За авионите кои ќе се судреле над Скопје, контролори на летање велат: „Флајтрадар 24“ не е релевантен, не треба да се користи за извлекување на заклучоци
Откако беше објавено дека на 7 септември во 18:32 часот авиони на „Туркиш ерлајнс“ и „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото во близина на Меѓународниот аеродром во Скопје, по што и М-НАВ излезе со соопштение дека е отворена истрага за настанот, реагираше и Здружението на контролори на летање на Македонија.Оттаму велат дека за конкретниот настан е поднесена пријава за безбедносен настан од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор и дека таа е процесирана кај релевантните институции
Македонија | пред 1 година