„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

концерт

media-libraryv6ckb357v0a531hOCyU

(Видео) Фан на Теа Таировиќ направи колут напред и назад, проба да стои на раце – публиката во Скопје во делириум

На концертот на популарната српска пејачка Теа Таировиќ во Скопје, една нејзина обожавателка стана вистинска атракција на вечерта. Во момент на еуфорија, девојката направи колут напред и колут назад, оставајќи ја публиката во неверување и насмевка.Настанот предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, каде снимката од акробацијата се споделува со коментари како „ова е вистинска фан љубов“ и „Теа доби конкуренција за сценски настап“.Концертот, кој се одржа во организација на „Балкан Медиа“, уште еднаш потврди дека Теа Таировиќ е меѓу најбараните регионални ѕвезди со оглед на полната сала.Ова не е првпат пејачката да има речиси распродаден настап во Македонија.

Магазин | пред 1 месец

media-librarylu0b9tvrla0ve776MZk

Македонската музика го освои Хонг Конг: триумф на Симон Трпчески и „Makedonissimo“

Во полна сала на City Concert Hall во Хонг Конг, светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески го претстави својот уникатен проект „Makedonissimo“, создавајќи спој на македонската и кинеската музичка традиција што ја воодушеви публиката.На настанот присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Кина, Сашко Насев, кој ја поздрави маестралната изведба на Симон Трпчевски и ја поддржа македонската уметност пред локалната бројната публика во Хонг Конг.Во објава на Фејсбук, Трпчевски рече дека имал особена чест да го претстави „Makedonissimo“ на „Asia+ – фестивалот на уметноста без граници“ во Хонг Конг.Со поддршка на визијата и посветеноста на Нелсон Лаи и неговиот извонреден тим од LCSD, кои го промовираа и мојот прв концерт во Хонг Конг во 2004 година. Овој настап претставуваше значајно уметничко враќање за мене.Настапот ги вклучи и извонредните локални музичари — Дидабој на суона, Пик Сум на ерху и композиторот Џони Јим. Заедно создадовме силна фузија на македонската и кинеската музичка традиција, која ја воодушеви публиката во City Concert Hall и ги крена присутните на нозе!Изразувам искрена благодарност до страстната и дарежлива публика во Хонг Конг, чии ентузијазам и топлина ги разбудија убавите спомени од моите претходни посети и ја направија оваа повторна средба особено значајна по многу години.Посебна благодарност упатувам и до македонската заедница во Хонг Конг, вклучувајќи го амбасадорот на Македонија во Кина, г. Сашко Насев, и неговата сопруга, кои допатуваа од Пекинг специјално за оваа пригода.Благодарам на сите пријатели на Македонија, Хонг Конг и Кина, чие присуство придонесе за вечер исполнета со длабока уметничка поврзаност и културна прослава. Гостопримството, почитта и топлината покажани кон ансамблот „Makedonissimo“ ќе останат незаборавни.Ансамблот и јас со нетрпение очекуваме повторно враќање и создавање нови, незаборавни музички моменти заедно.谢谢! Благодарам!, напиша нашиот светски познат Симон Трпчевски.

Магазин | пред 1 месец

media-library381v44m3vsoocJmm4F1

(Видео) Toj пристигнува во Скопје: Спектакл што ќе ја разниша арената „Борис Трајковски“ во декември

Најмоќното електронско доживување на годината ќе се случи на 13 декември 2025 година во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Еден од највлијателните артисти на современата електронска сцена, ARGY, доаѓа со спектакл каков што македонската публика досега не видела – настап што ги руши сите граници на звукот, продукцијата и енергијата, најавуваат организаторите.Во време кога електронската култура владее со глобалната музичка сцена, Скопје ќе стане нејзин епицентар, преку уметник кој од андерграунд диџеј прерасна во вистински феномен. ARGY одамна го надмина статусот на обичен изведувач и стана симбол на модерниот хаус и техно звук, препознатлив по сетови што создаваат колективна еуфорија и транс.Организаторите од „Прагма“ најавуваат продукција со највисоки светски стандарди, каква што досега не е видена во домашни услови. Во арената ќе биде поставена сценографија што ќе ја претвори во катедрала на звук и светлина, со импресивни визуелни ефекти, акустична прецизност и динамична игра на светло, технологија и енергија.ARGY е артист кој „го освои светот“ — од Tomorrowland, преку Ibiza, до Париз и Берлин. Сега, неговата енергија и звук пристигнуваат и во Скопје, во настап што ќе биде повеќе од концерт — ќе биде искуство што се доживува со сите сетила.

Настани | пред 2 месеци

media-libraryt2a3l73p7km53VNofzK

(Видео) Од аплаузи, до солзи: Слаткар и Тони Зен со три часа музика, емоции и текстови што ја трогнаа цела сала

Од најголемите аплаузи до солзи, од еуфорија до ѕвездено небо за Кочани – вака изгледаше тричасовниот концерт на Слаткаристика и Тони Зен каде беа собрани и стари и млади. Многу емоции преплетени со забава, а на сцената се појавија и нивни блиски соработници меѓу кои Калиопи, Некст тајм, Два бона. Тони Зен неколкупати повтори дека овој концерт го посветува на неговото семејство кое беше на трибините, додека Слаткаристика рече дека настапува со посебна возбуда бидејќи првпат во публиката е неговиот син Моша.Најемотивниот момент дојде со автобиографската „Да полетам“ со која пораснаа низа генерации, а за која многумина велат дека е повеќе од само неколку стихови. Истата е напишана за тешката состојба во која се наоѓало семејството на Слаткаристика. Овојпат, за првпат, тој ја изведе во придружба на Калиопи, а подоцна им се придружи и Тони Зен.Уште од самиот момент кога излегоа на сцената беа поздравени со громогласен аплауз кој доаѓаше од преполната арена „Борис Трајковски“. Аплауз кој траеше и беше проследен со врисоци. А веќе во следниот момент започна „Спушти се доле“, хит кој го паметат низа генерации.По неколку заеднички траки, Тони Зен се повлече, а „Два бона“ се качија на сцена. Следуваше „Дијаманти“ апсолутен моментален хит. Слаткар продолжи сам со „Бетмен“, „Олабави ме“, „ФМ“, „Тик-так“... но и „Дими џам“ со која публиката се потсети и на легендарниот Ферус. Не беа изоставени и баладите „Сара“, па „Магдалена“ која ја испеаја со Некст Тајм – двете со текстови базирани на вистински приказни. Целата сала ја пееше и „Океани“.А на сцената, Тони Зен порача „Овој концерт е за моето семејство. Ве поздравувам и Петковски и Јованови“, по што започна познатиот ритам на „Интелекет“ и влезе во полн ефект. Продолжи со „Во мој стил“, па прокоментира „Наше а светско а?“. Со Слаткар изброаја до 12 додека цела сала ја пееше „Жими се“.Не ги заборавија ниту повредените, ниту жртвите од кочанскиот клуб „Пулс“. Цела сала со вклучени светилки на телефоните направија ѕвездено небо во нивна чест.Концертот го организираше Прагма продукција.

Магазин | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-31-at-11.55.22

(Видео) Цеца во Крива Паланка собра трипати повеќе публика од било кој нејзин настап годинава

Балканската музичка ѕвезда Светлана Ражнатовиќ – Цеца, во изминатите месеци настапувала во шест држави, но ниту еден настап не го надминал бројот на публика во Крива Паланка. Таму, според проценките, нејзините песни ги слушале рекордни 50.000 посетители – за трипати повеќе од кој било друг нејзин концерт ова лето.Статистиките направени според медиумсите извештаи покажуваат дека втор град по бројност на посети е Ниш каде имала 15.000 посетители, а потоа следува Бања Лука во Босна и Херцеговина (БиХ) со 13.167 посетители. На трето место е Будва во Црна гора со 10.000 посети, а потоа следува Брчко (БиХ) со 7.000 публика, па Дизелдорф во Германија со 6.000 посетители.Статистиките направени според медиумските извештаи покажуваат дека втор по посетеност бил настапот во Ниш со 15.000 посетители, а потоа следувала Бања Лука со 13.167 луѓе. На трето место е Будва со 10.000 посетители, па Брчко со 7.000 и Дизелдорф со 6.000 посетители. Концертите во Врање, Нова Гора и Требиње собрале по 5.000 посетители, додека најмал настап имала во Смедерево.Рекордниот концерт во Македонија се случи во период кога на социјалните мрежи се водеше жестока полемика помеѓу македонскиот пејач Спасен Силјановски и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев околу настапите на српските ѕвезди во Македонија. Јанчев беше обвинуван дека на „Тиквешки гроздобер“ повикал повеќе турбофолк изведувачи од соседството наместо македонски пејачи, за што се правдаше дека само тие можат да привлечат многубројна публика. Силјановски реагираше со остри критики и доби широка поддршка од јавноста.

Магазин | пред 3 месеци

tejlor-svift-1200x675-1

Тинејџерот што го планираше нападот на Тејлор Свифт во Виена не оди во затвор!

Шестнаестгодишникот кој помогнал во планирањето на неуспешниот напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена минатата година избегна затвор. Мохамед А. доби условна казна од 18 месеци според законот за малолетници во Берлин.Сириецот, за кого обвинителите велат дека бил радикализиран од онлајн пропагандата на Исламска држава (ИСИЛ), имал 14 години кога му помогнал на потенцијален напаѓач да преведе упатства за правење бомба од арапски јазик и го поврзал со член на ИСИЛ.Три распродадени концерти на Тејлор Свифт на стадионот Ернст Хапел во Виена беа откажани од организаторите во август минатата година откако полицијата откри дека нападот бил планиран.Тинејџерот се изјасни за виновен во целост. Во времето на неговото обвинение, тој беше идентификуван само како Мохамед А. во согласност со германските закони за приватност. Под условна казна, осудените мора да исполнат одредени услови за да избегнат да бидат испратени во затвор.Дојава од ЦИАТројца други осомничени, кои во тоа време биле тинејџери, се приведени од австриските власти во врска со заговорот. Главниот осомничен, идентификуван како Беран А., е под истрага. 20-годишникот, кој е во притвор, беше уапсен пред концертите по дојава од ЦИА.Американското разузнавање во тоа време објави дека организаторите на нападите се надевале дека ќе убијат голем број посетители на концертот.Истражителите велат дека Беран А. исто така планирал да изврши напад во Дубаи во март 2024 година. Извештаите сугерираат дека тоа било дел од координиран заговор што вклучувал три истовремени напади од страна на ИСИЛ, но се предомислил во последен момент.

Свет | пред 3 месеци

nikk

Светската ѕвезда Ник Кејв вечерва во Скопје, музички спекаткл со специјално донесено пијано од Грција

Скопје вечерва со нетрпение го очекува концертот на легендарниот австралиски музичар Ник Кејв, кој ќе настапи во 20 часот на стадионот на АРМ во Градски парк. На сцената ќе му се придружи и Колин Гринвуд, басистот на „Редиохед“, што ќе му даде поинтимен амбиент на настапот.Клучен дел од вечерната магија е пијаното на кое Кејв ќе свири, специјално донесено од Грција за оваа пригода. Организаторите соопштија дека сите фан-пит влезници се веќе распродадени, што е доказ дека скопската публика со огромна возбуда го чека настапот на еден од најголемите музички артисти на 20. и 21. век.фото: YouTube/Print Screen

Магазин | пред 4 месеци

1L3A2067

Импресивен роденденски концерт на „Охридско лето“ со ангелскиот глас на Ана Дурловски

Со ангелскиот глас на првенката на Македонската опера и балет, сопранот Ана Дурловски која настапи во придружба на ерменско-германската пијанистка Анахит Тер-Татшатјан, вчеравечер пред многубројна публика во црквата „Света Софија“ беше одбележан 65. роденден на фестивалот „Охридско лето“.Директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, честитајќи им го роденденот на вработените во оваа национална установа, но и на сите претходни директори и уметнички селектори кои се вградиле во успешната фестивалска приказна, порача, идните генерации внимателно да се грижат за оваа врвна установа која, како што додаде, претставува енциклопедиско национално богатство и редок пример за одржување на трајните вредности.-Вечерва првпат се враќаме на корените, онака како што е формиран овој бесценето реномиран и општествено важен фестивал, во далечната 1961 со концерт на македонската оперска првенка Ана Липша-Тофовиќ, а денес со концерт на најреномираната македонска пејачка Ана Дурловски, овде во оваа света црква, под оваа божествена акустика. Ана, благословена со уникатна боја на гласот и магнетно сценско присуство допира до најпрестижните оперски и концертни сцени во светот. Виенската државна опера, Метрополитен опера во Њујорк, Дојч Опера Берлин... се само дел од престижните институции каде Ана со себе носи дел од нашата татковина и претставува вистински културен амбасадор, рече директорот Цуцковски.Со својата колористичка перфекција и префинетост, сопранистката Ана Дурловски пееше инспиративно, со душа и срце, суверено владеејќи со подиумот во катедралната црква „Света Софија“.-„Охридско лето“ е симбол на нашиот културен идентитет, на нашата духовна енергија. За секој уметник што настапува тука е како средба со историјата, со традицијата, со оваа енергија што ја има овој град. За мене е огромна чест и поттик да бидам уште подобра и одговорност да се носам со тежината на еден ваков фестивал. Неколку пати сум настапувала на фестивалот и можам да кажам дека моите почетоци на некој начин се на овој фестивал. Уште како студент во четврта година, ја имав честа, круна на моето дипломирање да биде заокружено со целовечерен концерт во црквата „Света Софија“, рече националниот уметник Ана Дурловски.Традиционалниот роденденски коктел за сите што вчеравечер го проследија импресивниот концерт на извонредните уметници, го организира Винарската визба „Тиквеш“, еден од ексклузивните и долгогодишни спонзори на фестивалот „Охридско лето“ која годинава одбележува 140 години од своето постоење.Приказната „Охридско лето“ која низ годините прерасна во една од најзначајните музичко-сценски манифестации во Европа и регионот започна токму на 4. август 1961 година под акустичните сводови на црквата „Света Софија“ со концерт на оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ и нејзиниот пијано соработник Ладислав Перлдик.Оттогаш наваму во оваа успешна приказна се вградиле бројни уметници од целиот свет, збогатувајќи ја фестивалската историја со незаборавни концерти и театарски претстави.

Охрид | пред 4 месеци

1L3A7572

„Загрепските солисти“ со импресивен уметнички сензибилитет на „Охридско лето“

Вчерашниот концерт во рамки на програмата на класична музика на фестивалот „Охридско лето“, исто како и претходните на репертоарот, ја воодушеви публиката. Во црквата „Света Софија“ настапи ансамблот „Загрепски солисти“ кој приреди прекрасно музичко доживување за слушателите кои, пак, ги наградија хрватските уметници со стоечки овации.Цели седум децении успешна работа на ансамблот во голема мера се должи на огромниот влог на бројните талентирани хрватски музичари кои биле дел од овој состав низ годините и оставиле силен печат со својата посветеност, дисциплина, ентузијазам и љубов кон камерното музицирање.-Загрепските солисти не се првпат на „Охридско лето“. Порано сме настапувале почесто, потоа не бевме подолго време, но се надевам дека ќе дојдеме повторно за кусо време. За вечерва подготвивме специјален репертоар што е многу интересен во смисла на тоа што се дела кои ансамблот често ги изведува. Почнавме со 10. Гудачка симфонија од Феликс Менеделсон, а продолживме со дело кое е посветено на 70-годишнината од постоењето на Загрепските солисти од хрватскиот композитор Фано Параќ. Првиот дел го заокруживме со Симфонија d-moll од Луиџи Бокерини. Во вториот дел од концертот ја изведовме Сувенири од Фиренца од Петар Илич Чајковски, едно од капиталните дела во гудачката литература, рече по завршувањето на концерот Крунослав Мариќ дел од ансамблот „Загрепски солисти“.Широкиот репертоар на овој ансамбл вклучува дела од сите епохи со особена посветеност на пронаоѓањето ретки и неизведувани дела, како и промоција на новите генерации хрватски композитори.-Секоја година имаме по една праизведба на дела од хрватски композитори, но исто така често ги ставаме на нашиот репертоар делата од хрватските автори. Тоа е една од нашите задачи, појасни Мариќ.Досега овој ансамбл има одржано преку 4000 концерти на сите пет континенти во престижните сали како „Музикферајн“ (Виена), „Концертгебау“ (Амстердам), Ројал Фестивал Хол (Лондон), салата „Чајковски“ во Москва, „Карнеги хол“ во Њујорк, „Санта Чечилија“ во Рим, „Опера хаус“ во Сиднеј, „Викторија хол“ во Женева, Театарот „Реал“ во Мадрид, Театарот „Колон“ во Буенос Аирес, во дворецот „Версај“ и др.Гостуваат на најпрестижните музички фестивали во светот како оној во Салцбург, Прага, Единбург, Берлин, Берген, Барселона, Истанбул, Дубровник и други, а со нив како солисти настапуваат водечките солистички имиња како Хенрик Шеринг, Алфред Брендел, Џулијан Рахлин, Кристијан Ферас, Пјер Фурние, Леонард Роуз, Џејмс Голвеј, Жан-Пјер Рампал, Алдо Чиколини, Катја Ричарели, Лили Ласкин, Зузана Ружичкова, Марио Брунело, Изабел Морети, Ги Туврон, Марк Копеј, Реј Чен и многу други.Концертот на „Загрепските солисти“ беше поддржан од Амбасадата на Република Хрватска во земјава.

Охрид | пред 4 месеци

1L3A0929

Извонредните полски уметници Длугош и Јунгиевич ја воодушевија публиката на „Охридско лето“

Најнаградуваниот флејтист во полската музичка историја, Лукаш Длугош и извонредниот пијанист Анжеј Јунгиевич вчеравечер ѝ овозможија на публиката на „Охридско лето“ прекрасен концерт што долго ќе се памети.Полските уметници настапија во црквата „Света Софија“ со внимателно одбран репертоар кој започна со композиција на Моцарт, а продолжи со дела од Шуман, Шаминад и Пуланк.Вториот дел од концертот беше резервиран за композиции од Шимановски, Падеревски, Менделсон, Горецки, Лутославски и Шелиговски.-Многу сме изненадени од ова прекрасно место.Акустиката е фантастична, оригиналните фрески ни даваат поттик да го претставиме репертоарот онака како што го замисливме и подготвивме, рече флејтистот Длугош.Досега повеќе од 300 композиции се напишани специјално за него и за неговата сопруга,исто така флејтистка, Агата Кјелар-Длугош.-Ова е важен дел за нас музичарите. Многу сакаме да соработуваме со композитори бидејќи тие се посебени уметници и ни го прикажуваат најлесниот начин на интерпретација , формата и како да се свири добра музика во добра атмосфера. Сме соработувале со над стотина композитори. Сме снимиле повеќе од 80 компакт-дискови и за нас е огромна можност да прикажеме каков репертоар се свири на флејта во 21 век, додаде Длугош.Длугош студирал соло флејта на Високата школа за музика и театар во Минхен, а магистерските студии ги завршил на Конзерваториумот во Париз, како и на Универзитетот „Јеил“ во САД.Победник е на повеќе меѓународни натпревари за флејта, а како солист и камерен музичар настапува во Полска и на интернационалната музичка сцена.Настапувал во Карнеги Хол, во Златната сала на Музикферајн, во Концертхаус во Берлин, во салата „Карл Орф“ и „Херкулес“ во Минхен, во театрите во Пекинг, Гуангжу, Шангај, во операта во Катар, во салата „Шин Кобе“ во Кобе, како и во салата „П. И. Чајковски“ во Москва.Настапувал под диригентските палки на Зубин Мехта, Џејмс Левајн, Марис Јансонс, Валери Гергиев, Хесус Лопес Кобос, Јацек Капчук, Габриел Шмура, Агњешка Дучмал, а често изведувајќи го Концертот за флејта и оркестар од Кшиштоф Пенерецки настапува под диригентство на самиот композитор.Пијанистот Анжеј Јунгиевич важи за исклучителен камерен музичар. Студирал пијано во класата на проф. Јозеф Стомпел и камерна музика во класите на Марија Швајгер-Кулаковска и проф. Урсула Станчук на Музичката академија во Катовице.Добитник е на стипендии од полското министерство за култура во 1986/87 година, лауреат е на Натпреварот за уметничка стипендија од здружението „Фредерик Шопен“ во Варшава во 1985 и 1986 година, победник е на Натпреварот за современа камерна музика во Лоѓ во 1986 година и на Младинскиот фестивал во Аугустов во 1985 година.Како солист и камерен музичар настапува во: Полска, Франција, Германија, Хонг Конг, Малезија, Словачка, Шведска и Украина.Учествува на бројни фестивали и премиерно изведува дела од современите полски композитори кои се снимани за радио и ТВ.Неговите изведби се поместени на бројни носачи на звук, меѓу кои се и двата албуми со флејтистката Агата Кјелар-Длугош.Редовно е пијано придружник на бројни работилници и мајсторски курсеви со етаблирани музичари и педагози. Јунгиевич е професор на Музичката академија во Катовице.

Охрид | пред 5 месеци

1L3A9324

Магична вечер синоќа со препознатливите звуци на тангото на Охридско лето

Магична и незаборавна вечер синоќа во преубавиот амбиент на предворјето на „Св. Софија“, приреди ФАМЕ’С Европскиот оркестарски изведувачки институт, предводен од брилијантната Русанда Панфили од Молдавија. Со музиката на Астор Пјацола концертот насловен како „Либертанго“ ја раскажа животната приказна на овој композитор.Со многу страст и префинетост виолинистката Панфили ја пренесе енергијата кон публиката која со многу емоции го пратеше ритамот на препознатливите звуци на тангото но и ги награди уметниците со долги аплаузи и стоечки овации.Русанда, свирејќи на ретка виолина од 1610 година, донесе фузија на класична, филмска и фолклорна музика, воодушевувајќи ја публиката со својот проект Панфили и пријателите.Русанда Панфили од Молдавија е светски позната виолинистка, композиторка и аранжерка со исклучителен музички талент. Таа исполнува различни музички жанрови, виолински концерти како оние на Шостакович и Сибелиус, разновидни дела од камерното творештво и широк спектар на музика за филмови од легендарните композитори, како Мориконе, Вилијамс, Зимер и Депла.ФАМЕ’С Европскиот оркестарски изведувачки институт е основан во 2022 година во Скопје и е кофинансиран од проектот ФАМЕ`C, ЕУ (Креативна Европа) и Министерството за култура на РСМ.Програмата на Институтот е дизајнирана да ги подобри уметничките и индивидуалните вештини на младите талентирани класични музичари од Европа со отворање нови иновативни перспективи во обуката, професионализацијата и можностите за изведба преку иновативна оркестарска музичка програма.Програмата става акцент на разновиден музички репертоар, овозможувајќи им на студентите да истражуваат широк спектар на жанрови: класична, филмска и музика од видеоигри, џез, модерна, современа и традиционална оркестарска музика. Целта е да се прошират нивните хоризонти и да им се овозможи осознавање нови вештини и музички стилови, надминувајќи ги традиционалните образовни практики.

Охрид | пред 5 месеци

dzambazpv

(Видео) Џамбазов ја отвори душата на Антички: Емотивна вечер со „Гуру Харе“, Тамара и Пере од Нокаут

Античкиот театар во Охрид синоќа беше преполн со емоции, смеа, солзи и аплаузи – сето тоа на концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“. Во магичната атмосфера под отворено небо, џамбазовскиот дух и харизмата како да ја прегрнаа целата публика. Од шеги за охриѓани, до збор-два за битолчани, многу досетки.Концертот започна нежно, со песни што ги носат сеќавањата, а кулминацијата стигна со изведбата на „Време за плачење“, која ја располави тишината на камените трибини. „Диши длабоко“ беше отпеана како молитва – искрена, болна, човечка. Секој стих, секој збор беше одраз на животот што Џамбазов го дели со народот.Публиката имаше можност да ужива и во специјалните музички гости: Тамара Тодевска, која со својата моќна интерпретација внесе нова димензија на вечерта. Ја отпеаја „Гушни ме“, текст напишан од Џамбазов, а отпеана со незаборавениот Влатко Илиевски. На сцената излезе Пере од Нокаут, чие присуство донесе доза на носталгија, рок-енергија, па публиката направи ѕвездено небо за „Лебедот бел“.Концертот беше повеќе од музички настан – беше интимно патување низ животот, времето и вредностите. Џамбазов уште еднаш покажа дека не е само актер, пејач или поет – тој е огледало на македонската душа.На крајот, со раце кон небото и аплауз од срце, Охрид стоеше во чест на еден човек што отсекогаш стоел со народот – искрен, ранлив, свој.

Магазин | пред 5 месеци

ljubovnici

(ВИДЕО) Интернетот во пламен по снимката од концертот на „Колдплеј“ – фатен директор со колешка во прегратка, настана вистински хаос

На концертот на мегапопуларната британска група „Колдплеј“ во Бостон, кој се одржа во средата, љубовна сцена прикажана на големиот екран пред илјадници посетители предизвика вистинска бура на социјалните мрежи. Камерата го улови Енди Бајрон, извршен директор и основач на компанијата „Астрономер“, во близок момент со неговата шефица на одделот за човечки ресурси, Кристин Кабот – и тоа на очиглед на целата публика. Додека камерите шетаа низ толпата, обидувајќи се да фатат емотивни моменти меѓу посетителите, романтичниот кадар на Бајрон и Кабот заврши на големиот екран, нешто што често се случува на спортски натпревари или концерти. Пејачот на групата, Крис Мартин, дури и прокоментира во микрофон: „О, погледнете ги овие двајца!“ Иако парот брзо се повлече и се обиде да остане незабележан, снимката веќе почна да кружи на социјалните мрежи, каде што бројни корисници почнаа да ги препознаваат. Наскоро стана јасно дека Бајрон е оженет, што дополнително ја разгори јавноста. Коментарите не престануваат: од сочувство за неговата сопруга, до остри осуди и подбив на сметка на двајцата.„Кој оди на концерт со љубовницата мислејќи дека нема да биде забележан?“, „Ми е жал за жената, но барем сега вистината е надвор“, се дел од реакциите што преплавија TikTok и X. Инаку, Кристин Кабот ја презела функцијата раководител на човечки ресурси пред околу девет месеци. Ниту таа, ниту Бајрон досега немаат дадено никаква јавна изјава, но според реакциите, јавноста веќе си ја има формирано сликата за нивниот однос.

Свет | пред 5 месеци

dragan1

Се продаваат последните билети и за вториот концерт на Драган Мијалковски

Откако првиот концерт на Драган Мијалковски на 2 април во Националната Опера и Балет се распродаде во рекордно време, со задоволство најавуваме дека се трошат последните билети и за вториот концерт – на 3 април. Побрзајте, бидејќи трет концерт ќе нема!Јубилејните гала-концерти на нашата музичка легенда Драган Мијалковски ќе се одржат во придружба на Големиот концертен оркестар и членови од Националниот џез оркестар во организација на Радио Бубамара.На програмата се најпопуларните песни на Драган Мијалковски кои ќе бидат изведени во исти аранжмани како во старите добри времиња. Ексклузивно ќе бидат претставени и две песни од новиот албум, на кој Мијалковски интензивно работи.Концертот ќе се снима за да се архивира за идните генерации, затоа подгответе се заедно да ги пееме незаборавните „Кажи ми“, „223-3О5“, „Скопје радост моја“, „Кажи нешто, драга“, „Перонот 3“ , „Моја малечка гулабице“, “Убава си како музика“, „Ти така ми доаѓаш“, „Оди си“, „Иди, иди, душо моја“, „Гитаро моја“, „Лебеди, пловете“ и други незаборавни песни, кои одамна си нашле место во домашната антологија на евергрини.Очекуваме концертотот да биде посебен настан, време за уживање и ронка носталгија и заедничка прослава на домашната музичка култура и нашите најголеми музички вредности.

Македонија | пред 1 година

8809ABA0-0E6D-45E7-B2FB-45FC6B0DC9C8_1_102_o

(ВИДЕО) Патриотски концерт на „Меморија“, жива е Македонија!

Тричасовна лекција по патриотизам и како се сака Македонија одржаа „Меморија“ на вчерашниот концерт во арената Борис Трајковски. Помош добија и од Некст Тајм, како и дел од групата „Морал“, но и бројни нивни колеги. Не постоеше песна која публиката не ја пееше заедно со Апостол Поце Икономов, а потоа и со Ристо Самарџиев кој кажа дека пет години и два часа го чекал тој момент да застане на бината и одново запее. Најшеговит сакаше и успеа да биде Перо Камиказа чија „должност“ беше да ја анимира и публиката додека технички се решаваа случајни проблеми. Тој на стартот од концертот им рече на присутните: „Ви благодарам што сте во толкав број, изгледа не отидовте на Цеца (која имаше концерт во Пробиштип) и Рибља чорба“.Ја почнаа вечерта со легендарната „Македонија“ од Дадо Топиќ. Иако не беше Нова година, преку истоимената песна порачаа сосе публиката: „Името не го даваме!“.Од групата не ги заборавија ниту нивните колеги кои повеќе не се меѓу нас. Со „Јесен у мени“ му одаддоа почит на Аки Рахимовски. А заедно со дел од групата „Морал“ го поздравија и Влатко Илиевски. „Чао мајсторе, ако не слуша, поздрав до Аки“, рекоа од групата и ја започнаа легендарната „Кога патувам“ посветена на Влатко Илиевски, а испеана од Ристо Самарџиев.Не се испушти можноста ниту да се испрати поздрав до Еди Рама кој Македонија ја нарече „идна западна Бугарија“. Камиказа гласно извика среде бројните македонски песни: „Нека цркне оној што рече дека сме north (северна) Бугарија“.Незаборавната вечер беше заокружена со бис, каде одново се пееше заедно со публиката „Оган под ѕвездите“, за на крајот концертот да се заврши со „Никогаш северна само Македонија“.Концертот беше преплавен со македонски знамиња и публика од 7 до 77 години.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања