Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

КОНФЕКЦИЈА

media-libraryosplelckiksi3W119lB

Ампева апелира работниците од „Артекс“ да не потпишуваат ништо: Известен е трудов инспекторат, следно е и УЈП

Конфекцијата „Артекс“ се затвора, а вработените денеска се соочиле со спогодбени решенија за престанок на работниот однос, кои им биле врачени на самата капија од фабриката. Револтирани од ваквиот потег, тие одбиле да ги потпишат документите и најавуваат дека ќе останат пред конфекцијата сè додека не им бидат исплатени заостанатите плати и К-15.На случувањата реагираше и Кристина Ампева, од „Гласен текстилец“, која преку социјалните мрежи објави дека на работниците им е обезбедена правна помош и апелира да не потпишуваат ништо. Таа посочи дека се известени надлежните институции, вклучително и трудовиот инспекторат, а најави и вклучување на УЈП.„Во врска со оваа фирма која е една од оние што низ годините покажаа дека немаат иднина ниту причина да постојат. Важно е да се истакне дека има две фирми во една од која едната е фирма, заштитно друштво за инвалидни лица. Имотот како што имам првични сознанија е под хипотека, и како и секогаш работниците се јавуваат кога е дојдено „нож до коска“. Она кое е превземено од наша страна е правна помош да не се потпишуваат на ништо, известен е трудов, следно е и УЈП, а работниците се јавија и кај адвокат, но не сметам дека нешто ќе се направи во судска постапка ако нема пари на сметка и сметката е блокирана и нема имот.Интересно е дека имаме информации за наводни фалсификувани потписи што укажува на кривични дела од страна на работодавачот. А повеќе од итно е во ваква состојба кога работодавачот кажал нема за вас ништо без насока дека сака да исплати, да влезе УЈП, финансова и економски криминал и провери каде се парите од државниот буџет дадени на фирмата, заштитно друштво за инвалидни лица“, вели Ампева.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryla5n6d64jr5j8HrlPRW

(Видео) Се затвара конфекцијата „Артекс“, вработените со солзи во очите: Ни должат две плати и к-15

Конфекцијата „Артекс“ се затвора, а вработените денеска добиле спогодбени решенија за престанок на работниот однос. Според нивните изјави, документите им биле доставени на самата капија од фабриката.Револтирани од начинот на кој им се врачени решенијата, работниците одбиле да ги потпишат. Тие посочуваат дека нема да се повлечат и дека ќе останат пред конфекцијата сè додека не им бидат исплатени заостанатите плати.„25 години работам тука, со две операции сум. Немам ни здравство ни ништо, каде да одам јас. Две плати и к-15 ни должат, не ме следува ништо од денеска. На 27 март рече дека ќе ни даде плата, во 2 часот излегуваат мајсторите и велат дека плата нема, во 2 ипол дојде директорот и рече дека фирмата се затвара“, вели една од вработените.„Ние чекаме плата, тој ветуваше на 25 дека ќе ни даде. Тој телефонски ни се јави крај фирмата се затвара. Кој шок е тоа. Две плати и к-15 ни должи. Од тука деца раниме, сметки, кредити, се и сешто. Лани декемвриската плата беше само 15.000 денари. Каква е таа фирма, каков е тој газда?“, вели друга работничка во конфекцијата. Тие бараат да им ги исплатат платите и да им биде даден отказ за да можат да одат под биро.„Зошто спогодбено, нека ни ги дадат платите, нека ни дадат отказ и нека не стават под бирото. Ние со тие решенија не можеме да идеме под бирото. Сите сме оболени тука што идевме работевме и сабота и недела, и по три дена“, вели вработена.

Македонија | пред 3 седмици

Stobi

Левица поднесе барање за инспекциски надзор за модната конфекција „Стоби“ од Велес

Модната конфекција „СТОБИ” од Велес повторно го злоупотребува Законот за работни односи и ги крши правата на работниците. Во Левица се обратија работници, вработени во оваа конфекција, изложувајќи ги своите проблеми и барајќи помош за нивно решавање. Согласно нивните кажувања, во оваа конфекција на работа доаѓале работници кои што веќе се пензионирани, како и работници кои што биле прогласени за технолошки вишок и земале отпремнина од фирмата. Исто така, регресот за годишен одмор, т.н. К-15 им бил исплатен на работниците, но следниот ден биле принудени да ги вратат на сопственикот на конфекцијата. Дополнително, и плататаим била исплаќана со задоцнување, се вели во соопштението.„Потсетуваме дека во оваа конфекција во континуитет постојат малверзации во работењето, во однос на работничките права. Пред неколку години, Трудовата инспекција констатираше злоупотреби во работењето на Конфекцијата, но, изречените мерки не вродија со плод, затоа што незаконското работење продолжи и понатаму.Со цел да се заштитат правата на работниците во оваа конфекција, Левица поднесе Барање за вонреден инспекциски надзор до Државниот инспекторат за труд. Законската регулатива во однос на заштитата на правата на работниците е минимална и затоа е потребно системско решавање на оваа сфера. Лошите законски решенија, кои ги штитат само газдите, се резултат на децениските политики на естаблишментот, кој се става во служба само на интересот на капиталот.Дека правата на работниците системски се уништуваат, говори и тоа што пратениците од коалицијата на СДСМ и ДУИ гласаа против предлозите на Левица, за унапредување на правата на работниците – со што власта ја легализира експлоатацијата на трудот на работникот и го става на маргините на општеството“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања