„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

За авионите кои ќе се судреле над Скопје, контролори на летање велат: „Флајтрадар 24“ не е релевантен, не треба да се користи за извлекување на заклучоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
avioni-skopje-750x391-1

Откако беше објавено дека на 7 септември во 18:32 часот авиони на „Туркиш ерлајнс“ и „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото во близина на Меѓународниот аеродром во Скопје, по што и М-НАВ излезе со соопштение дека е отворена истрага за настанот, реагираше и Здружението на контролори на летање на Македонија.

— реклама —

Оттаму велат дека за конкретниот настан е поднесена пријава за безбедносен настан од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор и дека таа е процесирана кај релевантните институции кои пак постапуваат по пријавата согласно постоечки процедури.

„Напоменуваме дека Flightradar24 не е релевантна алатка за давање на точна позиција во реално време и како таква не треба да се користи за извлекување на заклучоци. Воспоставувањето на Култура на Праведност во воздухопловството резултираше со висок стандард за безбедност, со што воздухопловните незгоди и инциденти станаа исклучително ретки, но сепак не се целосно непостоечки и се случуваат кај нас, како и во Европа и светот. Прифаќањето на системски пристап при истражувањето, наместо индивидуално обвинување е клучно за зајакнувањето на безбедноста во воздухопловството“, велат од ЗКЛМ, пренесе „360 степени“

— реклама —

Здружението на контролори на летање на Македонија бара од медиумите кои извествуаат за настанот од 7 септември да се воздржат од паушални коментари се додека не се објават официјалните резултати од истрагата и побараа да се избегнува ширење на шпекулации на социјалните мрежи кои може да бидат погрешно интерпретирани.

За потсетување, според веб-страницата за следење летови „Флајтрадар 24“, како што објави СДК.мк, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром „Скопје“ на 7 септември во 18:32 часот.

Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина. Во овој случај, 30 секунди пред да се разминат, авионите биле на иста височина од 36.000 стапки, но потоа едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Среќата била на нивна страна, но ова е прилика да се прегледаат процедурите и безбедносните мерки.

https://twitter.com/GoranPavlovski2/status/1834193417905005043

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања