Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Илјадници Мексиканци протестираа поради загадената вода за пиење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15
Photo by Swanky Fella on Unsplash

Илјадници граѓани излегоа на протест во Гвадалахара, еден од најголемите градови во Мексико, незадоволни од загадената вода што тече од нивните чешми. Демонстрантите се собраа пред резиденцијата на гувернерот, а според локалните медиуми, дошло и до судири со полицијата.

— реклама —

Жителите на некои населби со месеци се жалат дека водата е нечиста, има жолта боја и непријатен мирис. Гувернерот на сојузната држава Халиско, Пабло Лемус, соопшти дека надлежните работат на решавање на проблемот и дека досега добиле илјадници пријави од граѓаните.

— реклама —

„Го разбирам вашето незадоволство, ги слушам вашите барања и имате целосно право да го искажете своето мислење“, порача Лемус на социјалните мрежи.

Минатата недела надлежните служби го прекинаа снабдувањето со вода од блиското езеро Лас Пинтас, кое е еден од изворите за водоснабдување на градот. Според официјалните информации, водата била загадена со отпадни води по обилните дождови.

— реклама —

Сепак, демонстрантите тврдат дека проблемот трае со месеци и дека започнал многу пред последните обилни врнежи.

— реклама —

Гвадалахара, која претходно оваа година беше еден од градовите домаќини на Светското фудбалско првенство, сега се соочува со незадоволство на граѓаните поради квалитетот на водата за пиење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7n70m2169gr4gXBrVB

(Видео) Инцидент во мексиканска емисија: Водителот го шутна дронот и ја погоди манекенката во лице

Вирално | пред 5 дена

— реклама —
media-library7t7a4a9al8987htcqKE

(Видео) Мексико под закана од силен ураган со ветрови до 195 километри на час

Свет | пред 2 седмици

media-libraryhciodtgp1b8v2aDX0SV

(Видео) Ураган од четврта категорија се движи кон Мексико, ветрови до 225 км/ч

Свет | пред 3 седмици

media-libraryar8skv0b6hqa4wt3a3c

(Видео) Десет загинати и 16 повредени во бунт во затвор во Мексико

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања