Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

мпц

uploads_thumbs_resize_800x420_533034

Бугарската црква ја призна МПЦ како Северномакедонска црква!

За разлика од Српската Православна Црква која како црква мајка го додели името Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, бугарската црква не признава под називот Православна Црква од Северна Македонија, објави верскиот портал Религија МК.Оваа одлука ја донел Синодот на БПЦ, откако ги разгледал писмата од Вселенската патријаршија за кревање на шизмата од МПЦ-ОА и од Српскиот патријарх Порфириј.Сепак, БПЦ смета дека за официјалното име на МПЦ-ОА, дополнително треба да разговара Синодот.-Денеска на свпето заседание, во полн состав, Светиот Синод ги разгледа писмата на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и Српскиот патријарх Порфириј во врска со каноничниот статус на Православната црква на Северна Македонија и по спроведеното гласање одлучи: Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија со благодарност кон Бога и духовна радост ги прифаќа решенијата за подигање на шизмата и влегува во канонско и евхаристичко општење со Православната црква на Северна Македонија. Прашањето за името на Православната црква на Северна Македонија треба да иде дополнително разгледано, стои во соопштението на БПЦ.Со ова практично Бугарската црква е четвртата црква во Православниот свет, која донесе одлука за сослжување со МПЦ-ОА, по Вселенската Патријаршија, Српската црква и Грчката (која ја поздарви одлуката).Кога ќе се случи првото официјално сослужување меѓи МПЦ-ОА и БПЦ, засега нема најава.

Македонија | пред 3 години

uploads_thumbs_resize_800x420_533034

Патријархот Порфириј денес ќе ѝ го врачи томосот на МПЦ-ОА

Во Соборниот храм во Белград се одржува света архиерејска литургија, на која служат српскиот патријарх Порфириј и архиепископот македонско-охридски Стефан со епископите на двете цркви.По оваа литургија, како што дознава Танјуг, Патријархот на СПЦ ќе му врачи томос на Архиепископот Стефан за признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква.

Македонија | пред 3 години

412889-patrijarhot-vartolomej-vo-poseta-na-jasenovac

Вартоломеј со изјава по признавањето на автокефалноста на МПЦ од СПЦ

Историски момент е што шизмата која траеше речиси шест децении, по иницијатива на Вселенската патријаршија, заврши, беше отстранета и влегуваме во нов период, рече вселенскиот патријарх Вартоломеј во синоќешното интервју за грчката телевизија ЕРТ и изрази задоволство од последните случувања во црковното прашање.Вартоломеј објасни дека уште пред одлуката на Вселенската патријаршијата постоел дијалог меѓу црквите на Северна Македонија и Србија.-Во изминатиот период, пред нашата одлука, беше започнат дијалог со црквата на Скопје, но нашата одлука ѝ олесни на црквата на Србија и во четвртокот на 19 мај, Неговото Блаженство патријархот Порфириј, поглаварот на СПЦ го покани поглаварот на Охридската црква и имаа заедничка литургија во Белград. Ова нè исполнува со задоволство. Тоа е историски момент. Една шизма што траеше околу шест децении, по иницијатива на Вселенската патријаршија, заврши, беше отстранета и влегуваме во нов период. Оваа заедничка литургија на 19 мај, Србија ја нарече литургија за помирување и драго ни е за овие случувања, вели вселенскиот Патријарх.

Македонија | пред 3 години

281273788_567064218117826_3433693418205555063_n

Пендаровски со Вучиќ: Признавањето на автокефалноста е чекор во вистинска насока

Македонскиот претседател Стево Пендаровски остварил средба со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. За ова информираше на социјалните мрежи. Двајцата претседатели се среќаваат откако СПЦ ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА.„Со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ на кратка средба во Давос заеднички ја поздравивме одлуката на СПЦ за прифаќање на автокефалноста на МПЦ - ОА, како чекор во вистинска насока“, информираше Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-05-24-at-11.34.45

На Духовден заедно ќе сослужуваме и во Фанар, во седиштето на Вселенската патријаршија, најави МПЦ-ОА

Веднаш по обзнанувањето на веста на патријархот Порфириј дека Српската црква ја прифаќа автокефалноста на МПЦ-ОА, свој говор одржа и г.г. Стефан, поглаварот на нашата црква.Има се заблагодари од името на архиереите, монаштвото и верниот народ на МПЦ-ОА.– Како да го разбереме ова денешно собрание, ако не со случувањата на воскресението. Црквата од секогаш била една и единствена, обединета од духот свет. Овој историски период кој сите ние го минуваме е празник за сите христијани во Македонија, без разлика на националното. Тие наши претци се радуваат заедно со нас. Верувам дека деновиве конечно се радосни сите што сакаа да ја видат возобновена Охридската Архиепископија.Еве, и во навечерието на ова торжество на љубовта, ни пристигна уште една радост – блага вест од Царицата на градовите – Константиновиот град: примено е нашето благодарствено писмо и нашата молба за сослужение е прифатена – па на роденденот на Црквата, на Педесетница, ќе сослужуваме во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар. Тогаш, Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј ќе ни го врачи актот за официјално прифаќање на нашата каноничност и за сослужување со сите Помесни православни цркви.

Македонија | пред 3 години

Mickoski-01.06

Мицкоски: Да чекориме обединето кон заштита на нашиот идентитет, честитки до МПЦ-ОА

„Голем ден за нашата света Македонска Православна Црква - Охридската Архиепископија“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Тој додава:„Нашата црква мора да е обединета, нашиот Синод, свештеството, исто како што мора да биде обединет и нашиот народ, и тогаш сите искушенија, бури и премрежја ќе бидат премостливи.Да продолжиме да чекориме обединето.Честитки за мудроста, обединетоста и достојноста на Синодот и неговото блаженство г.г. Стефан, за градењето на мостови, за бранењето на нашиот идентитет и вредности во кои веруваме, за премостените децениски и вековни јазови.После одлуката на Вселенската патријаршија, како и оваа денес, сведоци сме на историја важна за нашиот народ и нашата Македонија!Нека е за многу години!“.

Македонија | пред 3 години

pendarovski-1

Пендаровски за прифаќањето на автокефалноста на МПЦ - ОА: Ова ќе придонесе за исправање на историските неправди

Претседателот Стево Пендаровски, по повод донесената одлука од соборот на Српската православна црква за прифаќање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија ја упати следната порака:„Упатувам честитки до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан и до сите граѓани од православна вероисповед по повод едногласно донесената одлука од соборот на Српската православна црква за прифаќање на автокефалноста на МПЦ-ОА.Ова е радосна вест за сите граѓани на земјава од православна вероисповед, која следи по одлуката на Вселенската Патријаршија за прием на нашата Црква во канонско единство и во евхаристиско општење.Одлуката на Српската православна црква ќе придонесе за исправање на историските неправди и отвора можност за нов и необременет духовен раст на Охридската Архиепископија. Верувам дека целиот процес на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архепископија ќе заврши со скоро потпишување на Томосот од Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј, што ќе придонесе за исполнување на еден од нашите национални интереси и за напредок и помирување во македонското општество.“

Македонија | пред 3 години

IMG_1557

г.г. Стефан треперејќи: Еве сега имаме и кој да ни нацрпи вода, ова е празник за сите Христијани

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан се заблагодари на Српската православна црква и посочи: „Како да го разбереме ова денешно Собрание, ако не со настаните од воскресението. Имено, ова свештено Собрание каде во совршена заедница ни се нуди целиот и сам Христос, е и патот од Ерусалим до Емаус, е и горната одаја каде Христос преку Тома ни се нуди на сите нас, да се допреме до него и никогаш да не посакаме повторно да се оддалечиме или посомневаме колку е добар и совршен“.„Бог ни даде ден во кој дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната и очекуваната вест. Затоа уште еднаш ваша свестост, Вам и членовите на Архиерскиот собор, Ви благодариме. Стоејќи трепетно во овој момент, овој свештен собор, во мене, оѕвонуваат зборовите: „Целата си убава и дамка нема на тебе“. Ја гледам токму убавината на црквата и длабоко ги разбирам зборовите на Апостолот на народите кој вели дека Христос е глава на телото односно на црквата, а ние сме членови на неговото тело. Затоа од длабочината на душата воскликнувам фалејќи го Бога за неговиот дар, за црквата, па велам: „Постојано те величаме тебе Христе, кој неискажливо ги соедини небесното и земното и ја создаде единствената црква на ангелите и луѓето“. Еве нам и денес ни се нуди таа несовршена заедница, која е чиста и долгорочна, чија чистота со ништо не се осквернува и со ништо не може да се одземе. Која е од едниот до другиот крај на Вселената“, кажа г.г. Стефан.Тој посочи: „Овој историски период кој сите го минуваме е празник за сите Христијани во Македонија, без разлика на национално потекло, кои се внуци на оние кои сонуваа да ја видат обновена ОА, да ја видат афтокевална или се правнуци на сите оние кои некогаш живееле обединети под едниот омофор на охридскиот архепископ. Тие наши предци од небесната црква се радуваат заедно со нас, гледајќи ги нашата радост и нашето единство. Верувам дека деновиве конечно е радосен и Арсениј, последниот охридски архиепископ, а и архиепископот Доситеј и патријархот Герман и сите кои искрено сакаа да ја видат возобновена Охридската архепископија. Кога некој ја чита историјата на Охридската црква, се соочува со црква која не воспоставува граници, која ниту денес не ја користи самостојноста за да се изолира, туку да стане поблиска со другите, да биде тоа што се и другите, неоткинлив и суштински дел на една апостолска црква“.„55 години седевме и чекајќи во тремот и ненаоаѓајќи некој да се погрижи за нас. Потоа ни пристапи друг човек, нашиот собрат и денешен сослужител, неговата светост српскиот Патријарх Порфириј. И еве сега имаме и кој да ни нацрпи вода. Сега и сите ќе видат колку е нашата нива плодна и дека посеаното стигнало за жетва. Сега целосно ги гледаме сите убавини на рајот бидејќи имаме со кого да ги споделиме, не тагуваме веќе како Адама, туку се радуваме како апостолите, на денот на педесетницата, опиени од слаткиот пијалак на заедницата и братската љубов. Само вака подготвени, можеме со радост да го чекаме и денот на духот свети, бидејќи љубовта кога се споделува таа се преумножува. Ние православните исповедаме дека црквата е Соборна, затоа што не се ограничува од никакво место, народ, време туму во себе ги содоржи оние кои правилно и вистински веруваат во сите места, народи. Црквата не е федерација од помесни цркви туку од секогаш била една и единствена, обединета од духот свет, како единствено цело на целото човешство. Нејзина цел е да го обедини човекот во себеси и да го освети“, додаде Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-05-24-at-11.35.18

Српскиот Патријарх Порфириј: Се менуваат граници, единствена е црквата Христова која не се менува

„Се се менува во овој свет. Се менуваат границите, се менувале, сигурно и повторно ќе се менуваат. Црквата Христова е единствена моја не се менува. Таа столб и тврдина на вистината. Затоа Апостолот Павле како света должност ни остави нас, па вели: Ве молам браќа во име на Исус Христос меѓу вас да нема раздор, да бидете потврдени во ист збор и иста мисла. Браќа и сестри, пред некој ден во Белград служеме во св. Сава. Денес тука. И во Белград каде имаше повеќе илјади луѓе собрани, така и тука, видов радост, љубов, во очите на сите Вас. Видов и обврска, задача и порака до нас архирeите. А тоа е, дека вашата љубов, молитви, го надминаа искушението и овозможија Господ да направи чудо. Покажа дека не можеме едни без други, дека Христос е нашата мерка, дека неговите заповеди се закон во кои сакаме да живееме, дека тој е алфа и омега за нашето постоење. Пред се поради вашите молитви, на вас овде и тие во Белград и молитвите на сите, воспоставивме единство“ кажа Српскиот Патријарх Порфириј.По ова, Српскиот Патријарх посочи дека Соборот на МПЦ ја прифаќа и признава афтокефалноста на Македонската православна црква-Охридска Архепископија. Ова беше поздравено со громогласен аплауз.„Во исто време, Светиот Синод на нашата црква стави на должност на Синодот заедно во соработка со архепископот Стефан да разработат се, техничко-организациски детали, за потоа да следи свеченото прогласување на официјален акт. Потоа ќе биде известени сите православни цркви во својот канонски ред и поредок и повикани и тие да ја прифатат афтокефалноста на МПЦ-ОА. Ве молиме и вие да не примите во вашите молитви“, додаде Српскиот Патријарх Порфириј.

Македонија | пред 3 години

spc-patr

СПЦ ја призна автокефалноста на МПЦ ОА, аплаузи во Соборниот храм

Аплаузи во Соборниот храм Свтеи Климент Охридски, откако Српскиот Патријарх обзнани дека Соборот едногласно прифати автокефалност за МПЦ ОА.„Видов пред некој ден и сега радост и љубов во очите на сите вас. Гледам обвска и задача за нас архиереите а тоа е дека вашата љубов и молитви во Белград и овде го надминаа искушението ни да Бог направи чудо, да разбреме дека сме едно и дека не можеме едни без други. А сега ви носиме уште една вест. Собороот на СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ ОА каде Соборот благослоував прифаќа и признава автокефален статус“, изјави српскиот Патријарх.

Македонија | пред 3 години

01skoplje

Патријарх пристигна во Скопје

На покана на неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. Стефан, неговата светост Патријарх Србија г. Порфириј пристигна на 23 мај 2022 година во посета на Македонската православна црква - Охридската архиепископија.Неговата Светост српскиот патријарх г. Порфириј и свештенството, кое го сочинуваа: Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Црногорски и Приморски Јоаникије и Неговото Високопреосвештенство епископите Сремски Василиј, Бачки Иринеј, Зворничко-Тузлански Фотиј, Крушевачки Давид, Ремезиски Стефан Стефан и Јеротејо, избран во Митрополитот Преспанско-пелагониски г Петар, Неговото Високопреосвештенство епископот Хераклев г. Климент и Амбасадорката на Република Србија во Северна Македонија, г-ѓа Невена Јовановиќ пристигнаа во Скопје.Попладнето, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. Стефан ја прими Неговата Светост Српскиот Патријарх г. Порфириј со свештеничка придружба во неговата резиденција во Скопје. На средбата покрај споменатите архиепископи присуствуваше и Високопреосветениот митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Македонија | пред 3 години

Badnik-Stefan

Расколот болеше, сега раната е зацелена и се случи чудо, порача г.г. Стефан

Поглаварите на СПЦ и на МПЦ-ОА денеска во храмот „Свети Сава“ одржаа заедничката богослужба во присуство на владиците од двете цркви. Раната која более цели 55 години е излекувана порача Поглаварот на СПЦ патријархот Порфирије. Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан изрази надеж дека деновиве ќе биде и радосната вест за афтокефалност на МПЦ-ОА.– Имамвме раскол кој траше 55 години, таа рана беше длабока и болеше. Легнуваме и станувавме со мислата како таа рана да се зацели. Рана на телото христво не може да бие излечена само со нашата сила и волја. Раната е зацелана и тоа е чудо божје. Разбравме дека раната е направена со нашите постапки и затоа се обравиме до бога и до сите светци за да го направат она што нам не ни одеше од рака. И се случи чудо неочекувано. Браќа, нашата радост денеска е неизмерна. Сега сме едно. Одзивот на сите верници од Србија и од Македонија е доказ дека срцето ни чука во христовиот ритам“ – порача по литургијата поглаварот на српската црква партјархот Прфирије.Архиепискотот г.г. Стефан рече дека дошлов време да завршат страдањата на православниот македонски народ и на Охридската Архиепископија.

Македонија | пред 3 години

liturgija

Денеска сум порадосен отколку денот кога добив томос за автономија на ПОА, порача Вранишковски

Не знам кога радоста ми беше поголема – кога го примав томосот за автономија за Православната охридска архиепископија од раката на патријархот Павле или денеска кога се воспоставува целосно литургиско општење со сите архиереи на МПЦ-ОА. Ако треба да одбирам би дал предност на денешната радост бидејќи денеска се воспостави целосно евхаристичко единство со нашите браќа со кои не бевме.Вака рече Јован Вранишковски, поглавар на Православната охридска архиепископија (ПОА), во обраќањето на денешната заедничка литургија на СПЦ и МПЦ-ОА во храмот „Свети Сава“ во Белград.Тој повика да им се оддаде признание и почит на архиереите од МПЦ-ОА на чело со архиепископот Стефан кои, како што рече, ги издржаа неразумните и противцрковните притисоци на јавноста во РСМ.„Овој ден го создаде Господ за да се радуваме и веселиме во него. Единството на црквата не е дополнување на суштината на црквата, туку самата суштина на црквата. Не може да имаме две или повеќе цркви како што веруваат протестантите или две или повеќе литургии. Со денешната литургија се признаваат сите свети тајни и молитвословија кои се извршени во МПЦ-ОА за цело време додека таа не беше во единство со СПЦ, а преку неа и со сите православни цркви. Треба да се оддаде голема почит и признание на архиереите од МПЦ-ОА на чело со архиепископот Стефан кои ги издржаа неразумните и противцрковните притисоци на јавноста во РСМ“, рече Јован во обраќањето на српски јазик.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

“Добредојдовте драги браќа”: Со камбани СПЦ ја пречека делегацијата на МПЦ во Белград

Српскиот патријарх Порфириј, на својата фејсбук страница објави видео од пречекот нма македонската цркована делегација во Белград.Архиепископот Стефан прв го пречека Патријархот Порфириј со меѓусебни прегратки.Како што камбаните ѕвонат на Светосавскиот храм, така и напите срца чукаат од радост поради овој благословен ден. Добредојдовте драги браќа!. Добредојде брате Архиепископе Стефане и владици. Добредојдовте во заедницата на љубовта, вие и со вашиот благољубив народ. Браќа сме и само браќа, напиша српскиот патријарх.Во делегацијата на МПЦ се Архиепископот Стефан, Митрополитите Петар, Тимотеј, епсикопот Климент, Архимандритот Нектариј од манастирот Свети Наум, архимандритот Агатон од манастирот Свети Пантелејмон.

Македонија | пред 3 години

spc

Се надминува расколот, Српската црква треба да донесе историска одлука за Македонската црква

Соборот на СПЦ треба официјално да ја потврди одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј за признавање на автономната Охридска архиепископија наместо досега непризнатата Македонската Православна Црква (МПЦ), пишува српски „Курир“.Во текстот се вели и дека на почетокот на мај, архиепископот Стефан и српскиот патријарх практично го договориле овој чин, но Вартоломеј побрзал да го објави признавањето за како што стои во текстот да ги преземе заслугите.– Српската црква ќе го признае единството со сегашните расколници во Северна Македонија во рамките на Охридската архиепископија. Сакаше да го направи тоа сама, но беше спречена од вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој сакаше да прикаже дека оваа одлука за канонско признавање на свештенството на поранешната расколничка црква во Северна Македонија е донесена исклучиво благодарение на него. И точно е дека хиерархијата на СПЦ, на чело со патријархот Порфириј, била подготвена да договори црковна заедница со расколниците, за што директно и индиректно се зборувало во неколку наврати во претходниот период, па дури и на почетокот на мај, кога во Ниш се сретнаа – патријархот Порфириј иархиепископот Стефан придружувани од архиереите на двете цркви“ – цитира „Курир“ неименуван извор од СПЦ.Според информациите на медиумот по ваквата одлука архиепископот на ПОА, Јован, ќе се пензионира и поради тешката здравствена состојба, за што придонесе долгогодишниот прогон од страна на македонските власти, вклучително и повеќегодишните затворски казни, вели изворот на „Курир“.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања