„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

МИТКО КОСТАДИНОВСКИ

media-libraryhqn0uhj1to1vflCog5T

Одобрението за хидроцентралата на Блатешница е истечено, секоја градба ќе се смета за бесправна, вели градоначалникот Костадиновски

Жителите на село Блатец во петокот искочија на протест на местото Скараница. Тие го блокираа регионалниот пат Виница – Берово, како револт против најавите за изградба на хидроцентрала на реката Блатешница. Тие сметаат дека овој проект претставува сериозна закана за природната средина, водоснабдувањето, локалната заедница и идните генерации. Според нив водоводниот систем на Блатец директно зависи од реката Блатешница, а изградбата на хидроцентрала би можела да ја намали количината на вода што пристигнува во водоводот.Денес на социјалните мрежи се огласи градоначалникот на Виница, Митко Костадиновски според кој инвеститорот е известен дека одобрението за градење на хидроцентралата престанало да важи од 13.08.2025 година и доколку превземе градежни дејствија, истите ќе се сметаат за бесправна градба и претставуваат кривично дело.„Во врска со протестите на жителите на село Блатец против изградба на хидроцентрала на река Блатешница сакам да Ве известам за следното.Известен е инвеститорот дека Одобрението за градење на хидроцентралата, согласно член 68 став 1 од Законот за градење престанало да важи од 13.08.2025 година и доколку превземе градежни дејствија, истите ќе се сметаат за бесправна градба и претставуваат кривично дело.Воедно за истото го известив и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини да има во предвид за понатамошно продолжување на договорот за концесија кој истекува наскоро“, вели Митко Костадиновски.„Изразуваме благодарност до Градоначалникот за преземените чекори и институционалната комуникација во интерес на граѓаните. Продолжуваме внимателно да ја следиме состојбата. Ќе реагираме на секој обид спротивен на интересот на граѓаните“, велат жителите на Блатец

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања