Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

МВР

GP-Bogorodica

Турчин уапсен на „Богородица“, бил баран од Интерпол

Вчера во 13.00 часот на Граничниот премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Б.(60) од Република Турција, со престој во Скопје, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека бил баран од Интерпол Република Турција.Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

soobrakajna-nesreka

Маж од Ресен со „мерцедес“ излета од пат, со тешки повреди пренесен во болница

Вчера во 14.00 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен–Битола, на место викано „Макази“, патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.С.(38) од Ресен излетало од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Ресен.

Македонија | пред 1 година

pukanje-1

Детали од МВР за пукањето во Чаир: должничко-доверителски односи се причината

Денеска (14.10.2024) околу 18.10 часот од ГОБ „Св.Н. Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека во болницата бил донесен повреден Е.А. (35) од Скопје, со прострелна рана во ногата.“Повредениот бил донесен од страна на неговиот брат, кој појаснил дека додека Е.А. се движел пеш по ул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје му се приближило едно лице кое му пукало во ногата, најверојатно поради должничко-доверителни односи”, велат од МВР.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

42528638_2159192220965800_8350112581788106752_n

Прегазен пешак во Скопје, возачот избегал од местото на несреќата

На 12.10.2024 во 15.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот Ј.Ф.(53) од село Горно Коњари, скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Пронајдени две неексплодирани кашикари во тетовско, бомбите биле покриени со лисја и земја

Вчера во 13.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во шумскиот предел во атарот на с.Ѓермо, тетовско, И.И.(38) од с.Ѓермо пронашол две неексплодирани рачни бомби – кашикари, покриени со лисја и земја.Полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид, а по наредба на јавен обвинител бомбите биле подигнати од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-14-123303

Во автобус од Турција пронајдени 30 штеки цигари, известена е екипа на Мобилна царина

Денеска во близина на Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграциии запреле и извршиле контрола на автобус „ман“ со турски национални ознаки, сопственост на правно лице од Република Турција, а управуван од турски државјанин.По контрола над багажот на патниците во автобусот, кај лицето К.Г.(49) од Република Турција биле пронајдени 30 штеки цигари. Бидејќи станува збор за царински прекршок, известена е екипа на Мобилна царина

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-59-2780PM

Уапсени двајца малолетници на Бит Пазар, кај нив биле пронајдени околу 50 куршуми и нож

Вчера во 12.00 и во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле двајца малолетници од Скопје затоа што кај нив биле пронајдени и одземени околу 50 куршуми калибар 9 мм и нож.По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 1 година

2-1-2

Тешко повреден возач на тротинет од Скопје, удрил во пешак

На 12.10.2024 во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пешачка патека на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, електричен тротинет, управуван од С.К.(53) од Скопје, удрил во пешак.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

IMG_6296

Девет уапсени низ Скопје: Полицијата тресеше од Гази Баба до Ѓорче

Денеска (13.10.2024) во 04.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(20) од село Трубарево, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.Денеска (13.10.2024) во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.П.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуа

Скопје | пред 1 година

DSC_0288

Загина велосипедист во Гостивар, бил прегазен од камион

На 12.10.2024 во 16.55 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, товарно возило „ман“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.И.(35) од Гостивар, удрило во велосипед „конект“ управуван од С.И.(71) од Гостивар.Од здобиените повреди на местото починал возачот на велосипедот С.И., а лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт.Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.

Македонија | пред 1 година

261841615_1886698118206195_1276732134771307123_n

Малолетник со тешки повреди е во болница: несреќа во Скопје

На 12.10.2024 во 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Алија Авдовиќ“ и ул.„9“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(52) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Раштак, скопско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.За настанот бил известен јаве

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_13-10-2024_09-21-14-6200AM

(Фото) Сообраќајка во Аеродром: двајца возачи однесени во болница

Сообраќајка се случи ноќеска на раскрсницата кај кулите „Џеваир“ во Аеродром. Се судрија два автомобили, а возачите биле однесени во болница, бидејќи се жалеле на повреди.Според првичните информации, тие немале тешки повреди и скршеници, по што, по прегледите биле пуштени на домашно лекување. Делови од автомобилите беа разлетани на булеварот.На местото била повикана и полиција која направила увид. Деталите се очекуваат од МВР.

Скопје | пред 1 година

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

Тешка несреќа на патот Штип-Кочани: Седум повредени меѓу кои дете, двајца потешко - сите во болница

На 11.10.2024 околу 06.50 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани, атар на Кочани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „ивеко“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од О.М.(49) од Штип и возило комбе „фолксваген“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.С.(57) од Штип.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Л.П.(63) и Д.П.(40), двајцата од Штип, сопатници во комбето, додека со телесни повреди се здобиле возачот З.С. и сопатниците

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-50-2020PM

Малолетничка прегазена, возачот избегал: жртвата однесена во болница во Штип со тешки повреди

На 11.10.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш, патничко возило „фолксваген пасат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ѓ.(37) од Радовиш, удрило во малолетен пешак, по што го напуштило местото.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медициски центар Штип. По преземени мерки и активности, возачот бил пронајден на 12.10.2024 и со него бил извршен службен разговор.У

Македонија | пред 1 година

2-7

Тошковски: Отворивме нова канцеларија на управни служби на МВР во Сарај, ги доближуваме услугите поблиску до граѓаните

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во рамки на посетата на Полициското одделение во Сарај ја отвори новата канцеларија на управните служби на МВР, која ќе овозможи побрз пристап на граѓаните од овој дел на Скопје до услугите на МВР.Министерот Тошковски истакна дека отворањето на канцеларијата, трета по ред за краток период, како дел од низа други кои ќе бидат отворени е со цел граѓаните да имаат побрз пристап до документите и услугите кои им се потребни.„Денеска сме во рамки

Македонија | пред 1 година

DSC_0718

Три апсења во еден час: Скопјани со лисици, полицијата беше во Гази Баба, Аеродром, Карпош

Денеска (11.10.2024) во 01.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.Денеска (11.10.2024) во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.Д

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-07-at-19.38.59

МВР: Увидот во опожарената зграда ќе трае додека не се соберат сите докази

Откако од страна на СВР Скопје беа извршени сите подготовки и беше обезбеден влез во објектот, Основното јавно обвинителство Скопје и полициски екипи ги започнаа увидните дејствија во зградата на улицата "Прохор Пчињски" во Чаир каде на 2 октомври избувна пожар во подрумските простории.„Пристапот до објектот се врши строго контролирано и најпрвин во присуство на станарите се врши попис на предмети и штетата на станбените единици.Подрумските простории, од каде според првичните информации започнал

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-51-2600PM

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 12.10.2024 (сабота) во периодот од 06.00 до 18.00 часот, поради снимање на филм на мостот Беласица, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај.Имено сообраќајот на ул.„Беласица“ (мост Беласица) периодично ќе се затвора на потегот од крстосница со ул.„Ѓуро Ѓоновиќ“ до крстосница со бул.„Гоце Делчев“ во Скопје и ќе се пренасочува по околните сообраќајници.СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наре

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Се трага по 17-годишно момче од Скопје

На 09.10.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил штитеникот Р.Џ.М.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-37-8710PM

Тинејџер кренал рака на мајка му, ја мавал и со предмети: семејна драма во Скопје

Денеска (10.10.2024) во 07.30 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.В.(18) од Скопје затоа што на 09.10.2024 околу 19.30 часот во семејниот дом физички ја нападнал својата 42-годишна мајка, при што употребил и тврд предмет.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

biloski-lekovi

Им дал алкохол на тинејџери, па потоа таблети „за подобро расположение“, обвинение против скопјанец

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 40-годишен скопјанец за Тешки дела против здравјето на луѓето по член 217 став 1 во врска со член 212 став 1, како и четири кривични дела – Излагање на опасност согласно член 134 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 11 и 12 јули годинава, во неговиот дом во Козле, ставил во промет лекови што се штетни за здравјето и им дал да ги употребуваат на четири деца родени 2006, 2

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-10-133601

(Видео) Тошковски го пофали Дачиќ дека има долга кариера, тој му врати: Само што започнав бре!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Куманово денеска ja делегација од Република Србија предводена од вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Тие зборуваа за меѓуграничните проблеми на двете држави и нивното решавање. Истовремено, во еден момент, Тошковски го пофали Дачиќ, на што српскиот министер возврати: Само што започнав бре!На средбата било разговарано за соработката на двете полиции која беше оценета како одлична. Најавено е продлабочување со оперативни сораб

Македонија | пред 1 година

motor

Тешко повреден маж од виничко, управувајќи мопед изгубил контрола и паднал

Вчера во 11.00 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Лески, виничко, Л.С.(55) од истото село, управувајќи мопед со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-55-5960PM

Три лица пријавиле каснување од куче скитник вчера во Скопје

На 09.10.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Гази Баба, С.К.(58) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје била касната од куче скитник.На 09.10.2024 во 09.00 часот во Полициската станица Центар, С.Т.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Полежиновски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.На 09.10.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Чаир, Н.А.(47) од село Визбегово, скопско, пријавил дека на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје бил каснат од куче скитни

Македонија | пред 1 година

EVZONI-1

Уапсен Србин, илегално ја поминал границата од Грција кон Македонија

Вчера во 20.45 часот во близина на граничната линија со Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го привеле М.Н.(36) од Република Србија затоа што илегално ја поминал границата од Грција кон РСМ.Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања