Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Се затвара конфекцијата „Артекс“, вработените со солзи во очите: Ни должат две плати и к-15

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryla5n6d64jr5j8HrlPRW

Конфекцијата „Артекс“ се затвора, а вработените денеска добиле спогодбени решенија за престанок на работниот однос. Според нивните изјави, документите им биле доставени на самата капија од фабриката.

Револтирани од начинот на кој им се врачени решенијата, работниците одбиле да ги потпишат. Тие посочуваат дека нема да се повлечат и дека ќе останат пред конфекцијата сè додека не им бидат исплатени заостанатите плати.

— реклама —

„25 години работам тука, со две операции сум. Немам ни здравство ни ништо, каде да одам јас. Две плати и к-15 ни должат, не ме следува ништо од денеска. На 27 март рече дека ќе ни даде плата, во 2 часот излегуваат мајсторите и велат дека плата нема, во 2 ипол дојде директорот и рече дека фирмата се затвара“, вели една од вработените.

„Ние чекаме плата, тој ветуваше на 25 дека ќе ни даде. Тој телефонски ни се јави крај фирмата се затвара. Кој шок е тоа. Две плати и к-15 ни должи. Од тука деца раниме, сметки, кредити, се и сешто. Лани декемвриската плата беше само 15.000 денари. Каква е таа фирма, каков е тој газда?“, вели друга работничка во конфекцијата.

— реклама —

Тие бараат да им ги исплатат платите и да им биде даден отказ за да можат да одат под биро.

„Зошто спогодбено, нека ни ги дадат платите, нека ни дадат отказ и нека не стават под бирото. Ние со тие решенија не можеме да идеме под бирото. Сите сме оболени тука што идевме работевме и сабота и недела, и по три дена“, вели вработена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Stobi

Левица поднесе барање за инспекциски надзор за модната конфекција „Стоби“ од Велес

Македонија | пред 4 години

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања