Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Мексико под закана од силен ураган со ветрови до 195 километри на час

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library7t7a4a9al8987htcqKE

Ураганот Труди, кој се движи кон југозападните и западните делови на пацифичкиот брег на Мексико, се засили и достигна трета категорија.

— реклама —

Утрово, ураганот се наоѓал на околу 385 километри југозападно од Акапулко и на околу 535 километри југоисточно од Мансанило, објави Асошиејтед прес.

Максималната постојана брзина на ветерот достигнала 195 километри на час, а невремето се движело кон северозапад со брзина од девет километри на час, соопшти американскиот Национален центар за урагани во Мајами.

— реклама —

За мексиканскиот брег е издадено предупредување за ураган, додека за подрачјето од Сиуатанехо долж брегот до Мансанило е на сила предупредување за тропска бура, се наведува во соопштението на центарот.

— реклама —

Северозападно од ураганот Труди се движела тропската бура Сајмон, со ветрови со брзина од 75 километри на час. Според прогнозите, таа наскоро би требало да ослабне.

Во меѓувреме, за Гуам и Рота е издадено предупредување за тајфун, додека за Тинијан, Сајпан и околните подрачја е на сила предупредување за тропска бура.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv6bat2uhoo2re8xeG6P

(Видео) Две лица загинаа при пад на мал авион во Мексико, се урна минута по полетувањето

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryp7n70m2169gr4gXBrVB

(Видео) Инцидент во мексиканска емисија: Водителот го шутна дронот и ја погоди манекенката во лице

Вирално | пред 2 седмици

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Илјадници Мексиканци протестираа поради загадената вода за пиење

Свет | пред 4 седмици

media-libraryhciodtgp1b8v2aDX0SV

(Видео) Ураган од четврта категорија се движи кон Мексико, ветрови до 225 км/ч

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања