Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Каран избран за претседател на Република Српска по предвремените избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-library0r2rs3vk261b3w4i4uL

Синиша Каран, кандидат на владејачкиот „Сојуз на независните социјалдемократи“, обезбеди победа на предвремените претседателски избори во Република Српска, покажуваат првичните резултати на Централната изборна комисија во Сараево.

— реклама —

Според обработени речиси 93 проценти од избирачките места, Каран освои 200.116 гласови, што претставува 50,85 проценти од поддршката. Неговиот главен ривал, универзитетскиот професор по електроника Бранко Блануша од опозициската СДС, доби 188.010 гласови (47,8 проценти).

Каран важи за политичар близок до поранешниот претседател Милорад Додик, кој беше симнат од функцијата по одлука на Судот на Босна и Херцеговина поради активности оценети како сепаратистички. Токму неговото отстранување доведе до распишување на предвремените избори.

— реклама —

Иако важи за наследник на Додик во политичка смисла, Каран освои значително потесна разлика во однос на победата што Додик ја забележа во 2022 година, кога имааше предност од речиси 27.000 гласа над тогашната кандидатка Јелена Тривиќ.

— реклама —

Од околу 1,2 милиони регистрирани избирачи, на гласање излегле околу 35 проценти, што претставува значително помала излезност во споредба со 2022 година. Новиот претседател ќе ја извршува функцијата само една година, до редовните парламентарни и претседателски избори во 2026 година, па исходот се смета за важна најава за наредните политички процеси.

Политичките аналитичари сметаат дека Каран веројатно нема да ја продолжи жестоката реторика на Додик во однос на прашањата за статусот на ентитетот, иако Додик најави дека ќе остане лидер на СНСД, и покрај забраната да извршува јавни функции.

Бранко Блануша, кој ја загуби трката, го припиша поразот на „нерегуларности“ на одредени избирачки места и тврди дека без нив исходот можел да биде поинаков. СДС веќе поднесе барање за повторно гласање во три градови, но без да достави конкретни докази за наводните измами.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

vakcini-332

И Република Српска донесе одлука за привремена запрена употреба на БСЖ-вакцината по несаканите реакции во Хрватска

Балкан | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryu4esirtbups8fkwgWiS

Пронајден мртов началникот на воздухопловната управа на Република Српска

Балкан | пред 5 месеци

media-libraryhlmf360hokok0g1FUeu

Република Српска го избира наследникот на Додик

Свет | пред 11 месец

media-libraryhlmf360hokok0g1FUeu

Предизборен молк во Република Српска пред предвремените претседателски избори

Свет | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања