Македонскиот претседател Стево Пендаровски остварил средба со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. За ова информираше на социјалните мрежи. Двајцата претседатели се среќаваат откако СПЦ ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА.
„Со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ на кратка средба во Давос заеднички ја поздравивме одлуката на СПЦ за прифаќање на автокефалноста на МПЦ - ОА, како чекор во вистинска насока“, информираше Пендаровски.