„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА

lence-ristoska

Димоски: Очекувано меѓу избраните обвинители не е Ленче Ристоска, затоа напредувале оние за кои постои сомневање дека го оштетиле буџетот

Не можеме предвреме да речеме дека ќе елиминираме некого заради тоа што во јавноста се шпекулира поради нешто, не знам на кој начин би го вршеле тој дел како Совет, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, во врска со изборот на обвинителот Артан Ајро во Вишото јавно обвинителство Скопје.Во однос на неизбирањето на обвинителката Ленче Ристовска во Вишото јавно обвинителство, претседателот на Советот изјави дека немале можност да ги проверат резултатите од нејзиното работење и дека таа би можела да се јави и на конкурсот во септември. Јолевски дополни дека кај обвинителката Ристовска периодов има недостаток на работа по предмети.Во врска со ова на социјалните мрежи се огласи поранешниот обвинител Војо Димоски.„Советот на јавни обвинители се дрзнал во услови кога има тотално разнишан легитимитет, да врши избор на обвинители во повеќе обвинителства низ Македонија.Се разбира изборот е соодветен на моралното и стручно ниво на оние што избираа, па сосема очекувано меѓу избраните не е колешката Ленче Ристоска. Затоа напредувале обвинители за кои на пример, постои сомневање дека со работењето го оштетиле буџетот на РМ и да не набројувам понатаму бидејќи помалку сум уморен од зборување на темата.Зборот ми е дека пораката што ја испратил Советот е дека нема место за квалитетни кадри во Обвинителството.Проблемот е што квалитетните кадри во сите варијанти ќе си го најдат својот пат, ама клучните државни органи ќе останат окупирани од медиокритети.Чарето е во длабински и сеопфатен ветинг и само политичката партија која ќе даде сериозни гаранции за тоа, ќе добие глас од мене.

Коментари | пред 2 години

lence-ristoska

Треба со име и презиме да ги посочиме тие што и вршат притисок на колешката Ленче Ристоска заради искажан став, вели Димоски

Согласни се дека резултатите се алармантни ама наместо анонимно, за притисоците да зборуваат јавно. Судскиот и Советот на јавни обвинители ја повикаа фелата да пријави кој од власта, политиката и колегите им влијае какви одлуки да носат.Судиите да се охрабрат и ги пријават притисоците на кои се пожалиле во анонимната анкета. Првиот човек на Судскиот совет смета дека со молчењето, неговите колеги го загрозуваат сопствениот интегритет.Екс обвинителот Војо Димоски на социјалните мрежи даде свој коментар во врска со оваа изјава.„O really !? Советот нека си побара во електронската пошта за 2021/22 година. Ќе најдат повеќе писма напишани од мене лично, за притисоците што сум ги имал како Јавен обвинител. Ако пак тоа не им помогне нека ја побараат мојата кореспонденција со Државниот обвинител каде со име и презиме наведувам кој вршел притисоци врз мене и не само што наведувам, туку и ги пријавувам! А ако им е тоа малку нека кликнат на линкот подолу во првиот коментар.Треба ли со име и презиме да ги посочиме тие што и вршат притисок на колешката Ленче Ристоска заради искажан став со кој патем речено ја долови суштината на Советот и неговите членови!Зборот ми е не треба да ви се посочуваат имиња, треба да ви се тутне огледало пред суратите и тоа што ќе го видите таму да ви биде одговор!Вие смешни човечиња“, вели Димоски

Коментари | пред 2 години

lence-ristoska

Советот на јавни обвинители за изјавата на Ленче Ристоска: Се изнесуваат ставови без конкретни докази.

Од Советот на јавни обвинители се лутат за изјавата која ја даде обвинителката Ленче Ристоска. Советот иницираше постапка до етичкиот совет за изјавата на oбвинителката Ристоска.Таа на научна конференција изјави дека членови на Советот на јавни обвинители тргуваат со влијание. На денешната седница тие расправале за изјавата и донеле ваква одлука поради прекршување на член 10 од Етичкиот кодекс.„Советот на јавни обвинители не врши казнување, бидејќи советот нема во надлежност ниту водење на дисциплински постапки, ниту постапка за прекршување на етичкиот кодекс“, вели претседателот Антонио Јолевски.Додава дека само ја проверуваат тежината на изјавата, затоа што се споменува Советот и се изнесуваат ставови без конкретни докази.Ристоска кажа дека Советот на јавни обвинители од формирањето во 2008 досега потфрлил во исполнувањето на примарната функција, професионализација на ЈО и изолирање на политички и други влијанија при избори и разрешување на обвинителите.„Јасно е дека Советот на јавни обвинители е извор на тргување со влијание, и сметам дека треба да се реформира. Владее клиентелистички однос за такви што лобираат за нивниот избор и не може да одговори на предизвиците со корупцијата и високиот криминал“, рече обвинителката.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања