Во недела ќе се санира оградата на мостот „Близнак“, затворена ќе биде една сообраќајна лента
Во недела, на 11 октомври, на мостот „Близнак“ во Скопје ќе се изведуваат работи за санација на оштетената заштитна пешачка ограда, поради што привремено ќе биде затворена една сообраќајна лента.Екипа на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје ќе работи на булеварот „Киро Глигоров“, на потегот од крстосницата со улицата „Индустриска“ до крстосницата со булеварот „АСНОМ“, во насока кон населбата Аеродром. Активностите ќе се одвиваат од 6 до 8 часот наутро, а ќе опфатат замена и монтажа на оштетените делови
Скопје | пред 2 седмици