Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

мпц

DSC_0349

„Црквата си доби свој Преспански Договор“, порача Нов Асном

Нов Асном категорично се спротиставува на синодалниот акт за канонско и евхаристиско единство на ерархијата Охридска црква ( линк од актот) од страна на вселенската Патријашија.„Со овој акт, во членот 3, Македонсктата Православна Црква – Охридска Археипескопија самата се откажа од името Македонија и сите зборови кои произлегуваат од името Македонија. Со овој договор, црквата си доби свој, ‘Преспански Договор’, и се откажува од Македонштината.Во иднина, ако овој акт се усвои од страна на МПЦ-ОА, секоја официјална комуникација која црквата ќе ја има со било која друга црква, или на официјален документ, ќе се одвива со името Охридска Архиепископија. Никаде нема да фигурира Македонска или било кој збор македонски. Во официјална комуникација и документација со секоја црква во иднина зборот Македонска ќе биде избришан, нема да постои и ќе биден заменет со Охридска.Во овој контекст го прашуваме неговото блаженство Архиепископот Охридски И Македонски г.г. Стефан, кој ќе биде неговиот титулар во комуникација со Патријашијата? Дали ќе се вика Охридски и Македонски или само Охридски?Во време на национални држави и национални цркви, македонската нација ја изгуби државата Република Македонија а сега е на чекор да ја изгуби својата црква Македонска Православна Црква. Сите нации во наше опкружување имаат свои цркви и држави освен нашата. Кога Македонскиот идентит се спори од Европска Грција и Бугарија, неприфатливо е за Македонската нација да нема таков идентитетски бедем како што е Македонската Парвославна Црква. Ова е нов пораз за македонската нација, пораз кој македонските политички елити го прикажуваат како победа, само затоа што нашата црква ќе може да комуницира и биде признаена како Охридска без да се постигне афтокефалноста. Губитничката политика продолжува.Свежи се сеќавањата од потпишувањето од Преспанскиот договор кога на ист начин политичките елити се фалеа дека е одличен договор, а еве 4 години потоа, последиците се очигледни, за поголемиот дел од светот ние сме северномакедонци имаме северномакедонски премиер и претседател.Го замолуваме Синодот на МПЦ-ОА да ја преиспита својата штетна одлука со кој се брише Македонија и зборовите што произлегуваат од зборот Македонија од се што е црковно. Исто така апелираме до делегатите на Архиепископскиот црковен народен собор да го отфрлат актот на Вселенската Патријашија на следниот нивен собир и со тоа да се зачува Македонската Православна Црква – Охридска Арехипескопија, Јустијана Прима“, велат од „Нов Асном“.

Македонија | пред 3 години

Ilija-dimovski0

Димовски за афтокефалноста на МПЦ-ОА: Ова прашање има историска тежина и значење над било какви политички интереси

Експратеникот и висок пратиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски посочи дека признавањето на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија е прашање од највисок државен и национален интерес! Тој честиташе на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан за денешната одлука на Синодот на Вселенската Цариградска Патријаршија.„Значен прв чекор со кој нашата стара и света Охридска Архиепископија се враќа во светот на признатите и прифатените еднакви православни цркви во светот, овој пат под ваше водство, во лицето на Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија. Постоењето на Охридската архиепископија е една од историските вертикали кои низ римскиот, средновековниот и отоманскиот период ја цртаат, во прво време политичката, а потоа и културошката и јазичната, засебност на територијата на Македонија и на македонското населението кое живее тука. Во периоди, низ средниот век, кога со македонските територии владеат византиските, бугарските и српските кралеви и цареви, опстојувањето на Охридската архиепископија како засебна православна автокефална црква, одвоена од Цариградската, Трновската и Печката, уште повеќе ја засилува нашата посебност во однос на грчките, бугарските и српските верски, културни и јазични влијанија и претензии“, напиша Димовски.Според него, укинувањето на Охридската архиепископија е најстрашниот, најтрагичниот и најлошиот момент во целокупната наша историска патека.„Укината е засебноста, но и перспективата за во следниот век таквата засебност да ја развиеме, први или меѓу првите, во посебна етно-национална патека, а не бидувајќи предмет на туѓите (грчките, бугарските и српските) аспирации и асимилација. Укинувањето на Охридската архиепископија е врвот на трагедијата на Македонија, а Букурешкиот договор е само последица на тоа. Ако постоеше нашата Охридска архиепископија, немаше да се случи Букурешт 1913 година. Православните држави низ историјата се конституираат во рамките на границите на своите цркви. Постоење на призната црква значи гаранција за постоење или некогаш и потреба за воозобновување на држава. Оспорувањето на автокефалноста на МПЦ - Охридска архиепископија е оспорување на нашата засебност како народ. Живеењето во одвоеност од останатиот православен свет значи непризнавање на нашата засебност од нашите православни браќа. Тоа е факт, кој колку и да не боли, мора да го признаеме“, додаде Димовски.Тој додаде дека ова прашање има историска, вековна тежина и значењето е високо над било какви политички и партиски интереси.„Секоја патека која нашата МПЦ - ОА ќе ја доведе до автокефален статус заслужува поддршка од сите нас. Прифаќањето и признавањето на МПЦ - ОА ќе е темел кој нема да може да се руши, дури и во вакви историски времиња кога од сите страни се руши нашата засебност, идентитет и јазик. Македонскиот народ заслужува да биде рамен на сите православни народи, заради тоа што е еден од првите кои го прими христијанството. Така ќе бидеме посилни. Живееме во историски момент за нашата МПЦ - ОА и нашиот македонски народ, да бидеме мудри и паметни, како што не сме биле многу пати. Честито и со мудрост кон следните чекори и за нашата црква и за нашата татковина Македонија“, заклучи тој.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања