ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ЛИПИ

media-librarylla9ketn0bnteDDdJTM

Заменик директорот на НП Македонски шуми донираше 200 липи за роденденот на градоначалникот на Делчево: Јас ги плаќам

Заменик-директорот на НП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, му донираше 200 садници липи на градоначалникот на општина Делчево, Иван Гоцевски по повод неговиот роденден.Почитувани, на идеја на градоначалникот на општина Делчево, Иван Гоцевски, инаку мој добар пријател, по повод неговиот роденден му донирам 200 преубави садници липа!Тој потенцираше дека Делчево во минатото бил град на липите и еве заеднички земаме обврска заедно со сите граѓани кои го сакаат градот повторно да го направиме таков!Јас како негов пријател, за секој негов нареден роденден додека е градоначалник, без разлика каде јас ќе бидам со работа, секоја година ќе му донирам толку колку што ќе побара садници липи!Покрај мојата лична донација, за Делчево донираа уште неколку општо одговорни компании и граѓани при што бројката надмина 1000 садници липи.Е сега, знам дека одредена група граѓани ќе не обвини за лична себепромоција, а еден дел може да одат дури и дотаму да кажат дека користиме државни ресурси за тоа.Но еве веднаш, пред да се дигне било каква магла, да го расчистиме сето тоа!Прво, садниците се лично моја донација, а истите, градоначалникот Иван не ги однесе да ги посади на свој имот, туку ги остави на сите граѓани.Второ и уште поважно, целта на овој настан не само што не е лична самопромоција, туку примарно тој има за цел да разбуди свест кај што повеќе останати јавни личности од политиката, спортот, културата и воопшто луѓе од општествениот јавен живот во Македонија да дел од нивните важни дати во животот ги искористат за општокорисни настани.Овој настан не дека е којзнае колку голем и скап, во моментов, толку ни се можностите, но, поентата е во самиот гест.Во иднина, секако има и ќе има луѓе кои ќе имаат поголеми можности, и еве, нека бидат пример и нека направат многу повеќе.П.С. Знаете, сите сме изморени преживувајќи неколку децении самостојност кои покажаа дека на повеќето политичари, судии, обвинители или какви и да се јавни личности во Македонија, најлесно им е да се "натанкираат" лично за себе и ретко кој од нив да направат нешто за општо добро.Ретки се оние од нив кои се вратија пак во старото гнездо, во безмалку истите услови.Ајде да започнеме да градиме свест, а врз таа свест систем во кој ние, сите оние кои можат, место за својот џеб ќе поработиме повеќе за општото добро на нашите сограѓани.Мислам дека секој би бил многу поисполнет ако место да изгради огромна хациенда, во своето родно место помогне да се средат сите улици, паркови, клупи, маси или што и да е за добро на сите свои комшии, роднини, пријатели и познаници.Да изградиме навика, свест и систем во кој она кое некому би му значело малку, на останатите да им значи многу ...Ако во изминатите три децении секој од оние кои ненормално се збогатија вложеа барем малку во заедничко општо добро, Македонија ќе беше одамна Дубаи, и тоа не како ова сега малку разрушено, туку како она целосно сјајно.Ајде, сега ние со Иван одиме да видиме како се садат липите, за се останато, ќе дебатираме подоцна, ...“, вели Михаилов

Македонија | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања