Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Полиција, истражители, медицински тимови влегоа во фирмата поврзувана со шверцот на марихуната од Македонија за Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

Полицијата и истражителите цел денср во седиштето на фирмата што се поврзува со шверцот на пет тони марихуана од Македонија кон Србија. Голема полициска присутност се забележува во кругот на поранешната фабрика „Охис“, додека паралелно се вршат проверки и на повеќе локации во струмичкиот регион. На терен се присутни и медицински тимови.

— реклама —

Акцијата се спроведува по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кое ја води истрагата за меѓународниот шверц на дрога.

— реклама —

Во фокусот на истрагата е компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“, регистрирана во 2023 година, со дејност одгледување и преработка на билки, ароматични и лековити растенија за фармацевтска употреба. Според податоците од Централниот регистар, компанијата има акционерски капитал од околу 529 илјади евра и повеќе ко-сопственици, од кои еден е осомничен во постапката што ја води Обвинителството.

Јавно достапните финансиски податоци покажуваат дека фирмата работи со загуба, а во 2024 година пријавила минус од над осум милиони денари. Лиценцата за одгледување канабис за медицински цели ја добива во април минатата година, а седиштето ѝ е во скопска Кисела Вода.

— реклама —

Случајот повторно го отвора прашањето за поврзаноста на лица од Србија со македонски компании за одгледување медицински канабис, тема што веќе еднаш беше актуализирана по аферата „Јовањица“. Истрагата е во тек, а надлежните најавуваат дополнителни дејствија.

— реклама —
media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

(Видео) Србија ја тресе најголемата нарко-афера која води до Македонија: рекордна заплена на марихуана

Набавката на повеќе од пет тони марихуана oд територијата на Република Македонија е клучниот елемент во истрагата за најголемата заплена на дрога во историјата на Србија. Според српското Обвинителство за организиран криминал, организирана криминална група од почетокот на јануари до 29 јануари 2026 година во Македонија се стекнала со точно 5.002.079,18 грама марихуана, која потоа била транспортирана преку граница и пласирана на српскиот пазар.Како што наведуваат истражните органи, дрогата, по пл

Свет | пред 4 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

UaYct-

Затвореник од Идризово фатен со марихуана за време на викенд-отсуство

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-librarycmmi2693vagt6MRRAbT

Поранешни претседатели на ограноци на СДСМ се вмешани во трговијата со марихуана, случајот се продлабочува, вели Мицкоски

Македонија | пред 3 месеци

media-librarybpgbqo9dk3vpeKnrVrn

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување марихуана по констатирани законски пропусти

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycmmi2693vagt6MRRAbT

Полицијата влезе во уште една фабрика за марихуана, овојпат во валандовско: нова акција на МВР и Обвинителството

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања