Каран избран за претседател на Република Српска по предвремените избори
Синиша Каран, кандидат на владејачкиот „Сојуз на независните социјалдемократи“, обезбеди победа на предвремените претседателски избори во Република Српска, покажуваат првичните резултати на Централната изборна комисија во Сараево.Според обработени речиси 93 проценти од избирачките места, Каран освои 200.116 гласови, што претставува 50,85 проценти од поддршката. Неговиот главен ривал, универзитетскиот професор по електроника Бранко Блануша од опозициската СДС, доби 188.010 гласови (47,8 проценти)
Свет | пред 7 месеци