Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

мерко

merko

Мерко се појави во јавност, доаѓа и натаму на работа

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, се појави во јавност по три дена откако Стејт Департментот го стави на „црната листа“.Сепак, функционерот на ДУИ засега останува резервиран и натаму и не сака да дава изјави. Камерата на ТВ21 го затекна на балконот од општината.ДУИ вчера преку Бујар Османи објави дека тој е исклучен од сите партиски органи.

Македонија | пред 2 години

merko

Антикорупциска вели дека не знае за случајот со Мерко, Ковачевски и ЈО немаат информации, а тој е на црна листа за криминал и корупција, работи ли нешто власта, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Антикорупциската комисија вели дека не знае ништо за случајот со Мерко, вели ВМРО-ДПМНЕ„Обвинителството вели дека нема целосни информации за Мерко.Премиерот Ковачевски вели дека нема информации за Мерко.Од ДУИ велат дека немаат информации за случајот со струшкиот градоначалник.А, Мерко е на црна листа за криминал и корупција.Прашањето е работи ли нешто оваа власт и за што земаат пари овие луѓе и институции“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

Ramiz-Merko-780x470-1

ДУИ бара институциите да направат сеопфатна истрага за Рамиз Мерко

ДУИ донела три одлуки за иднината на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, откако тој се најде на црната листа на САД, со одлука на Стејт департментот. Му се замрзнува членството во раководните органи на партијата, се прекинуваат партиските изборни активности во Струга, а од институциите се бара истрага за нивниот сопартиец. Мерко имал средба со Ахмети, пред да бидат донесени сите овие одлуки. Османи посочи дека ДУИ би направила истрага за струшкиот градоначалник, ама не се истражен орган.„ДУИ ги донесе следните одлуки: Бара институциите да направат сеопфатна истрага за Рамиз Мерко за сите можни тврдења кои произлегуваат од Стејт департментот. ДУИ ја прифаќа одлуката на Мерко за замрзнување на неговото членство во Централното претседателство, Генералниот совет на ДУИ. ДУИ ги прекинува изборните активности во Струга, додека не се создадат нови услови за тоа“, рече Османи.Во зависност од исходот од истрагата, ќе се знае дали Мерко ќе се врати во раководните структури на ДУИ.„Во ДУИ има започнато изборен процес во поголем број ограноци и има одредени рокови за пријавување на кандидати. Изборите се закажани за 2 јули. За да се даде можност кој ќе биде кандидат, треба да се остави простор, да се замрзне процесот во огранокот во Струга“, објасни Османи за тоа што значи одлуката за замрзнување на изборните активности.Османи додаде: „Ги повикуваме сите државни институции да започнат истрага за сите политички партии – од претседателите до најниските ешалони на одлучување“.Османи смета дека ДУИ е единствената партија која бара ветинг. Ги цени одлуките на САД.„САД се наш најголем стратешки партнер и сојузник. Нивните ставови не само што во ДУИ ги почитуваме туку ги сметаме и за добронамерни. ДУИ има јасни ставови за владеењето на правото, борбата со корупцијата, начинот на кој работат носителите на функции и тие се формални одлуки на ДУИ. Ќе ве потсетам на две такви одлуки – за задолжителен ветинг на секој носител на јавна функција; одлука за итна институционална верификација за сите сомневања за сите носители на јавни и партиски функции“, додаде Османи.

Македонија | пред 2 години

brane-petrusevski

Петрушевски: Случајот со Мерко го потврдува кажувањето на претседателот Мицкоски дека дедуизацијата е неопходен процес во Македонија

На ДУИ очигледно не и одговара темата со Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга и неговото ставање на црната листа на САД, па затоа не реагираат, за други настани реагираат, но не и за овој, рече Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа.„Има можности ДУИ да реагира, можеби не да го смени од градоначалник, но на пример исклучување од партијата и слично. Дополнувањето на црната листа на САД со Мерко е сериозен показател дека тоа што го кажува претседателот Христијан Мицкоски оти на Македонија и е потребна дедуизација е нешто неопходно што треба да се случи“, рече Петрушевски.Петрушевски укажа дека од ДУИ се метастазирани во сите институции на правосудниот систем, како и во други институции, и изненадува што од ДУИ е наведен само Мерко.„Ковачевски со изјавата како може да знаат во САД за Мерко, а не и домашните институции, покажа дека судството е руинирано. Сите случувања и со Судскиот совет на пример покажува вклученост, длабока вклученост на политиката. Ние како ВМРО-ДПМНЕ веднаш укажуваме дека некои кадри кои ги предлага Владата, претседателот за членови во правосудниот систем не се соодветни и укажуваме дека има политички, бизнис влијанија и слично“, кажа Петрушевски.Пратеникот Петрушевски укажа дека за кривичните за Мерко и молчење за истите, сите кои се вклучени во ова криење на пријавите треба да одговараат.„Се ова покажува дека процесот на дедуизација на Македонија и е неопходен и треба да се случи час поскоро, дури и пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт. Дедуизацијата е корисна за сите“, посочи Петрушевски.

Македонија | пред 2 години

351800548_292459393188254_1982370979469492019_n

(ВИДЕО) Досие „Мерко“: Дваесет години со плата од граѓаните и куп кривични пријави – чист за Македонија, но не и за САД

И по дваесет години седење во државна фотелја, правосудните институции во Македонија не најдоа незаконско постапување кај струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од ДУИ. Стејт департментот го стави на црна листа поради корупција, додека струшкото Обвинителство ги отфрли девет од дванаесет кривични пријави, во кои дел имаше и вакви наводи.Затворен е и предметот против Мерко за набавката на луксузното Ауди со општински средства, во кој се вози низ Струга, а кој го водеше Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.За делата за кои се осомничен, предметите во кои бил опфатен, молкот од ДУИ за одлуката да се најде на т.н. црна листа, но и за тоа кој е Мерко – во сторијата на „Макфакс“.

Македонија | пред 2 години

merko-3

Криминалот на Мерко ја замолчи ДУИ, само Ковачевски го брани, вели ВМРО-ДПМНЕ

САД го откри, a македонските институции го премолчуваат криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ„САД го прогласи Рамиз Мерко, градоначалник од ДУИ за персона нон грата во САД. Ова важи и за неговото семејство.Рамиз Мерко е на црната листа бидејќи бил вмешан во значителна корупција, влијаел на судски процеси и злоупотребувал фондови нотираат од Стејт Департментот.Мерко сам не можел да влијае на судски процеси без поддршка од другите владини функционери на ДУИ и СДС. Прашањето е во колку од овие криминални процеси се вмешани и други лица од ДУИ?САД потврди дека ДУИ е криминална.Сите ја гледаат корупцијата во ДУИ, само Димитар Ковачевски и СДС не ја гледаат.ДУИ мора да оди во опозиција. ДУИ мора да расчисти со криминалот во нивните структури.ВМРО-ДПМНЕ постојано алармираше за коруптивните и криминални афери и скандали поврзани со високи владини функционери, но институциите се во спрега со СДС и ДУИ.Бараме сериозна реакција од институциите“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

26082022_pres_PVRSM-Kovacevski_Nikolovski_1-1

Ковачевски да не глуми паднат од Марс, префрлајќи ја вината на обвинителство без да побара оставка од Мерко, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение до јавноста, како реакција на одговорот на Димитар Ковачевски во врска со скандалот за Рамиз Мерко„Гледајќи како Ковачевски ја префрла вината на судско обвинителните органи притоа упорно не барајќи оставка од Мерко кој продолжува да биде градоначалник на неговата коалиција имаме конкретни прашања:Кој е на власт последните 6 години?Кој велеше дека ќе донесе живот и правда за сите?Чив човек и пион е првиот обвинител Љубомир Јовевски?Глумењето паднат од Марс на Ковачевски е навреда за интелигенцијата на народот“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

e026d2bb-a661-464d-8d90-f8a911efc4a7

Грковска чека реакција за Мерко од правосудните органи

Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска очекува реакција од домашните правосудни органи откако САД вчера струшкиот градоначалник Рамиз Меркo го прогласија за персона нон грата поради неговата вмешаност во значителна корупција, со што ќе добие забрана за влез во САД.„Јасните пораки и конкретните чекори кои ги преземаат нашите меѓународни сојузници во борбата со корупцијата мора да бидат соодветно разбрани од домашните правосудни органи. Бидејќи нивната основна улога е да обезбедат еднаквост на граѓаните пред законот и да испорачуваат ефективна и неселективна правда“, порача на Фејсбук Грковска.

Македонија | пред 2 години

merko

Нефју: Државниот секретар имал веродостојни информации дека Мерко бил вмешан во голема корупција

Координаторот за антикорупција во Стејт департментот на САД, Ричард Нефју, во интервју за албанската редакција на „Гласот на Америка“ рече дека не може да се споделат повеќе детали зошто градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, е ставен на американската црна листа.„Одлуката е донесена затоа што државниот секретар имал веродостојни информации кои сугерираат дека г-дин Мерко бил вмешан во голема корупција. И така според законите, кога секретарот ќе дојде до тој заклучок, нечија определба е правно обврзувачка, како што се случи денеска“, објаснува Нефју.Американскиот дипломат додава дека не може да ги соопшти конкретните докази, но од информациите што биле објавени како дел од соопштението се работи за злоупотреба на средства и мешање во судските постапки.„И знаете, со оглед на природата на одлуките и нивната правна основа, тоа се информациите што можеме да ги објавиме во јавноста за овој случај“, вели Нефју.На црната листа на САД, освен Мерко се најдоа неговата сопруга Шпреса и трите полнолетни деца.

Македонија | пред 2 години

ahmeti

Ахмети ќе оди кај Агелер за објаснување за одлуката за Мерко

Демократската унија за интеграција веќе три мандати го кандира Рамиз Мерко за градоначалник на Струга, кој од вчера е на црната листа на САД. Во ДУИ се шокирани од одлуката на Стејт департментот, но велат дека ќе ја анализираат во наредните денови, пишува порталот Лидери.мк.Високи извори од ДУИ за порталот велат дека во наредните денови се очекува средба на претседателот на партијата Али Ахмети со американскиот амбасадор или заменик амбасадор во Скопје. По тој состанок Ахмети ќе одлучи дали ќе бара оставка од Мерко од функцијата градоначалник и нови избори во Струга или не, велат од ДУИ за порталот Лидери.мк.Според изворите од ДУИ, ако Ахмети побара оставка од Мерко, а овој одбие, постои можност и официјално да биде исклучен од партијата. „Во тој случај Мерко може да го продолжи мандатот како непартиски градоначалник“, велат од ДУИ, појаснувајќи дека немаат правен механизам да го принудат Мерко да поднесе оставка, доколку не го направи тоа доброволно.Вчера и амбасадорката на САД во Македонија Анџела Агелер за прогласувањето за непожелна личност за САД на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од  Стејт департментот, поради корупција, рече дека „народот на Македонија заслужува интегритет од своите јавни функционери и систем којшто ќе ги смета за одговорни“.

Македонија | пред 2 години

merko

Мерко се најде на црната листа на САД

САД го ставија градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, на така наречената црна листа, со што означија како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција.„Додека ја извршуваше функцијата градоначалник на Струга, Мерко присвои средства и се мешаше во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери на Северна Македонија“, соопштија од Стејт департментот.Тие посочуваат дека со ова се испраќа порака до Македонија за зајакнување на демократските институции и решавање на недостатоците во владеењето на правото.„Ова ја потврдува посветеноста на Соединетите Држави за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефикасно да одговорат на потребите на својот народ“, додаваат од САД.

Македонија | пред 2 години

Ramiz-Merko-780x470-1

Мерко обвинет дека лично ќе убива кучиња, тој тврди дека при шест внучиња, не му требаат кучиња

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, одговори на тврдењата од здружението Animal Voice, кои повикаа на протест пред Владата, откако тој изјавил дека самиот ќе ги убиел кучињата да нашол отров, при што од здружението го пријавиле во полиција.„Никој нема да убива и труе кучиња. Јас дома не чувам кучиња. Што ќе ми се кучиња, кога имам шест внучиња? Тие кои решиле да ги чуваат, треба тоа да го прават одговорно, а пак државата да поработи на измена на законите од оваа област“, вели градоначалникот Мерко во изјава за Фокус.

Македонија | пред 2 години

novo-bmw-696x392-1

(ФОТО) Синот на Мерко купил БМВ кое чини над 150 илјади евра?!

Алијанса за Албанците Струга преку соопштение обвини дека синот на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко се подновил со нов автомобил.„Додека ние, обичните граѓани, пренесуваме пораки на ЧЕСТИТКИ и РАДОСТА во чест на новогодишните и божичните празници, членовите на семејството на “БЕРМУДСКИ ТРИАГОЛНИК” – од Струга, на стружаните Среќна Нова 2023 година му ја честитаа со своите автомобили, новите модели од 2023 година, кои може да чинат од 130.000,00 евра до 150.000,00 евра“, велат од Алијанса за Албанците.„За да се купува таков автомобил од работник со просечна плата од 400,00 евра, истиот тој треба да работи од 27 до 33 години. Препотенцијата на луксот што синот на градоначалникот им ја покажува на стружани со нов автомобил кој чини можеби околу 150.000.000 евра, сам по себе говори за целите и перспективата што неговиот татко му донесе на Струга“, додаваат од АА.Од таму додаваат:За да се знае колку е деградирана една власт, доволно е да се погледне како живеат нивните наследници, кои без ниеден ден работа во животот му кажуваат на обичниот граѓанин колку се богати и силни, – чиста МИЗЕРИЈА и ДЕГРАДАЦИЈА. Па драги почитувани стружани, Среќна Нова 2023 година и…, да се освестиме и да го прекинеме неоправданото богатење на околу 5 лица на сметка на 50.000 стружани, и на штета на Струга.

Македонија | пред 2 години

258

Граѓаните револтирани: „Пробајте со Струшки пливачки маратон, сметката на Мерко никад не е блокирана“

Традиционалниот Охридски пливачки маратон оваа година нема да се одржи, информираа денеска од кабинетот на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, откако тој се сретна со претседателот на Националната пливачка федерација Горан Стојановски.Од кабинетот на претседателот соопштија дека маратонот, кој е под покровителство на претседателот нема да се одржи поради причини поврзани со блокираната сметка на Националната пливачка федерација и, како што велат, финансиското работење на претходното раководство.Граѓаните се револтирани бидејќи пред една недела државата даде 70.000 евра за организирање на фестивал на плоштадот „Скендербег“ во Скопје со кој се одбележа 21-годишнината од склучувањето на Охридскиот рамковен договор. Тие велат дека доколку се преименува во „Охридски рамковен маратон“ можеби ќе има пари за негово одржување.https://twitter.com/v1adimir7/status/1559986344469925888?s=20&t=_Pv2oDC8999mDLvLMk4-Vghttps://twitter.com/IvoPop_/status/1559985991020167168?s=20&t=_Pv2oDC8999mDLvLMk4-Vghttps://twitter.com/BiguzDikuz/status/1559985872073793537?s=20&t=_Pv2oDC8999mDLvLMk4-Vghttps://twitter.com/IvoPop_/status/1559985485640089605?s=20&t=_Pv2oDC8999mDLvLMk4-Vghttps://twitter.com/cherga_omnes/status/1559982923524308993?s=20&t=_Pv2oDC8999mDLvLMk4-Vghttps://twitter.com/cherga_omnes/status/1559982224564518917?s=20&t=_Pv2oDC8999mDLvLMk4-Vghttps://twitter.com/Trim4e_1/status/1559978677827420164?s=20&t=_Pv2oDC8999mDLvLMk4-Vghttps://twitter.com/stopareski/status/1559974700629073922?s=20&t=_Pv2oDC8999mDLvLMk4-Vghttps://twitter.com/Effo_Antivirus/status/1559974371766190080?s=20&t=_Pv2oDC8999mDLvLMk4-Vghttps://twitter.com/JokerMacedonian/status/1559970069786107909?s=20&t=_Pv2oDC8999mDLvLMk4-Vghttps://twitter.com/Totoska666/status/1559962349305569282?s=20&t=_Pv2oDC8999mDLvLMk4-Vghttps://twitter.com/BatmanSaysT/status/1559958575396671488?s=20&t=_Pv2oDC8999mDLvLMk4-Vg

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања