Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Водно доби нов лик: Обновени клупите, летниковците и кантите, изградени и нови содржини за најмладите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 26 минути -

Скопје
media-libraryc3adjq4aqtkke86BMof

Водно е освежено и уредено со нови содржини, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој преку објава на социјалните мрежи ги презентираше активностите за уредување на овој рекреативен простор.

Како што посочува Ѓорѓиевски, во изминатиот период било уредено влезното место кон жичарата, а било изградено и ново детско катче.

— реклама —
media-libraryet671ov3dnjhbqoz1XI

Обновени се клупите, кантите за отпадоци и летниковците, додека дрвените елементи добиле нова боја и освежен изглед.

Градоначалникот упати благодарност и до општествено одговорната компанија „Филип Морис“ за поддршката во уредувањето на просторот.

— реклама —

Во објавата тој потсети и на претходните активности на Водно, меѓу кои поставувањето нов асфалт на патот кон Средно Водно, како и воведувањето ЛЕД-осветлување на оваа делница.

— реклама —

Дополнително, изграден е и моторички парк, наменет за најмладите, каде што децата преку игра на отворено можат да ја развиваат рамнотежата и координацијата.

„За илјадници скопјани, Водно е дел од животот. Тука доаѓаме на прошетка по работниот ден, а за викенд тргнуваме по патеките со семејството и со пријателите“, напиша Ѓорѓиевски.

— реклама —
media-librarygcnmag8979b84j5JCd6

Тој упати апел до посетителите да го чуваат Водно, да не оставаат отпад и да придонесат за зачувување на зеленилото и уредените површини.

„Да го оставиме Водно чисто по секоја прошетка и зелено за секоја следна генерација“, порача градоначалникот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library27ch1q7ee3a95C3C5PL

Неверојатен подвиг на Водно: Жарко и Емилија 12 пати се качија на Водно во еден ден, совладаа поголема висинска разлика од Еверест

Магазин | пред 3 седмици

— реклама —
zicnica-696x463

Ѓорѓиевски: Жичницата била небезбедна, три сензори биле надвор од функција

Скопје | пред 2 месеци

media-library1bqucq550pc98incr2G

„Стоп за бетонизацијата на Водно“: Покрената петиција против ДУП-от за Барутана

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryiflk151ln5pveGgjnX1

(Видео) „Мизерија од народ сме“: Ѓубре насекаде, искршена клупа и целосно демолиран летниковец на Водно

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања