Марко Пејчиновски со нов подвиг - со пливање, велосипед и трчање ќе измине 106,8 км: Со Божја помош е можна, иако живеам со ретка болест која ме спречува
Охриѓанецот Марко Пејчиновски, познат како детето кое го преплива Охридското Езеро, сега има нов предизвик. Тој живее со ретка болест на левата нога, која го спречува да трча, но, тоа не е пречка за него да оствари нова цел. Најавува дека ќе мине речиси 107 километри, комбинирано - трчајќи, со велосипед и пливајќи.„Оваа година се подготвувам за нов, досега најголем предизвик: модифициран IRONMAN триатлон. Од Св. Наум ќе трчам 42,2 км до Струга, потоа ќе возам велосипед 42,2 км назад до Св. Наум,
Охрид | пред 1 година