Во Пробиштип откриена биста на полицаецот Тоше Тодоровски, жртва во „Пулс“
Во кругот на полициската станица во Пробиштип денеска беше откриена бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“. На чинот присуствуваа неговото семејство, роднини, пријатели и колеги. Присутен беше и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, со делегација од МВР.Тодоровски загина извршувајќи службени задачи за време на акција за контрола на наркотици во дискотеката. Во моментот кога избувнал пожарот, тој останал внатре и не успеал да се извлече.Трагедијата во која животот го загубија вкупно 62 лица, најголем дел млади од Кочани, Штип, Пробиштип и Скопје, останува една од најголемите во поновата историја на земјата.
Македонија | пред 3 месеци