„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

концерт

41744_ceca-i-anastasija-raznatovic-milos-nadazdin_f

Цеца и Анастасија закажаа концерт во Македонија

Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ и нејзината ќерка Анастасија на 11 јуни ќе одржат прв заеднички концерт, а ќе пеат во Аквапаркот во Пробиштип. Концертот ќе се одржи една година откако Цеца требаше да пее во Пробиштип за да го одбележи јубилејот 10 години од отворањето на Аквапаркот. Со Цеца и Анастасија во Македонија ќе дојдат и Вељко со сопругата Богдана и уште неколку членови на нивното семејство.Од Аквапаркот најавуваат дека веќе ги почнале подготовките за големиот концерт.„Цеца е перфекционист кога станува збор за звукот, сцената. Ќе ја донесеме најмодерната техника и веруваме дека ќе имаме концерт налик на оние на светските ѕвезди. Интересот е навистина огромен, очекуваме неколку илјадна публика во Пробиштип, а веќе почнаа да резервираат карти и гости до Србија и Бугарија“, велат организаторите.Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда, 13 април.

Магазин | пред 3 години

278265669_536779654473416_117587491010738284_n

ВИДЕО: Македонија во транс на концертот на Ацо Пејовиќ, во арената немаше игла кај да се фрли

Со спектакуларен концерт одржан во арената „Борис Трајковиски“, пред повеќе од 12.000 луѓе, Ацо Пејовиќ ја започна својата голема концертна турнеја закажана за оваа пролет. Концертот го организираше „Балкан медија“.И покрај големата побарувачка за билети повеќе, синоќа во споменатата сала буквално немаше каде да падне иглата, па пејачот може да се пофали и со соборен рекорд кога е во прашање капацитетот на оваа сала.Публиката на Пејовиќ ги пееше сите песни од почеток до крај, а кога беше во прашање апсолутниот хит на годината, песната „Полноќ“, кој популарниот пејач ја отпеа за потребите на филмот „Тома“, сите веќе беа во транс.И откако заврши концертот, просторот околу популарната арена во Скопје не беше празен, бидејќи младите продолжија да ги пеат хитовите на Пејовиќ и надвор.

Магазин | пред 3 години

aco-pejovic-2-660x330-1

Концерт на Ацо Пејовиќ вечерва во Скопје

Српскиот фолк-пејач Ацо Пејовиќ вечерва ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.Концертот е закажан во спортската арена „Борис Трајковски“, а на неколкучасовниот концерт, миленикот на публиката ќе ги испее неговите најголеми хитови како што се: „Не питај“, „Да си ту“, „Година и јаче“, „Макар задњи пут“, „Неверна“ и уште многу други.Особено Пејовиќ последниве месеци е актуелен по мега-популарниот филм „Тома“, бидејќи токму тој ги пее песните кои се пеат во филмот, а пред триесет години ги испеа легендарниот Тома Здравковиќ.Организатор на концертот е „Балкан медија“.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања