Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

мерко

merko

Обвинителството бара Мерко да се прогласи за виновен, бранителите тврдат-законски поставувал директори

Денеска во Основниот суд во Струга се одржаа завршните зборови за судскиот процес против градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, кој е обвинет за незаконско поставување директори на училиштата во Лабуништа, Радолишта и Подгорци.Судијата Јордан Јованов, кој води неколку случаи против Мерко, пресудата ќе ја соопшти утре во 12:30.Јавните обвинители Ванеса Бизати Билали и Џемал Љога во своите завршни зборови нагласија дека обвинетиот во својство на градоначалник постапил спротивно на прописите и позитивните законски овластувања во неколку случаи, со тоа што назначил лица кои не ги исполнувале условите за функцијата вршител на должноста директор.Тврдат дека Мерко назначил привремени директори без одлука од училишните одбори, без објавен конкурс и постапил небрежно во користењето на своите дискрециони овластувања како градоначалник, со што го нарушил и процесот на функционирање на образовните институции.Адвокатот на Мерко, Игор Петковски, посочи дека обвинителството не успеало да ја докаже вината на обвинетиот во овој процес.Според него доказите изнесени на главната расправа јасно не ја докажуваат намерата на обвинетиот да добие корист за некој друг или да предизвика штета, туку напротив да овозможи непречено функционирање на училиштата.

Македонија | пред 5 месеци

258

Луксузното „Ауди“ не беше доволно – Мерко ослободен од вина

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, доби ослободителна пресуда во постапката за набавката на луксузниот автомобил „Ауди“ во вредност од 67.000 евра, откако Судот оцени дека нема доволно докази за сторено кривично дело.Судската одлука утврди дека во текот на јавната набавка не постојат докази кои укажуваат дека Мерко имал намера да ја злоупотреби својата функција. Неговиот бранител, Игор Петковски, истакна дека со пресудата се потврдува оти при купувањето на службените возила, чија вкупна вредност изнесува 114.000 евра, не било прекршено ниту едно законско правило.Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го обвини Мерко за злоупотреба на службена положба. Случајот привлече внимание и поради тоа што Мерко се најде на американската црна листа поради сериозни сомнежи за коруптивни дејствија и влијание врз правосудниот систем.Сепак, Судот оцени дека нема доволно правна основа за негово гонење во конкретниот случај, поради што Мерко беше ослободен од обвинението.Истрагата против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, започна по иницијатива на Државната комисија за спречување на корупцијата и беше процесуирана од страна на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Предмет на постапката беше јавната набавка на луксузен службен автомобил „Ауди А6“, во вредност од 66.700 евра, кој го користел самиот градоначалник, како и уште три други возила, со вкупна вредност од 114.000 евра.Обвинението беше поднесено по член 353 став 4 од Кривичниот законик, односно за злоупотреба на службената положба и овластување, дело за кое е предвидена затворска казна од една до пет години.Антикорупциската комисија укажа дека купувањето на скапи возила било спроведено во време кога Општина Струга се соочувала со тешка финансиска состојба и долг од околу четири милиони евра, што според нив, претставувало неодговорно и штетно управување со јавните средства.Во своја одбрана, Мерко тврдеше дека автомобилот не е луксузен и дека набавката била неопходна поради дотраената состојба на постојниот возен парк. Тој дури изјави дека и обични граѓани возат автомобили вредни 100.000 евра, со што се обиде да ја релативизира вредноста на службеното возило.Обвинителството поднесе обвинение по повеќе од една година откако Ислам Абази ја презеде функцијата како шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал, а јавноста покажа засилен интерес за случајот, особено откако Мерко беше ставен на „црната листа“ на САД поради сериозни сомнежи за корупција и влијание врз правосудниот систем.

Македонија | пред 5 месеци

merko

Мерко може да избега, па побарано одземање на пасошот - сега го гонат и за предизвикување етничка нетрпеливост

Основното јавно обвинителство Струга до струшкиот суд достави предлог за определување мерки на претпазливост за едно лице, односно одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска тој повремено да се јавува во Судот. Мерките се побарани поради опасност од бегство, имајќи предвид дека во текот на вчерашниот ден ОЈО Струга поднесе уште едно обвинение против истото лице.“Надлежен јавен обвинител, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог затоа што обвинетиот, како градоначалник на општина Струга, во март годинава, поставил спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, со кое поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.Имајќи предвид дека обвинетиот е долгогодишен јавен функционер, против кого ОЈО Струга во краток временски период годинава поднесе повеќе обвиненија и веќе води осум судски постапки за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно работење во службата, надлежниот јавен обвинител оцени дека постои реална опасност обвинетиот да се обиде да го избегне кривичниот прогон.Имено, со последното поднесено обвинение вчера, во основните судови во Струга и во Битола, против обвинетиот ќе се водат вкупно девет активни судски постапки, при што во секоја од нив му е запретена и затворска казна.Основниот суд Струга го прифати предлогот на обвинителството и донесе Решение со кое му го одзеде пасошот на обвинетиот и го задолжи еднаш неделно да се јавува во судот”, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 11 месец

merko

Осмо обвинение за Рамиз Мерко

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против службено лице – градоначалник на Општина Струга за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот свесно ги повредил законските прописи при именување вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Радолишта. Иако Законот за основно образование предвидува дека вршител на должноста директор се избира од редот на вработените во училиштето кои ги исполнуваат условите за директор, обвинетиот на 12.01.2022 година за вршител на функцијата во училиштето во Радолишта именувал лице кое не ги исполнувало таквите услови, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа.Именуваната ја вршела функцијата директор на училиштето во периодот од 12.01.2022 до 31.07.2023 година, за кој период и биле исплатени плата и придонеси како в.д. директор со што му била нанесена штета на училиштето.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

(Видео) Таравари: Не би студирал медицина во Струга, јас сум против факултетите каде се запишуваш и по 3-4 години да си купиш диплома

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ќе бара ревизија на сите медицински факултети во Македонија.Тој во поткастот „Претрес со Ландов“ прашан дали би студирал медицина на факултетот во Струга во јавноста познат како „факултетот на Мерко“, одговори: „Јас не би студирал. Ќе треба ревизија. Јас сум против сите универзитети каде постојат сомнежи, искрени сомнежи, дека се запишуваш и по 3-4 години можеш да одиш да купиш диплома“.Таравари додава: „Сметам дека треба да се направи ревизија на сите универзитети. Се надевам посебно за медицинските факултети. Јас ќе имам состанок со деканите на медицинските факултети, а посебно и со министерката за образование која е професорка која е ценета и квалитетна“.Вчера, на првата владина седница, беше донесена одлука со која се укинува изучување на медицинско образование на факултетот во Струга.?t=2138

Македонија | пред 1 година

Ramiz-Merko-780x470-1

Почна судењето против Мерко за незаконско назначување директори во училиштата, вели дека не се чувствува виновен

Во Основниот суд во Струга денеска почна судењето против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за незаконско назначување директори во четири основни училишта во Струга.,,Моментално за училиштето во Велешта се води одвоен предмет затоа што таму се четворица обвинети, а за другите три училишта се води споен предмет. Три постапки во еден предмет. Покрај кривично дело несовесно работење во службата во Велешта, дел од обвинетите се гонат и за кривично дело фалсификување исправа. Значи во тој предмет се две кривични дела”, изјави Јованов.Мерко вели дека не чувствува вина за делата за кои го обвинува Јавното обвинителство. Тој истакна дека разбира за што е обвинет, но не се чувствувал виновен за кривичните дела, бидејќи, како што рече, направил континуитет во работата на основните училишта.

Македонија | пред 1 година

merko-3

За здравје кај Мерко нема да се учи, поништено одобрението за струшкиот универзитет

Одборот за акредитација на високото образование го поништи Факултетот за здравствени науки издадена за Меѓународниот универзитет-Струга, со кој раководи семејството на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.Одборот за акредитација на високото образование на денешната седница донесе Одлука за поништување на акредитацијата на проектот за основање на Факултет за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга.„Со оваа Одлука на Одборот за акредитација на високото образование се поништуваат и сите други правни дејства во врска со почеток со работа на Факултетот за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга“, соопштија од Одборот за акредитација на високото образование.

Македонија | пред 1 година

merko

„Убо ова со медицински факс во Струга - ојш на плажа, се капиш и дур се сушет купаќите завршвиш“, иронични реакции за Мерко

На Факултетот за здравствени науки на Меѓународниот Универзитет во Струга нема да се запише ниту еден студент и нема да се студира се додека не се исполнат законските услови за акредитација на студиските програми кои согласно Законот за високо образование се суштински дел за една високообразовна институција да започне со работа, велат од Одборот за акредитација.Позитивно мислење претходно дале и Агенцијата за квалитет на високо образование и Одборот за акредитации.Од МОН велат дека поради потребата од повеќе здравствени работници во државата, Владата во изминатиот период поддржала повеќе иницијативи за основање на нови единици во состав на неколку високообразовни установи кои ќе реализираат студиски програми од соодветната област.Вчера беше објавено дека на Универзитетот на Рамиз Мерко во Струга ќе почне со работа факултет за здравствени науки, што придонесе за многу реакции од јавноста:https://twitter.com/SicarioMK/status/1801711435174584643https://twitter.com/jasisamojas1/status/1801552876335988871https://twitter.com/deleted90808465/status/1801533286956548401https://twitter.com/IvanAnastasovs1/status/1801244937163309245https://twitter.com/Shoeder006/status/1801503511294755122https://twitter.com/Orest29992620/status/1801285096504246398https://twitter.com/ellaobiekenobie/status/1801201186566996018 

Коментари | пред 1 година

Ramiz-Merko-780x470-1

Мерко доби дозвола за основање Факултет за здравствени науки во Струга

Меѓународниот универзитет во Струга, зад кој стои струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, ќе добие нова образовна гранка. Отсега на универзитетот ќе има и Факултет за здравствени науки. Вакво решение донесе министерот за образование и наука во заминување е Јетон Шаќири.Според Министерството за образование и наука е утвредено дека се исполнети условите за почеток со работа на Факултетот за здравствени науки при Меѓународниот Универзитет во Cтруга. Позитивно мислење дале Агенцијата за квалитет на високо образовани и Одборот за акредитација.Во Македонија има неколку медицински факултети, вклучувајќи го Медицинскиот факултет во Скопје, Штип и Тетово, а од минатата година дозвола за основање на Факултет за здравствени науки доби и Меѓународниот универзитет „Визион“ во Гостивар.

Македонија | пред 1 година

merko-danela

Ќе ги спакуваат ли Данела и Мерко куферите за брзо: се бара итно менување на закон за да градоначалниците можат да се разрешат

Се погласни барањата измената на Законот за локална самоуправа да биде приоритет на Собранието, за да градоначалниците да можат да бидат разрешени. Ова доаѓа откако собранискиот спикер Африм Гаши кажа дека меѓу приоритетните законски одлуки ќе биде да нема предвремени избори за градоначалници во општините чии предводници ќе одлучат да влезат во извршната власт. Незадоволството од скопската градоначалничка Данела Арсовска и нејзиното работење, но и од струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој се најде на црната листа на САД – го донесоа ова барање.Овозможување да се разреши градоначалник е и едно од ветувањата во изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Не се знае кога ваквите законски измени ќе се спроведат, но се знае начинот на кој градоначалник ќе може да биде разрешен.„Преку поширок политички дијалог ќе предвидиме законски измени со кои ќе се воведе можност Советот на единицата на локалната самоуправа да го отповика градоначалникот. Членовите на Советот ќе имаат можност во јасно утврдена процедура со 2/3 мнозинство да го отпочнат и да го завршат процесот на отповикување на градоначалникот“, стои во програмата на ВМРО-ДПМНЕ.Според сегашниот закон за Локална самоуправа граѓаните немаат никаква законска форма да го отповикаат градоначалникот што го избрале на непосредни избори, доколку не се задоволни од неговата работа.Гаши смета дека итно треба да се промени законот со кој треба предвремени избори, доколку некој градоначалник, на пример, стане министер. Се споменува дека таква намера има Арбен Таравари, додека градоначалникот на Сарај Блерим Беџети веќе стана пратеник, воедно, се очекува и Тимчо Муцунски од Аеродром да оди во извршната власт.„Сметам дека е погрешно и спротивно на Уставот некој да се избира на четири години, а друг да ги добива гласовите на народот на избори со мандат од осум месеци. Сметаме дека тоа е противуставно и треба да се коригира со закон кој ќе го овозможи тоа“, кажал Гаши во интервју за РСЕ.

Македонија | пред 1 година

merko-3

Уште едно обвинение против Мерко: ќе му се суди за несовесно работење

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга,на 31.01.2022 година, свесно ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа. Притоа, донел решение и за вршител на должноста именувал лице кое не било од редот на вработените, како што е предвидено во членот 118 од Законот за основно образование, и немала соодветно работно искуство во воспитно-образовна работа предвидено во членот 109 од Законот.Така обвинетиот овозможил лицето да биде именувано на функцијата и да и се исплаќа плата како в.д. директор 19 месеци, со што на училиштето му била нанесена штета во вкупен износ на неосновано исплатените плати и придонеси.

Македонија | пред 1 година

Ramiz-Merko-780x470-1

Во онлајн-системот на т.н. црна листа на САД го нема Рамиз Мерко при пребарување

Во онлајн-системот на САД, за непожелни лица кои имаат забранет пристап и санкции од Стејт департментот, не може да се најде струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко. Тој заврши на т.н. црна листа, уште во јуни минатата година. Се обидовме, но неговото име не го прикажува на листата. Тој е единствениот од ДУИ, кој се најде на оваа листа.„Вашето пребарување не врати никакви резултати“, е пораката која ја покажува системот за санкции.За разлика од името на Мерко кое не го прикажува во системот, достапни се имињата на Никола Груевски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Мендух Тачи – кои ги прикажува при пребарувањето.За името на Рамиз Мерко, кој во три мандати управува со општина Струга се врзуваат многу афери и обвинувања за корупција. Но ниту една не добила судска завршница. Покренато е и обвинение за набавката на луксузниот марка „Ауди А6“ вреден речиси 67.000 евра. Стејт департментот наведе дека има силни докази дека струшкиот градоначалник бил вмешан во голема корупција, присвојувал пари и се мешал во судски и други јавни процеси, нанесувајќи штета на демократските процеси во земјава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Кривичен суд нема да го гони Рамиз Мерко - се прогласи за ненадлежен суд

Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека Специјализираното одделение за организиран криминал и корупција ( КОК ) при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по обвинителниот предлог со КО бр. 27/24 против обвинетиот Р.М. (Рамиз Мерко) од Струга за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 ст.4 вв со ст.1, донесе решение со кое се огласува за стварно ненадлежно и предметот, по правосилноста на решението, ќе биде доставен на надлежно постапување во Основниот суд Струга.„Согласно чл. 32 од Законот за судови, Специјализираното одделение ( КОК ) е надлежно за Кривичните дела: Злоупотреба на службена положба од чл. 353 ст.5, Примање поткуп од значителна вредност од чл. 357 и Противзаконито посредување од чл. 359 од КЗ, извршени од избран или именуван функционер, службено лице или одговорно лице во правно лице.Имајќи го предвид наведениот член од Законот за судови, последните измени на Кривичниот законик објавен во СЛ. Весник бр. 188 од 07.09.2023 год., како и правната квалификација од обвинителниот предлог, односно ст. 4, судот утврди дека Спелцијализираното одделение за оргнизиран криминал и корупција не е надлежно за судење на кривични дела од чл. 353 ст.4 вв со ст. 1 како што Јавниот обвинител го поднел обвинителниот предлог, туку цитираните одредби од Законот за судови се однесуваат само на делото пропишано во став 5 од овој член.Со оглед на сето тоа стварната надлежност да постапува е судот со основна надлежност на чие подрачје е извршено кривичното дело.Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“, велат од Кривичен суд.

Македонија | пред 1 година

gare

(Видео) „Аудито“ остаре додека да се најдат докази против Мерко - сега ќе треба да докажува невиност пред суд

За контроверзната набавка на „ауди а6“ вредно 67 илјади евра, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко ќе треба да докажува невиност пред судот. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение оти смета дека тој ја злоупотребил службената положба и овластување, дело кое се казнува од една до пет години затвор. Обвинението против Мерко доаѓа по пет години откако го набави возилото со општински пари, но и откако САД го ставија на т.н. црна листа поради корупција.„Макотрпна беше постапката, прибравме доволно докази“, рекоа од ОЈО-ГОКК.Овој предмет мина три обвинителства. Од скопското патуваше до Обвинителството во Струга, па од таму го вратија во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Откако го набави, Мерко се фалеше со автомобилот и иронично кажуваше дека требал да купи и поскапо од ова.

Македонија | пред 1 година

Ramiz-Merko-780x470-1

Мерко најдобро е како слободен граѓанин да се соочи со обвинението, вели Лога

Министерот за правда Кренар Лога вели дека струшкиот градоначалник Рамиз Мерко мора да ја докаже својата невиност „како слободен граѓанин“, а не како функционер, по ставањето на „црната листа“ на САД.Најмалку што може да направи е да сведочи од позиција на слободен граѓанин, вака министерот за правда Кренар Лога оценува дека градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, прогласен за „персона нон грата“ не треба да носи државни функции.Лога во емисијата „SummerClick“ на ТВ21 рече дека само прекинот на партиските активности во ДУИ нема да значи ништо.„Мислам дека дури и господинот Мерко и сите што ќе се најдат на оваа листа, добро е да размислат и да ги преземат врз себе политичките и институционалните последици и најмалку што треба да направат е да докажат дека се невини од позиција на слободен граѓанин“, рече Лога.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања