Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

КПУ ЗАТВОР

media-libraryfblp6a8askj52FzKw0s

Драмски театар и КПУ Затвор Скопје со заеднички проект за ресоцијализација

Драмскиот театар и КПУ Затвор Скопје потпишаа меморандум за соработка со цел отворање нови можности за ресоцијализација на осудените лица преку културата и уметноста.Како што информира Управата за извршување санкции, меморандумот го потпишале директорот на Драмски театар, Роберт Вељановски, и директорот на КПУ Затвор Скопје, Бобан Утковски.Според институцијата, соработката има за цел преку театарски претстави и културни активности да придонесе за духовен развој, едукација и поттикнување позитивни вредности кај осудените лица.„Културата, уметноста и театарот имаат моќ да допрат до секој човек, да разбудат емоции, совест, надеж и желба за позитивна промена“, наведуваат од Управата за извршување санкции.Во рамки на соработката, на 8 мај дел од примерните осудени лица, во придружба на затворската полиција и вработени од секторот за ресоцијализација, присуствувале на театарска претстава.Од КПУ Затвор Скопје најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со активности насочени кон успешна ресоцијализација и подобра интеграција на осудените лица во општеството.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања