Во автомобилот му нашле 25 туби со 20 литри нафта, па го уапсиле
На 04.02.2026 во 17:25 часот во село Пепелиште, неготинско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода О.П. (51) од Пепелиште.При контрола на патничко возило „ровер фрилендер“ со велешки регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени 25 туби со по 20 литри нафта за кои возачот не поседувал соодветна документација.О.П. е задржан во Полициската станица Неготино, а по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
Македонија | пред 14 часа