Промени тема
Контакт

Македонската црква со велигденска порака: Радост, вера и одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryd30g966jmt6d6RhvMh0

Со повик на радост, вера и духовна обнова, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот Стефан, ја упати традиционалната велигденска порака до верниците, истакнувајќи ја суштината на Воскресението како победа на животот над смртта и како темел на христијанската вера.

Во своето обраќање, архиепископот нагласува дека Велигден претставува централниот настан што ја потврдува смислата на верата и надежта за спасение, но и обврска за секој верник да ја споделува таа радост со другите.

„Еве, и оваа година милостивиот Бог нè удостои да го дочекаме Празникот над празниците – Велигден! Исполнети со веселие, коешто извира од серадосниот восклик „Христос воскресе!“, ја исповедаме целата суштина и смислата на нашата вера, која, како што вели апостолот, ќе беше празна ако Христос не воскреснеше“, се вели во велигденската порака.

Тој посочува дека воскресението не е дар само за верниците, туку порака за целото човештво, повикувајќи на заедништво, љубов и духовно сведоштво.

„Оваа победа на Животот над смртта… не ни се дарувани само нам… туку за целото човештво и за сиот свет“, се вели во пораката на архиепископот Стефан.

— реклама —

Архиепископот упатува и повик до верниците да живеат во духот на верата, почитувајќи ги христијанските вредности и примерот на Христос.

„Со Неговото доброволно вкусување на смртта… ни ја покажа Неговата неизмерна љубов… за да преминеме и да влеземе во бесконечната радост на воскресението и животот во идниот век“, се вели во пораката.

Во обраќањето се истакнува и значењето на традицијата и духовното наследство на македонскиот народ, кој, како што наведува архиепископот, низ историјата ја чувал верата и надежта.

— реклама —

„Нашиот богољубив народ отсекогаш живеел со воскресенската надеж… маките и неправдите од овој свет секогаш ги поднесувал утешувајќи се со споменот за Велигден“, се вели во пораката.

Воедно, се потсетува на значајни јубилеи од македонската црковна и национална историја, кои, според него, треба да бидат поттик за зачувување на духовните и историските вредности.

— реклама —

„Овие незаборавни настани… нека ни бидат поттик за да го чуваме споменот за нашите достојни претшественици“, се вели во пораката.

Пораката завршува со традиционалниот велигденски поздрав и повик за духовно единство.

„Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети… да објавиме на нашиот мајчин македонски јазик: Христос воскресна!“, се вели во велигденската порака на архиепископот Стефан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

mpc-1

МПЦ со божикно послание: Светлината Христова да ги преобрази нашите животи

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-libraryctm4ivduqu6geHxXNBP

Што треба да направите денеска: Се слави споменот на Свети Климент Охридски

Охрид | пред 9 месеци

media-library97i1pe6njod33ira958

Православните верници денес го празнуваат Свети апостол и евангелист Матеј

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryvronfgu727iqb6fmdbU

(Видео) Верници од утринава пред „Св. Елена и Константин“ во центарот на Скопје, денеска се осветува храмот

Скопје | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања