Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Санкции за откупни центри поради неправилности при откуп на овошје и зеленчук

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library7nl2c8j820768Wtnunv

Комисијата за заштита на конкуренцијата открила повеќе неправилности кај откупни центри за овошје и зеленчук, кои, според институцијата, се обиделе да го изиграат Законот за нефер трговски практики на штета на земјоделците.

— реклама —

Од Комисијата информираат дека најсериозните прекршувања се однесуваат на регулирањето на договорните односи меѓу откупувачите и добавувачите на земјоделски и прехранбени производи.

— реклама —

Меѓу утврдените неправилности се непостоење писмени договори за откуп, користење договори без задолжителните елементи предвидени со законот, како и неусогласеност на договорните одредби со законските обврски.

Според КЗК, контролите опфатиле неколку откупни центри кои откупувале овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица.

— реклама —

Од институцијата најавија дека против субјектите кај кои биле утврдени неправилности ќе бидат преземени соодветни санкции.

— реклама —

Воедно, Комисијата апелираше до сите учесници во синџирот за снабдување со земјоделски и прехранбени производи доследно да ги почитуваат законските одредби, со цел обезбедување фер и транспарентни деловни односи и заштита на земјоделците од нефер трговски практики.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања