МАРИХУАНА

media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

Полиција, истражители, медицински тимови влегоа во фирмата поврзувана со шверцот на марихуната од Македонија за Србија

Полицијата и истражителите цел денср во седиштето на фирмата што се поврзува со шверцот на пет тони марихуана од Македонија кон Србија. Голема полициска присутност се забележува во кругот на поранешната фабрика „Охис“, додека паралелно се вршат проверки и на повеќе локации во струмичкиот регион. На терен се присутни и медицински тимови.Акцијата се спроведува по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кое ја води истрагата за меѓународниот шверц на дрога.Во фокусот на истрагата е компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“, регистрирана во 2023 година, со дејност одгледување и преработка на билки, ароматични и лековити растенија за фармацевтска употреба. Според податоците од Централниот регистар, компанијата има акционерски капитал од околу 529 илјади евра и повеќе ко-сопственици, од кои еден е осомничен во постапката што ја води Обвинителството.Јавно достапните финансиски податоци покажуваат дека фирмата работи со загуба, а во 2024 година пријавила минус од над осум милиони денари. Лиценцата за одгледување канабис за медицински цели ја добива во април минатата година, а седиштето ѝ е во скопска Кисела Вода.Случајот повторно го отвора прашањето за поврзаноста на лица од Србија со македонски компании за одгледување медицински канабис, тема што веќе еднаш беше актуализирана по аферата „Јовањица“. Истрагата е во тек, а надлежните најавуваат дополнителни дејствија.

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања