Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

курти

kovacevski-telefon

Од кабинетот на Ковачевски контактирале со косовскиот амбасадор по посетата на Курти

Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски информира дека по посета на премиерот на Косово, Албин Курти, е контактирано со косовскиот амбасадор. Од таму коментираат дека се работи за приватна посета на која Владата не била организатор, како и на тоа дека се бара истакнувачот на знамето на „Голема Албанија“ во Тетово.„Кабинетот на премиерот смета дека истакнувањето знамиња кои не се државните е спротивно на протоколите и законите за организирање настани во присуство на државници од странски земји. Воедно, видот на иконографија забележан на настанот во присуство на висок претставник на странска држава е несоодветно и недозволиво во земја членка на ООН и земја членка на НАТО и во таа насока ве информираме дека СВР Тетово презема мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот. Дополнително ве информираме дека од Кабинетот на премиерот во текот на денот е исконтактиран амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, во врска со споменатата иконографија користена при приватната посета на косовскиот премиер на земјата.“, информираат од таму.Од кабинетот го осудуваат и тоа што не е интонирана македонската државна химна и не било истакнато македонското државно знаме, како и на отсуството на заемно почитување. Коментар има и за настанот со улицата во Чаир.„Дополнително, иако локалната самоуправа во Северна Македонија има целосна слобода во донесувањето на одлуки кои ја засегаат општината, сепак, Кабинетот на премиерот Ковачевски посочува дека не се согласува со преименување на улица која го носи името на херојската Втора Македонска Бригада. Посочуваме дека локалната самоуправа требало изминатиот период поревносно да си ја врши својата работа и досега да изгради нова улица која ќе ја именува согласно законските процедури“, се вели уште во реакцијата.

Македонија | пред 2 години

kasami-kurti-apasiev

Да беше Левица на власт, досега Касами ќе беше во притвор, а Курти прогласен за "персона нон грата", вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вели дека доколку Левица била на власт, градоначалникот на Тетово, Билал Касами досега ќе бил во притвор, а Курти ќе бил прогласен за „персона нон грата“.„Да беше Левица на власт, досега КАСАМИ ќе беше во притвор, а Курти прогласен за "персона нон грата".Наравоучение: Пазете за кого гласате!“, вели Апасиев.

Коментари | пред 2 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Знаме со картата од т.н. „голема Албанија“ се вееше во Тетово зад Касами, Курти, Гаши, Меџити

Знамето со картата од т.н. „голема Албанија“ се вееше во Тетово на вчерашниот собир во центарот на градот. Ова се гледа од фотографијата која на социјалните мрежи ја сподели градоначалникот на Тетово, Билал Касами. Тој во првите редови со Иџет Меџити и Африм Гаши, а до нив, Албин Курти. Околу нив и десетици албански знамиња.Организатор на настанот беше Касами. „Макфакс“ побара одговори зошто дозволил да се вее етничкиот симбол каде дел од териториите на Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се преставени како дел од т.н. „голема Албанија“. Тој не одговори на пораката. Молк и на прашањата дали ќе им се извини на Македонците и другите народи за овој чин, но и дали ќе бара санкционирање на лицата кои го вееле.Одговор чекаме и од МВР, за тоа дали полицијата ќе бара одговорност од лицето што го извади знамето, како и од организаторот, кој тоа го дозволил.Минатата година, овој политички симбол се вееше во Гостивар за време на свадба Тогаш, МВР постапи, идентификуваше кој го веел и поднесе пријава до Обвинителството.Инаку, во Тетово се одржа настан на кој присуствуваше Курти, а од каде ја критикуваше Владата и порача дека Македонија треба да биде подалеку од Србија. Макфакс

Македонија | пред 2 години

haradinaj-kurti

Харадинај до Албанците во Македонија: Не му верувајте на измамникот Курти, сите патишта и проекти се блокирани во Косово

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, им порача на Албанците во Северна Македонија дека не треба да му веруваат на „измамникот Албин Курти“.Вака Харадинај реагираше на обраќањето на Курти при вчерашната посета на Тетово, каде рече дека патот Призрен-Тетово, како регионален проект, е многу важен и дека придонесува за развојот и на Косово и на Северна Македонија.Харадинај на Фејсбук сподели дека на Косово се блокирани сите патишта и проекти.„Не му верувајте на измамникот Албин Курти. Сите патишта и проекти се блокирани во Косово, вклучително и Плавскиот пат. Бидејќи веќе не може да ги лаже граѓаните на Косово, дојде да ве лаже вас, зборувајќи за патот Тетово – Призрен. Истото го пробал и во Албанија, но не му поверувале и го избркале. Не потпаѓајте на неговите трикови“, напиша Харадинај на Фејсбук.

Македонија | пред 2 години

366367352_833752541454060_1708123683952027423_n

Касами со Курти разговарал за политичката ситуација во земјава и последните случувања

Денеска премиерот на Косово, Албин Курти беше во неофицијална посета на Македонија. Тој најпрво присуствуваше на свеченоста по повод преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во Чаир, а потоа имаше средба и со градоначалникот на Тетово, Билал Касами.„Чест ми е да му посакам добредојде на братска средба на премиерот на Република Косово, г-дин Албин Курти.На средбата разговаравме за продлабочување на соработката на локално ниво, со посебен акцент во областа на образованието и културата. Нашата поврзаност е духовна и досега сме сведоци на тоа со партнерства. Разговаравме и за политичката ситуација во земјава и последните случувања.Планинскиот туризам е одлична можност да се доближиме до Тетово и Призрен и остануваме посветени да обезбедиме можност нашите граѓани слободно да се движат преку заеднички развојни проектиИсто така, на премиерот Курти му ја подарив сликата која го симболизира сведоштвото за некогашното страдање на албанскиот народ од Призрен и Тетово, кој се мачелДенес сме многу подобри од вчера, работиме за утре да се најде со капитални инвестиции и Национални проекти“, напиша Касами.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања