Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

МЕКСИКО

Screenshot-2024-10-25-081409

Најмалку 16 лица, меѓу кои и двајца полицајци, загинаа во престрелката: судир на две криминални групи во Мексико

Пукање меѓу две конфликтни криминални групи во мексиканската држава Гереро вчера остави 16 мртви, соопштија властите.Вчера наутро околу 5 часот, завојуваните картели се судрија во рурална, планинска област на државата, која во последните години стана бојно поле.Локалната полиција беше затекната во нападот, двајца полицајци беа убиени, а четворица повредени, соопшти мексиканското Министерство за одбрана. Ранетите се во стабилна состојба по укажаната помош, јавува Ројтерс.На нападот одговори и блиската база на Националната гарда, а тројца воени офицери беа ранети, соопшти Министерството. За 14 загинати се претпоставува дека се членови на криминални групи, а 11 лица се уапсени.

Свет | пред 1 година

pukanje-meksiko

19 убиени во престрелка во Синалоа, уапсен лидер на картелот

Во пукање во близина на главниот град на мексиканската држава Синалоа се убиени 19 осомничени членови на банда и уапсен лидер на локален картел, соопшти доцна вчера мексиканското Министерство за одбрана.Судирот се случил во понеделникот кога повеќе од 30 вооружени напаѓачи отвориле оган врз војниците на околу 11 километри од Кулијакан, во Синалоа, се вели во соопштението. Се додава дека некои од напаѓачите побегнале откако федералните агенти возвратиле на оган.Уапсениот осомничен е идентификуван како Едвин Антонио „Н“ - локален водач на картелска фракција поврзана со ко-основачот Исмаел Ел Маја Замбада.Полицијата, исто така, заплени седум возила и речиси 30 огнени оружја, вклучувајќи митралези, муниција, панцири и шлемови.Насилството во Синалоа ескалира по апсењето на Замбада кон крајот на јули во Тексас, што го засили ривалството меѓу картелските фракции, пренесува Ројтерс. Замбада, кој има околу 70 години, тврди дека бил киднапиран од висок член на фракцијата Лос Чапитос и одведен во САД против негова волја.

Свет | пред 1 година

GZVP7juXcAAg-lA

Мексикански градоначалник убиен неколку дена откако дојде на власт, неофицијално е обезглавен

Градоначалникот на мексиканскиот град Чилпансинг е убиен само неколку дена по преземањето на функцијата, пишува Скај Њуз.Алехандро Аркос минатиот понеделник положи заклетва како градоначалник на Чилпанцинго, главниот град на државата Гереро, каде што се наоѓа Акапулко.Областа долго време е зафатена со насилство поради криминалните банди и дрогата. Непроверени извештаи велат дека Аркос бил обезглавен. Полицијата не потврди никакви детали за неговата смрт, но снимката од местото на настанот во Чилпансинг објавена на социјалните мрежи покажува отсечена глава на градоначалникот и на покривот на џип.„За неговата загуба жали целата заедница на Гереро. Ние сме исполнети со бес“, рече гувернерката на Гереро Евелин Салгадо.Државното правобранителство соопшти дека го истражува убиството на градоначалникот. Последното насилство дојде само три дена откако беше убиен секретарот на новата градска влада, Франциско Тапија.

Свет | пред 1 година

klaudija-sh-meksiko

Клаудија Шејнбаум официјално стана првата жена претседател на Мексико

Поранешната градоначалничка на Мексико Сити, Клаудија Шејнбаум, вчера официјално стана првата жена претседател на Мексико од независноста на земјата во 1821 година, наследувајќи го популарниот Андрес Мануел Лопез Обрадор на таа позиција.Шејнбаум, климатски научник со еврејско потекло, положи заклетва пред претставници и сенатори во Мексиканскиот конгрес.Во јуни таа победи на изборите со речиси 60 отсто од гласовите, откако излезе пред владејачката левичарска партија Движење за национална обнова (Морена) и сојузниците.Поранешната градоначалника на Мексико Сити ја презема функцијата од нејзиниот ментор, Андрес Мануел Лопез Обрадор, кој ја воведе во политиката во 2000 година како заменик за еколошки прашања во градското собрание на мексиканската престолнина.Веднаш по победата таа најави дека нејзината влада ќе биде фискално одговорна и ќе ја почитува автономијата на централната банка. Најави и дека ќе ја зајакне безбедноста на земјата.

Свет | пред 1 година

istanbul-eksplozija1-830x0-1

Петмина загинати во експлозија во фабрика за текила во Мексико

Во експлозија во фабрика за пијалоци во Мексико загинаа најмалку пет лица, а двајца се повредени, соопштија денеска локалните власти.Државната агенција за цивилна заштита доцна во вторникот на платформата X објави дека експлозијата се случила во градот Текила во државата Халиско во западно Мексико.Службите за итни случаи ја евакуираа областа околу централата како мерка на претпазливост, а властите рекоа дека на жителите подоцна им било дозволено да се вратат во своите домови.Оттаму соопштија и дека пожарот набрзо бил локализиран, но дека пожарникарите и итната помош се уште се на терен.

Свет | пред 1 година

meksiko

Мексико ја избра Клаудија Шајнбаум за прва жена претседател со убедлива победа

Клаудија Шајнбаум беше избрана за прва жена претседател на Мексико, со најмалку 58,3 отсто од гласовите, според брзото пребројување на изборната комисија на Мексико.Најблискиот ривал, Ксочитл Галвез од опозициската коалиција, доби најмалку 26,6 отсто од гласовите, додека Хорхе Алварез Мајнез, кандидатот на центристот Мовимиенто Сиудадано, е трет со најмалку 9,9 отсто од гласовите, пишува Гардиан.Брзото пребројување беше одложено неколку пати без објаснување од страна на изборната комисија, што го натера Галвез да фрли сомнеж во неговата веродостојност, и покрај огромниот јаз во излезните анкети. „Гласовите се таму. Не смееме да дозволиме да ги кријат“, напиша Галвез на X.Како што доаѓаа резултатите, поддржувачите на владејачката партија Морено на Шајнбаум отпатуваа на симболичниот главен плоштад во Мексико Сити, Зокало, каде што Шајнбаум требаше да одржи победнички говор.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Се урна бина на предизборен митинг во Мексико: Најмалку девет мртви

Најмалку девет лица загинаа, а околу 50 се повредени откако се урна бина на предизборен митинг во Мексико, соопштија локалните власти. Инцидентот се случил додека претседателскиот кандидат на левиот центар Хорхе Алварез Мајнез држел говор во градот Сан Педро Гарза Гарсија. Уривањето на бината е предизвикано од ненадеен силен налет на ветер, напиша Мајнез на Х, а пренесе Би-би-си.На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа моментот кога конструкцијата се урна додека неколку луѓе беа на сцената. Гувернерот на државата Самуел Гарсија ги повика локалните жители да останат дома поради силните грмотевици во областа.Мајнез е кандидат на партијата Граѓанско движење и моментално е на третото место во националните анкети. Во објава на Х тој изјави дека самиот не е повреден, но дека се повредени неколку членови на неговиот тим.https://x.com/brauliolunan/status/1793475806599204973

Свет | пред 1 година

telefon-1

Дизајнирана апликација за зачувување пораки и последни желби на покојникот

Мексиканецот Мигел Фарел дизајнираше апликација за зачувување пораки и последни желби, кои корисникот би сакал да ги сподели со најблиските по неговата смрт.Апликацијата наречена „Past Post“, „му овозможува на корисникот да остава пораки што ќе се користат по неговата смрт“, изјави нејзиниот креатор, претприемачот Фарел, за AFP.Како пример, тој напомена дека таткото може да сними честитки кои неговите деца ќе ги слушаат со години подоцна кога ќе дипломираат, доколку тој во меѓувреме умре.Апликацијата зачувува видеа во форма на NFT, сертификат за автентичност поврзана со компјутерска датотека што може да биде слика, текст или парче музика, што не може да се копира или менува.Фарел рече дека „Past Post“ чини 19 долари годишно и може да се користи за претходно снимање на насоки за сопствениот погреб или други тековни работи, како што се банкарски сметки и лозинки за сметки на социјалните мрежи.Дизајнерот предупреди дека апликацијата не е дигитален тестамент бидејќи не може да замени вистински тестамент бидејќи законот бара заверен документ.Документот создаден од апликацијата „нема никаква правна вредност, но има многу важна симболичка вредност“, додаде Фарел.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања