„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

МПЦ со божикно послание: Светлината Христова да ги преобрази нашите животи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

Македонија
mpc-1

Архиепископија упати силна духовна порака за смислата на празникот Божик како откровение на Божјата љубов и присуство меѓу луѓето. Во пораката се истакнува дека Христовото раѓање не е само историски настан, туку вечна вистина и повик човекот да живее во заедница со Бога.

— реклама —

„Кога човештвото и светот беа обвиени во гревовна темнина, Бог не остана далечен, туку слезе меѓу нас и ја порази темнината – не со сила, туку со љубов“, се наведува во посланието, во кое Божик се опишува како исполнување на Божјата волја и како дар на вечен живот за секој што верува.

Во текстот се потсетува дека радосната вест за Христовото раѓање најнапред ја објавиле ангелите, а потоа преку витлеемските пастири и мудреците од Исток целиот човечки род се поклонил на Богомладенецот. Според МПЦ, копнежот по Божјото присуство е длабоко вкоренет во секоја човечка душа, а токму на Божик тој копнеж се исполнува, зашто Бог станал човек за да го спаси и преобрази човекот.

— реклама —

Во посланието се нагласува дека Христовото воплотување ја осветило човечката природа и го отворило патот кон вечниот живот. „Небесното слезе на земјата, а вечноста влезе во времето“, порачуваат архиереите, додавајќи дека благодатното Божјо присуство ја придружува Црквата во сите времиња, а особено во деновите на овој светол празник.

Архиерејскиот синод упатува повик верниците да го примат Христа во своите срца, да се откажат од лошите навики и да живеат преобразен живот, достоен за името Христово. Воедно, Божик се поставува како природен момент за духовно преиспитување – да се погледне наназад кон изминатото и напред кон иднината, со решителност за поправка на слабостите и за правење добро.

Во пораката се укажува дека светот е исполнет со неправди и беззаконие, но верниците не треба да се сообразуваат со тие појави, туку својот живот да го усогласат со Христовите заповеди. Се истакнува дека и малите добри дела имаат голема вредност, бидејќи Господ го довршува секое искрено добронамерно дело.

Со молитвени благопожелби, Стефан, архиепископ охридски и македонски, заедно со членовите на Светиот архијерејски синод, им ги честита божикните и новогодишните празници на сите верници во татковината и во дијаспората, упатувајќи го традиционалниот поздрав:

Христос се роди!

Честито и од Бога благословено новото лето Господово.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryctm4ivduqu6geHxXNBP

Што треба да направите денеска: Се слави споменот на Свети Климент Охридски

Охрид | пред 1 месец

media-library97i1pe6njod33ira958

Православните верници денес го празнуваат Свети апостол и евангелист Матеј

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvronfgu727iqb6fmdbU

(Видео) Верници од утринава пред „Св. Елена и Константин“ во центарот на Скопје, денеска се осветува храмот

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryajje3peb7blp9ifwCUZ

Први фотографии: Осветувањето на храмот „Св. цар Константин и царица Елена“ во Скопје ќе биде во недела

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања