Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Пронајден мртов началникот на воздухопловната управа на Република Српска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Балкан
media-libraryu4esirtbups8fkwgWiS
Screenshot Youtube

Началникот на Управата за воздухопловство на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, Бобан Кустуриќ (52), е пронајден мртов во викендичка во населбата Чесма во Бања Лука, соопштија надлежните институции.

— реклама —

Според информациите, телото било пронајдено синоќа, по што е извршен увид од страна на полицијата и дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство во Бања Лука. Околностите за смртта засега не се соопштени, а истрагата е во тек.

— реклама —
— реклама —

Кустуриќ е роден во 1974 година во Бања Лука и има долгогодишна кариера во воздухопловството. Завршил Воена академија во Белград, по што работел како пилот во Војската на Република Српска, а подоцна и во цивилната воздухопловна служба, каде што бил и шеф на спасувачка хеликоптерска единица.

Подоцна раководел со Хеликоптерската служба на Република Српска, а од април 2025 година ја извршувал функцијата началник на Управата за воздухопловство. Носител е и на одликувањето Орден на Милош Обилиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

vakcini-332

И Република Српска донесе одлука за привремена запрена употреба на БСЖ-вакцината по несаканите реакции во Хрватска

Балкан | пред 2 седмици

— реклама —
media-library0r2rs3vk261b3w4i4uL

Каран избран за претседател на Република Српска по предвремените избори

Свет | пред 11 месец

media-libraryhlmf360hokok0g1FUeu

Република Српска го избира наследникот на Додик

Свет | пред 11 месец

media-libraryhlmf360hokok0g1FUeu

Предизборен молк во Република Српска пред предвремените претседателски избори

Свет | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања