„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

милошоски

fasdfa

Амбасадорот во Рим направи скандал, да се отповика оти им ги загрозил дозволите за работа и престојот на Македонците, бара Милошоски

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, тврди дека амбасадорот на Македонија во Рим, Весел Мемеди, со официјална нота ги известил италијанските власти дека и валидните патни исправи со името "Република Македонија", од 12.02.2024 се неважечки, а со тоа ги загрозил правата на граѓаните на Македонија.„Со тоа, наместо да ги штити, амбасадорот постапил спротивно на интересите и правата на околу 100.000 македонски државјани кои живеат во Италија, особено нивното право на слободно движење, како и загрозување на правото на постојан престој и дозвола за работа, што се врзани со валидноста на пасошите. Скандалот е многу сериозен доколку се знае дека ниту МНР, ниту амбасадата, немаат право да прогласат за неважечки личен документ кој не го издале тие, туку Министерството за внатрешни работи.Бидејќи амбасадите работат строго по инструкции добиени од МНР се поставува прашањето дали министерот Османи или друг висок функционер од министерството за надворешни му дале насоки за ваквата постапка на амбасадорот, валидните пасоши на македонските државјани да ги прогласи за неважечки?! Со овој потег, како и многу други, испаѓа дека МНР и амбасадорите од доверба на Бујар Османи претежно постапуваат во интерес на трети држави, наместо да се грижат и да ги штитат интересите на македонските државјани во странство.Согласно чл.45 од Законот за надворешни работи Владата треба да донесе одлука за отповикување на амбасадорот од Рим и во овој изборен период да назначи соодветен дипломат како вршител на должност за шеф на македонското ДКП во Италија. Политичка одговорност и оставка треба да се логична последица и за министерот доколку за ваквата постапка се случила со знаење на МНР Бујар Османи“, напиша Милошоски.

Македонија | пред 1 година

milososki-zaharieva

Милошоски до Захариева: Хипокризија е да се говори за реалноста во дворот на соседите, а да не ја почитуваш реалноста во сопствената држава

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски ја искоментира изјавата на Захариева во која вели дека измената на Уставот на Република Северна Македонија не е голема работа оти Бугарите се дел од реалноста во Република Северна Македонија и тоа мора да се прифати.„Поранешната министерка за надворешни работи на соседна Бугарија денес изјави дека Бугарите се дел од реалноста на Македонија и дека не е голема работа тоа да се преслика во Уставот, за да отпочнат преговорите со ЕУ.Кога сме кај фактите, прашање е дали за Захариева се реалност десетината пресуди од Судот за човекови права во Стразбург, кои се однесуваат на оневозможување на правото на здружување на Македонците во Бугарија? Како членка на Советот на Европа ќе биде многу продуктивно за двете соседни држави доколку Бугарија реално ги почитува пресудите на овој пан-европска судска институција. Во спротивно, хипокризија е да се говори за реалноста во дворот на соседите, а да не ја почитуваш реалноста во сопствената држава.А за уставните измени, европскиот принцип е секоја земја да одлучува самостојно за Уставот, како највисок правен акт, кој е заедничка општествена повелба на граѓаните во секоја држава. Но, за жал, за ваквите лекомислено преземени обврски не ни се толку криви претставниците на официјална Софија како Екатерина Захариева, Кирил Петков или Румен Радев. Шримарната кривица е кај Ковачевски, Бујар Османи, Маричиќ и другите политички главоклимачи, кои се надеваат дека нивниот мандат ќе трае ден подолго доколку тие дадат согласност на секој диктат што Македонија ќе ја доведе во потчинета положба. Токму затоа ова е убедливо најслабата владина екипа во последниве 30 години, која и носи повеќе штета отколку корист на Македонија“, вели Милошоски.

Коментари | пред 2 години

03112022_PVRSM_IRL

Македонците не се руски ботови, туку достоинствен народ кој со право реагира кон лошата политика, вели Милошоски

Денеска премиерот Димитар Ковачевски изјави дека Македонија е пред вето одвнатре, а против уставни измени се руски ботови и платени политичари, по што на социјалните мрежи реагираше пратеникот Антонио Милошоски.„Со ваквата изјава за "руски ботови" премиерот Ковачевски многу ги потценува македонските граѓани, а најмногу македонскиот народ. Големото мнозинство Македонци се против отворањето на Уставот заради понижувачките услови кои лекомислено ги прифати премиерот, со кои Македонија е доведена во потчинета положба, а процесот на евроинтеграции е доведен во состојба на крајна неизвесност.Ковачевски нема ниту изборен легитимитет, ниту политички капацитет за да постигне национален консензус за решавање на проблемот кој го создаде. Македонците во Македонија не се руски ботови, туку достоинствен народ кој со право реагира со фрустрации кон лошата политика која ја води Ковачевски и во дипломатијата, и во образованието, и во економското назадување.Ако веќе Ковачевски сака да се занимава со руски ботови нека си ги праша службите:- Кои функционери од СДСМ му овозможија на Онишченко да добие македонско државјанство и кои функционери од ДУИ го примија на највисоко ниво Абдул-Вајед Нијазов поранешен пратеник во руската Дума и основач на здружението “Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин”“, вели Милошоски.

Коментари | пред 2 години

Нема фотографија

Милошоски: СДС јасно да каже кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ за нив е прифатлив, спротивно нема потреба од преговори

Јас би сакал кратко да се осврнам на вчерашните седници на Извршниот и Централниот одбор на СДС, вели Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„За работните групи кои што СДС ги формира да имаат смисла, партијата мора да каже кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ за нив е прифатлив, во спротивно нема потреба од понатамошни преговори и губење на време.Првиот предлог кој го даде претседателот на ВМРО, Христијан Мицкоски е:Преодна влада без ДУИ, излегување на ДУИ од сите ешалони, и уставни измени кои би стапиле на сила само на денот на членството на Македонија во ЕУ. И таа би добиле како држава гаранција дека и Бугарија ќе биде активно заинтересирана за наше вклучување во ЕУ, и дека Македонија ќе добие одредена извесност дека нема да има понатамошни бугарски ирационални блокади.Вториот предлог кој што го даде ВМРО-ДПМНЕ е предвремени избори оваа есен, при што дадени се три датуми за кои што СДС би требало да размислат кога би се одржале во септември или октомври, потоа да се обезбедат гаранции од европските институции за заштита на националните интереси на Македонија, со тоа што ќе се гарантира многувековниот идентитет, но истовремено ќе се дадат и осигурувања дека државата повторно нема да ги има секоја година ирационалните блокади од Бугарија. Дополнително, после изборите новиот премиер на Македонија ќе побара и економски пакет за подобар стандард во државата од страна на Европската Комисија, кој што ќе значи припрема и на стопанството и на граѓаните за конкурентност во самата ЕУ. А, од Бугарија заради добрососедство би побарале исполнување на 3 пресуди од ЕСЧП во Стразбур кои што се веќе правосилни, по избор на официјална Софија. Така ќе докажеме дека кога говориме за добрососедство не говориме само за компромиси или концесии од страна на Македонија туку разговараме и за обврски кои што се меѓународно валидни и за Бугарија.После тие предвремени избори кој и да биде опозиција ќе има обврска да ја поддржува Владата и државата во овие чекори за интерес на Македонија и на нашата евроинтеграција.И двата предлози, и првиот и вториот напоменуваме опфаќаат детронизирање на ДУИ, бидејќи тие се 20 годишен вирус кој ги атрофира институциите со висока корупција и голема неефикасност.ДУИ не е повеќе во позиција да условува, тоа е став на ВМРО-ДПМНЕ, дека ДУИ треба да оди во опозиција и дека тоа ќе биде корисно за институциите и за довербата на граѓаните во државата. Високата корупција мора да се соочи со одговорност, а во рамките на ДУИ истата постои на големо.Формирање на работни групи би имало смисла само доколку СДС јасно каже, кој од овие два предлози на ВМРО-ДПМНЕ за нив е прифатлив.Дополнително сакаме да потенцираме дека сите спинови околу уставните измени и нивно прифаќање под бугарски диктат се невистинити бидејќи ВМРО-ДПМНЕ напоменува и кон СДС и кон ДУИ во овие околности вакво диктирање на уставни измени нема да поминат.Доколку не веруваат нека ги преложат уште во понеделник во Собрание и ќе видат дека ќе доживеат неуспех.Затоа наместо СДС да свикува ИО и ЦО, и да формира работни групи кои што не би имале суштинска работа подобро е да прифати да се откаже од ДУИ и второ јасно да каже кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ се за нив прифатливи.СДС и ДУИ се свесни дека ја губат власта која што долго време, за жал, ја злоупотребуваат, но доаѓа времето кога ќе треба да се соочат и со избори и со одговорност. За сите постапки и грешки и незаконитости ќе има одговорност, без разлика кој предлог од ВМРО-ДПМНЕ за СДС ќе биде прифатлив. Од тоа бегање нема. Затоа очекуваме СДС да даде одговор, наместо да продолжува со манипулации“, додава тој.

Македонија | пред 2 години

milososki

Милошоски: Најмалку 20 градежни материјали на „Бехтел и Енка“ немаат утврдена цена, таа е поврзана со резиденцијалните објекти во Скопје

Пратеникот Антонијо Милошоски во емисијата „За или против“ на Алфа ТВ рече дека претставниците на власта надвор од нивните законски овластувања потпишале услови со изведувачот Бехтел и Енка за изградба на четирите автопатски делници, и дека затоа го кријат договорот. Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, власта поради тоа го крие договорот, инаку многу лесно ќе се увидат клаузулите каде е високата корупција- Најмалку 20 градежни материјали немаат утврдена цена. Референтната цена најчесто се врзува со цената на злато, нафта, долар и слични валути и вредности. Тука во овој договор референтната цена е поврзана со резиденцијалните објекти во Скопје, рече поранешниот министер за надворешни работи повикувајќи се на детали од договорот, како што вели, обезбедени од свиркач.Тој потврди дека утре во Собранието ќе биде гласањето за петте спорни закони со европско знаменце поврзани со договорот со „Бехтел и Енка“ и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаме против овие измени.На Милошоски му е симптоматично и тоа што како да е изоставен од сето ова министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој како што вели пратеникот, во случајов е „помножен со нула“.- Бочварски јавно кажа дека не постои основен проект за овие делници. Овде нема ништо, освен една скица.Владата потпишала таква ставка, доколку се јави некој проблем, не плаќа изведувачот, се плаќаат агенциите, претпријатија и институциите на државата, рече меѓу другото Милошоски.

Македонија | пред 2 години

Milososki-27.06

Милошоски контра Ивановска: Уверението за положен правосуден испит на синот на Џафери има основ да се поништи

Незаконското уверение за положен правосуден испит на Б. Џафери е ништовен акт и има основ да се поништи согласно член 124 од Законот за општата управна постапка, вели Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ„Вовед, што кажа Б. Ивановска:Претседателката на Антикорупциската комисија г-ѓа Ивановска, вчера на Телма за синот на Талат Џафери, кој положил правосуден испит пред да заврши факултет, а сега ќе биде обвинител, изјави дека “државата нема правни или други механизми со кои би се санкционирале овие случаи”. Оваа изјава на Ивановска можеби се должи на недоволно познавање на управното право или пак на фактот што таткото на Б. Џафери е претседател на Собрание, а неговиот роднина е член во Антикорупциската комисија.Законски основ за решавање на скандалот со Б. Џафери:Во правниот систем на Македонија има законски одредби кои и денес може да спречат јавни обвинители да станат лица кои без завршен факултет положиле правосуден испит. Полагањето на правосудниот испит е управна постапка, која се поведува со поднесување на барање на кандидатот до Министерството за правда и која завршува со издавање на Уверение за положен правосуден испит како управен акт издаден од министерот за правда.Неспорно утврден факт од Антикорупциската комисија е дека кандидатот за обвинител Барлет Џафери се стекнал со уверение за положен правосуден испит, иако не ги исполнувал двата кумулативни услови за полагање правосуден испит, т.е немал завршен правен факултет и бил без работен стаж.Решението на овој правен и политички скандал со Б. Џафери лежи во примената на членот 124 од Законот за општата управна постапка, каде утврдено е дека за ништовен се огласува управниот акт кој со своето извршување би можел да предизвика некое дело казниво според Кривичниот законик и во други закони и што содржи неправилност, која според некоја изречна законска одредба е предвидена како причина за ништовност. Во конкреткиов случај уверението за положен правосуден испит издадено на Б. Џафери е управен акт.Во членот 125 став 3 од Законот за општата управна постапка е утврдено дека Органот (во случајов Антикорупциска) кој ќе дознае за управен акт со кој е повреден законот, а повредата може да биде причина за поништување на управниот акт, должен е без одлагање за тоа да го извести јавниот орган надлежен за поведување постапка и за донесување на управниот акт. Согласно чл.125 Антикорупциската комисија е должна да го извести Министерството за правда дека дошла до сознанија за ништовен управен акт издаден од ова министерство.Дополнително, претседателката на Антикорупциската нема изговор за застареност на скандалот, бидејќи во ставот 2 од чл.124 од ЗОУП е определено дека управниот акт (уверението за положен правосуден испит на Б. Џафери) може во секое време да се огласи за ништовен по службена должност.Врз основа на овие законски одредби Антикорупциската може уште денес да го извести Министерството за правда, а ова министерство може уште утре да го поништи Уверението за положен правосуден испит на Барлет Џафери, затоа што за овој управен акт нема застарување и нема рок за поништување на незаконски управни акти.Во членот 125 од Законот за општата управна постапка е уредено дека со поништувањето на управниот акт и со огласувањето за ништовен се поништуваат и правните последици што ги произвел таквиот управен акт. Односно откако Уверението за положен правосуден испит на Барлет Џафери ќе се огласи за ништовно, ќе се поништат и правните последици што истото ги произвело во правниот промет ex tunc, односно истото ќе се смета дека и воопшто и не било издадено. Со тоа de facto и de jure ќе се утври дека Барлет Џафери во моментот на аплицирање не ги имал исполнето условите за влез во Академијата за судии и јавни обвинители.Значи правни механизми за разрешување на скандалот има, но прашање е дали има волја кај Ивановска и нејзините колеги во ДКСК да постапуваат по словото на законот?!“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

Antonijo-Miloshoski-06.02.2023

Милошоски: Вакво тензично чествување на Гоце Делчев е последица на брзоплетиот склучен договор за добрососедство во 2017

Милошоски: Вакво тензично чествување на Гоце Делчев немало во последните 75 години, тоа е последица на брзоплетиот склучен договор за добрососедство во 2017Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во радио Лидер зборуваше за чествувањето на Гоце Делчев каде потенцираше дека досега вакво тензично, полно со полиција и со понижување на достоинството на обичните граѓани кои не можеа слободно да му оддадат почит и да положат венец на Гоце Делчев досега не се случило во Македонија.-Со жалење можам да констатирам дека вакво напнато, контраверзно полно со полиција, безбедносно ризично чествување, па со понижување на достоинството на обичните граѓани кои не можеа слободно да му оддадат почит и да положат венец на Гоце Делчев, досега не се случило во Македонија, во изминатите 75 години. Парадоксот е толку силен што Гоце Делчев како апостол на движењето кое се бори за слободата на македонскиот народ имаше чествување кое што македонскиот народ не беше слободен да појде на гробот и да му оддаде должна почит, и затоа сметам дека ваква напнатост досега немало, истакна Милошоски.Тој во текот на своето гостување укажа дека ваквото тензично чествување на роденденот на Гоце Делчев влијание на повеќе нивоа во државата.-Ова е најтензичното чествување на Гоце Делчев и таа тензија се прелеа и во билатерално бугарско македонски односи, не само на политичко ниво или дипломатско, туку сметам дека се прелеа за веќе и заеднички билатерални проекти, на спортско ниво, на култура и на сите други можни соработки, рече тој.Милошоски заклучи дека ваквата напнатост за чествувањето на Гоце Делчев е како последица на брзоплетото склучување на договорот во 2017 година за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија. Имено Милошоски потсети дека кога беше потпишан тој договор владата на СДС и ДУИ ветуваше дека е лек за сите проблеми, решение за сите спорови и така натаму.-Ваквото чествување на Гоце Делчев и ваквата напнатост во самата Македонија прво, во нашето општество, а потоа и во билатералните односи со официјална Софија сметам дека е една последица на брзоплето склучениот договор 2017 година за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија за кои што владата на ДУИ и СДС не убедуваше дека е лек за сите проблеми, дека е решение за сите спорови, а ние гледаме дека од потпишувањето на овој договор до денес секоја година имаме само влошување на односите константно, за жал на штета на двете држави, но ако се направи некоја мерка со поголема штета врза Македонија, додаде Милошоски.

Македонија | пред 2 години

Milososki-27.06

Милошоски: Ковачевски за 7 дена во Њујорк остварил само една билатерална средба, а трошел по 20000 долари за ноќевање

Дипломатски туризам на Ковачевски во Њујорк. Како премиер да предводиш делегација во Обединетите Нации, каде во исто време престојуваат над 130 државници од целиот свет, и за 7 дена да оствариш само една официјална билатерална средба (со МНР на Азербејџан), е голем дипломатски неуспех. Така заврши скапо платената шанса што ја имаше премиерот Ковачевски како шеф на делегацијата на 77-то Генерално собрание во ОН во Њујорк, со патување и ноќевање кое чини најмалку 20.000 долари за владината екипа, вели Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ„Исходот, трошокот и престојот на Ковачевски во Њујорк повеќе наликуваат на државно-платен фамилијарен туризам, наместо на државнички престој исполнет со многу корисни средби со странски премиери и претседатели. За жал.Споредено со Ковачевски, хрватскиот премиер Пленковиќ не престојувал 7, туку 4 дена во Њујорк, но не остварил една, туку 5 билатерални средби на највисоко ниво: со премиерот на Канада, со претседателот на Словенија, премиерот на Норвешка, со државниот секретар на САД, како и со Претседателот на Советот на ЕУ.Тоа е големата разлика. Хрватскиот премиер со помала делегација, помалку денови престој во Њујорк и повеќе официјални средби, додека премиерот Ковачевски обратно, гломазна делегација, долг престој во Њујорк, и само една официјална билатерална средба. Резиме: Македонија не виде корист од оваа посета на Њујорк, но битно Ковачевски го виде Њујорк“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

Milososki-27.06

„Оваа преговарачка рамка ја носи државата во ќорсокак, 73% од Македонците се против неа“, вели Милошоски

Милошоски: Преговарачката рамка треба да се подобри бидејќи ваква каква што е ја носи државата во ќорсокак-Во Собранието засега има само девалвирање на законодавниот дом од страна на Владата бидејќи стигнат е еден документ од еден лист во кој ја нема ниту преговарачката рамка во целина таа што можевме да ја видиме на медиумите, ниту општиот став и заклучоци од страна на ЕУ, а најмногу се крие двостраниот македонско-бугарски протокол и сметаме дека спикерот Џафери треба да ги побара од Владата сите овие документи за да може да дебатираме инаку на што би дебатирале. Но, во секој случај утре ќе бидеме во Собрание бидејќи почнува ребалансот на буџетот и дебатата за истиот.Ќе направиме се што е во наша моќ во Собранието ова да не оди брзо и лесно и ќе направиме се што треба да го претставиме мислењето на граѓаните каде што 73% од Македонците се против оваа преговарачка рамка која ја нарекуваме француска, а всушност бугарскиот премиер Кирил Петков денеска кажа дека тоа е бугарска преговарачка рамка која што станала европска и сметам дека истата е пораз на бугарската дипломатија и тоа во Собранието ќе го разобличиме темелно, истакна Антонијо Милошоски, пратеник во Собранието и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во вестите на Сител.Тој во текот на своето гостување потенцираше дека не е точно дека не може да се смени нешто во однос на преговарачката рамка затоа што таа рамка треба да има конкретни и содржински измени.-Гледам дека Владата се обидува да ја релативизира лошата преговарачка рамка на која што веројатно се согласиле и сега Македонија е доведена пред свршен чин. Јавноста експертска, новинарската, законодавната преку пратениците да прифати нешто, еден лош договор кој што македонската дипломатија не успеала да го направи подобро. Не е точно дека не може да се смени нешто затоа што ова преговарачка рамка треба да има конкретни, содржински измени за да биде текст кој што ќе може да ни служи во следните 15-20 години, колку и да преговараме, рече пратеникот, кажа тој.Тој посочи дека преговарачката рамка треба да се подобри бидејќи ваква каква што е ја носи државата во ќорсокак.-Хрватска за време на своите преговори имаше на почетокот одредени за неа неповолни позиции, но се обеденија сите и успееја да си издејствуваат подобра позиција. Сакам да кажам ако има сериозна држава, сериозна дипломатија, ако има добра сплотеност на Собрание, на претседател, на Влада, преговарачката рамка може да се подобри и треба да се подобри бидејќи ваква што е не води во ќорсокак. Ниту нуди европска перспектива, јасна и конкретна, ниту нуди подобра односи со Бугарија, напротив ќе имаме поголеми тензии и дополнително со барањето за смена на Уставот само ќе создава поларизација во Македонија. Ние имаме 3 штетни последици од ваквата преговарачка рамка, додаде Милошоски.

Македонија | пред 3 години

Milososki-27.06

Mилошоски го пријави Азири кој се закани со кршење раце и нозе

Пратеникот Антонијо Милошоски во моментов се наоѓа во полициската станица Центар во Скопје, каде пред надлежен началник го пријавува функционерот на ДУИ Вaлмир Азири, државен секретар во Министерството за култура за синоќа искажаните закани со физичко насилство кон Милошоски кои воедно се и говор на омраза, дознава МКД. мк. Азири синоќа предку Фејсбук повика на физичко насилство против Милошоски, со нанесување на телесни повреди.Според тоа што го дознаваме, кривичното дело може да се дефинира според член 394 – г од Кривичниот законик.Инаку, Азири го избришал својот пост, но е веќе пренесен од многу медиуми, а воедно, МВР може со офоцијално барање упатено до Фејсбук (Мета) преку ајпи адреса да го добие постот како материјален доказ.извор: MKD.MK

Македонија | пред 3 години

milososki

Милошоски објави дел од преговарачката рамка на ЕУ: Власта не успеа да ги заштити македонските национални интереси

Антонио Милошоски на неговиот профил на Фејсбук објави дел од преговарачката рамка на Европската унија (ЕУ).Милошоски смета дека Власта не успеа да ги заштити македонските национални интереси.„Ова е извадок од предлог преговарачката рамка на ЕУ, во која има сериозни влошувања наметнати како дополнителни услови за Македонија:1. Билатералниот Договор од Преспа, како и Договорот со Бугарија станува составен дел од преговарачката рамка со ЕУ, заедно со записниците на заедничката историска комисија кои ќе треба да се преточат во опипливи резултати.2. На Македонија И се отвара уште едно малцинско прашање (читај повторно отварање на Уставот) кое ќе биде нов услов, од кој ќе зависи кога ќе се одржи првата меѓувладина конференција.3. Процесот на Стабилизација и асоцијација кој досега беше засебен, ќе стане составен дел од Преговарачката рамка со ЕУ и преку него ќе се вметнуваат нови барања и услови поврзани со Рамковната Декларација на Бугарија од 2019 година .Ковачевски, иако тврди дека не бил во тек со преговорите, овој текст го имал на увид уште пред неколку недели, но со министрите Бујар Османи и Маричиќ не успеале да го заштитат основниот принцип за кој се залагаа многу пријатели членки на ЕУ, и кој И одговара на Македонија, а тоа е билатералните договори да не стануваат дел од рамката за преговори“, напиша Милошоски.

Македонија | пред 3 години

milososki

Милошоски: Потребен е закон за Уставен суд и таквиот да биде поддржан од сите пратеници

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, во своето гостување во емисијата „Утрински брифинг“ говореше за тоа дека во Македонија е потребен закон за уставен суд и таквиот закон треба да биде поддржан од сите пратеници. Вели дека она што треба да биде принцип во постапката за избор на уставни судии, е секој кој што смета дека е истакнат правник да има право и сам да се пријави како кандидат и пријавите да не можат да се кријат.Милошоски како пример за криење, наведе дека во мај 2020 година стигнало писмо од извесна Антоанета Димовска со 25 години судски стаж до Собранието, до Комисијата за избори и именувања и пратениците, со напомена дека треба да стигне до сите пратеници, но таков документ пратениците не добиле.- Доколку биографијата ја добиеле пратениците од ВМРО, од СДСМ, од ДУИ, од независните пратеници, можеби некој ќе се заинтересирал и ќе дадел предлог. Но, очигледно е дека овде предлозите не се создаваат во Собрание, ниту пак биографиите кои толку многу сега ги величиме како да објаснуваат сѐ во животот на еден човек стручно или приватно – не се ценат. Нејзината биографија е фрлена во корпа, а е стигната, го имаме и архивското бројче и датумот кога е дојдена. Секој претседател на работно тело е должен, секој материјал кој ќе стигне до него, а не е личен, приватен материјал и се однесува на Собранието и пратениците мора да го сподели со пратениците. Ако вие како новинар нам ни понудите или имате некоја инвентивност за начинот државата да помогне во финансирањето на медиумите, јавни реклами, државни или јавно корисни реклами и тоа го доставите до претседател на работно тело, на комисија, тогаш комуникацијата не може да биде само меѓу вас како новинар и претседателот на Комисијата, тој е должен вашиот допис и предлог да го сподели со сите пратеници – кажа Милошоски.Милошоски додаде дека сите кандидати треба да добијат простор за нивно претставување и бидејќи има тројца кандидати кои се предложени од владејачкото мнозинство, а шестмина од опозицијата, веројатно ќе се оди со еден кандидат на власта, дискутирање за него и гласање, потоа двајца кандидати од опозицијата итн за да се заврши во еден догледен рок.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања