Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Обновена маркацијата на кружната патека Водно – Матка – Водно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Скопје
IMG_4225

Во текот на декември 2025 година, со помош на Пивара Скопје, во рамки на општествено одговорната платформа „Наша Гордост, Наша Одговорност“ од страна на Зружението за одржлив развој и компнијата Одржливи Авантуристички Патувања, се реализираа активности за обновување и освежување на планинарската маркација на една од најатрактивните кружни патеки во околината на Скопје, тоа е патеката Водно – Матка – Водно, вклучително и кракот кој води од с. Горно Нерези.

— реклама —

„Со оваа интервенција се подобри видливоста и безбедноста на движење за сите љубители на активниот туризам – планинари, тркачи, рекреативци и велосипедисти. Патеката претставува значајна врска помеѓу природните богатства на Водно и кањонот Матка, овозможувајќи уникатно искуство во природа на само неколку километри од градот.

Во процесот на обновување беа обележани клучните точки, освежени постојните знаци, додадени неколку нови патокази и беа извршени активности за подобра ориентација на терен, со цел да се намали ризикот од губење на правецот и да се поттикне одговорно користење на планинскиот простор. Во процесот беше започнато со чистење на теренот на старата патека која од местото Бункери продолжува преку шума и се доаѓа до врвот пред Кота(Кале).

— реклама —

Оваа патека има особено значење за развој на одржлив и активен туризам во регионот, бидејќи овозможува кружно движење без потреба од транспорт, ја зголемува пристапноста до природните локалитети и ги поттикнува граѓаните кон здрави животни навики“, велат од компнијата Одржливи Авантуристички Патувања.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library27ch1q7ee3a95C3C5PL

Неверојатен подвиг на Водно: Жарко и Емилија 12 пати се качија на Водно во еден ден, совладаа поголема висинска разлика од Еверест

Магазин | пред 2 седмици

— реклама —
zicnica-696x463

Ѓорѓиевски: Жичницата била небезбедна, три сензори биле надвор од функција

Скопје | пред 1 месец

media-library1bqucq550pc98incr2G

„Стоп за бетонизацијата на Водно“: Покрената петиција против ДУП-от за Барутана

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryiflk151ln5pveGgjnX1

(Видео) „Мизерија од народ сме“: Ѓубре насекаде, искршена клупа и целосно демолиран летниковец на Водно

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања