Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Неверојатен подвиг на Водно: Жарко и Емилија 12 пати се качија на Водно во еден ден, совладаа поголема висинска разлика од Еверест

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Магазин
media-library27ch1q7ee3a95C3C5PL

Македонските планинари Жарко Терзиевски и Емилија Лазареска реализираа голем планинарски подвиг на Водно, совладувајќи вкупно 9.080 висински метри и поминувајќи 169,76 километри во рамките на предизвикот „Еверестинг“.

Двајцата планинари 12 пати ја поминале патеката од Полициска до Крстот на Водно, со што успеале да совладаат вкупна висинска разлика поголема од надморската височина на Монт Еверест, која изнесува 8.848 метри.

— реклама —

Според податоците објавени од Емилија Лазареска на Инстаграм, активноста забележана преку апликацијата Strava опфаќа 169,76 километри, вкупно искачување од 9.080 метри и време од 21 час и 49 минути. На приложената статистика се евидентирани и 38.852 чекори.

— реклама —
media-library1iiqg9ja9k7gasxJSye

„Еверестинг на Водно. 12 пати од Полициска до Крстот, вкупно 9.080 метри висинска разлика. Една долга и убава авантура со Жарко“, напиша Лазареска.

Таа им се заблагодари на сите што помогнале во организацијата, логистиката и поддршката за реализација на предизвикот.

— реклама —

„Едно Водно, 12 искачувања и 9.080 метри под нозете“, порача Лазареска.

„Еверестинг“ е предизвик во кој учесниците повеќепати искачуваат иста патека сè додека не совладаат најмалку 8.848 висински метри, без потреба да се искачуваат на самиот Монт Еверест.

Со 12 искачувања на Водно, Жарко и Емилија го надминале тој праг за 232 висински метри, покажувајќи голема физичка издржливост и упорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

zicnica-696x463

Ѓорѓиевски: Жичницата била небезбедна, три сензори биле надвор од функција

Скопје | пред 1 месец

— реклама —
media-library1bqucq550pc98incr2G

„Стоп за бетонизацијата на Водно“: Покрената петиција против ДУП-от за Барутана

Скопје | пред 1 месец

media-libraryiflk151ln5pveGgjnX1

(Видео) „Мизерија од народ сме“: Ѓубре насекаде, искршена клупа и целосно демолиран летниковец на Водно

Скопје | пред 1 месец

media-libraryc56s1v4s0g8udp80jYH

Возачот на ЈСП спречил поголем пожар на Водно: го однел автобусот на безбедно за да не се запали шумата

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања