницата предлогот го бранеше Блерим Беџети од ДУИ, кој се скара со претседателот на Комисијата и пратеник, Љупчо Пренџов.„Очекував да ми се извините“, рече Пренџов, а Беџети со кренат крст му мавташе и реплицираше: „Ти да се извиниш“. По ова Пренџов му рече да си ја собере раката, а Беџети му врати: „И устата таму“.Пред ова, имаше неколку

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања