Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

МАТКА

media-librarym3l3bpgp35esffgEfbv

Затворена патеката на Матка поради опасност од уривање карпи

Општина Сарај официјално објави дека движењето по патеката во Матка е целосно забрането поради сериозна опасност од уривање карпи.Општината ги информира жителите, локалните и странските туристи, како и сите здруженија кои планираат активности во оваа област, дека врз основа на одлуката на Дирекцијата за заштита и спасување (57-2071-1 од 19.02.2026 година), движењето по патеката Матка треба да се внимава поради ризик од одрон на камења.Исто така, ве информираме дека Дирекцијата за заштита и спасување постави и знаци што означуваат одрон на камења во опасни подрачја.Забраната стапува на сила веднаш и ќе трае до понатамошно известување.Ги молиме сите граѓани и посетители да ја почитуваат одлуката за сопствена безбедност. Во спротивно, во случај на несреќа поради непочитување на правилата, одговорноста останува на оштетениот“, велат од Општина Сарај

Скопје | пред 1 седмица

IMG_4225

(Видео) Обновена маркацијата на кружната патека Водно – Матка – Водно

Во текот на декември 2025 година, со помош на Пивара Скопје, во рамки на општествено одговорната платформа „Наша Гордост, Наша Одговорност“ од страна на Зружението за одржлив развој и компнијата Одржливи Авантуристички Патувања, се реализираа активности за обновување и освежување на планинарската маркација на една од најатрактивните кружни патеки во околината на Скопје, тоа е патеката Водно – Матка – Водно, вклучително и кракот кој води од с. Горно Нерези.„Со оваа интервенција се подобри видливоста и безбедноста на движење за сите љубители на активниот туризам – планинари, тркачи, рекреативци и велосипедисти. Патеката претставува значајна врска помеѓу природните богатства на Водно и кањонот Матка, овозможувајќи уникатно искуство во природа на само неколку километри од градот.Во процесот на обновување беа обележани клучните точки, освежени постојните знаци, додадени неколку нови патокази и беа извршени активности за подобра ориентација на терен, со цел да се намали ризикот од губење на правецот и да се поттикне одговорно користење на планинскиот простор. Во процесот беше започнато со чистење на теренот на старата патека која од местото Бункери продолжува преку шума и се доаѓа до врвот пред Кота(Кале).Оваа патека има особено значење за развој на одржлив и активен туризам во регионот, бидејќи овозможува кружно движење без потреба од транспорт, ја зголемува пристапноста до природните локалитети и ги поттикнува граѓаните кон здрави животни навики“, велат од компнијата Одржливи Авантуристички Патувања.

Скопје | пред 2 седмици

media-library184bq9rs3ako1ign3PA

(Видео) Одрон на карпа во Кањон Матка го загрози животот на посетители

На 7-ми јануари годинава, на пешачка патека во Кањон Матка се случил одрон на карпа.Според снимките, јасно е дека одронот се случил додека во близина на карпата имало посетители.За среќа, никој од присутните не е повреден.

Настани | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања