Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

19 убиени во престрелка во Синалоа, уапсен лидер на картелот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
pukanje-meksiko

Во пукање во близина на главниот град на мексиканската држава Синалоа се убиени 19 осомничени членови на банда и уапсен лидер на локален картел, соопшти доцна вчера мексиканското Министерство за одбрана.

— реклама —

Судирот се случил во понеделникот кога повеќе од 30 вооружени напаѓачи отвориле оган врз војниците на околу 11 километри од Кулијакан, во Синалоа, се вели во соопштението. Се додава дека некои од напаѓачите побегнале откако федералните агенти возвратиле на оган.

— реклама —

Уапсениот осомничен е идентификуван како Едвин Антонио „Н“ - локален водач на картелска фракција поврзана со ко-основачот Исмаел Ел Маја Замбада.

— реклама —

Полицијата, исто така, заплени седум возила и речиси 30 огнени оружја, вклучувајќи митралези, муниција, панцири и шлемови.

— реклама —

Насилството во Синалоа ескалира по апсењето на Замбада кон крајот на јули во Тексас, што го засили ривалството меѓу картелските фракции, пренесува Ројтерс. Замбада, кој има околу 70 години, тврди дека бил киднапиран од висок член на фракцијата Лос Чапитос и одведен во САД против негова волја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv6bat2uhoo2re8xeG6P

(Видео) Две лица загинаа при пад на мал авион во Мексико, се урна минута по полетувањето

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryp7n70m2169gr4gXBrVB

(Видео) Инцидент во мексиканска емисија: Водителот го шутна дронот и ја погоди манекенката во лице

Вирално | пред 2 седмици

media-library7t7a4a9al8987htcqKE

(Видео) Мексико под закана од силен ураган со ветрови до 195 километри на час

Свет | пред 4 седмици

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Илјадници Мексиканци протестираа поради загадената вода за пиење

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања