Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

КЗК

media-library7nl2c8j820768Wtnunv

Санкции за откупни центри поради неправилности при откуп на овошје и зеленчук

Комисијата за заштита на конкуренцијата открила повеќе неправилности кај откупни центри за овошје и зеленчук, кои, според институцијата, се обиделе да го изиграат Законот за нефер трговски практики на штета на земјоделците.Од Комисијата информираат дека најсериозните прекршувања се однесуваат на регулирањето на договорните односи меѓу откупувачите и добавувачите на земјоделски и прехранбени производи.Меѓу утврдените неправилности се непостоење писмени договори за откуп, користење договори без задолжителните елементи предвидени со законот, како и неусогласеност на договорните одредби со законските обврски.Според КЗК, контролите опфатиле неколку откупни центри кои откупувале овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица.Од институцијата најавија дека против субјектите кај кои биле утврдени неправилности ќе бидат преземени соодветни санкции.Воедно, Комисијата апелираше до сите учесници во синџирот за снабдување со земјоделски и прехранбени производи доследно да ги почитуваат законските одредби, со цел обезбедување фер и транспарентни деловни односи и заштита на земјоделците од нефер трговски практики.

Македонија | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања